Vedrana13 во 19:37
на тема RE: Вештачко оплодување VIII дел
Љубов, бескрајна љубов помеѓу нас двајца. А сакавме да бидеме тројца, па дури и четворица. Сакавме да бидеме едно мало, среќно семејство...
Но не се случи, ги немаше долгопосакуваните две цртички ниту првиот месец, ниту првата година.
Ги нема ни на последната годишнина од нашиот заеднички живот.
Со секој месец, со секој направен негативен тест многу солзи, многу разочарувања, многу изгубени надежи. А посакуваме, толку силно посакуваме колку што е силна и нашата љубов сиве овие 10 години...Малечки прстиња кои не милуваат, најубави гласчиња кои не довикуваат. Најубави имиња кои ги измислуваме...
Домот е празен, се чувствува дека нешто недостaсува, дека е време да се случи најголемата радост за двајца кои безмерно се сакаат.
Имаме толку многу топлина, грижа и љубов да подариме.
Сакаме да бидеме мама и тато!
Сакаме да се будиме навечер со мисла дали нашето малечко е нахрането, преслечено, наспано. Сакаме да се шетаме низ паркот гушнати а бебешката количка да одзвонува со приспивната песничка. Сонуваме за тој ден кога на сите ќе може да им соопштиме дека во мешето ќе имаме наше бебенце, наше мало сонценце. Мечтаеме за тој ден веќе со години...
Болката е се поголема, надежта се буди и се гасне во нас. Смислата на животот се губи при помислата дека нешто толку посакувано можеби никогаш нема да се случи.
Зарем толку многу бараме, зарем ние тоа не го заслужуваме?
И повторно ќе се јави мајчинскиот инстикт, ќе ме прекори и ќе ги растера овие мрачни мисли. Ќе ме предупреди дека борбата продолжува, дека утре е нов ден и дека можеби токму тој ден за прв пат ќе ги здогледаме нашите две сини или розеви цртички...
Рингераја и посакува што поскоро забременување на Babyhope!

Да бидеш автор е лесно! Автор може да биде секој! Секој кој чувствува, секој кој љуби, секој кој тагува, секој кој безмерно се радува... Прочитај како и ти да станеш автор во текстот Станете автор на Рингераја |
7
6
6
5
забава Бремените
Автор: bobik
Улогата на блиските во финалната фаза од бременоста
Последните денови од бременоста се период исполнет со возбуда, исчекув...
Кофеин во други пијалоци и храна, колку е безбедно?
Кога се зборува за кофеин, најчесто се мисли на кафе, но тој се наоѓа ...
Двојна метода за следење на овулација
Кога се планира бременост, најважно е точно да се одредат плодните ден...
Што да избегнувате при избивање заби кај бебе?
Избивањето на забите е нормална, но често непријатна фаза кај бебињата...
Што би сакал/а да знаев пред да станам родител?
Родителството често изгледа како нешто што инстинктивно ќе се случи, н...