namesp во 10:11
За Милица, која ја запознав во породилната сала...
Редакција Рингераја, 13.10.2015
Бабицата ми приоѓа и ми вели: Докторке, жената е отворена шест сантиметри. Терминот на породување е следниот месец, а бебето е баш мало.
- Како се викаш, прашувам и приоѓам едвај чујно.
- Милица, вели едвај чујно.
- Од каде си? продолжувам со прашањата.
- Одавде, вели, тука се омажив.
- Добро Милице, зошто си толку слаба? Дали воопшто јадеш?, прашувам.
- Да, одговара кратко. Добро јадам. Знаете докторке, мојот маж работи и заработува, не пие. Добар е. Секој ден имаме леб и нешто ќе зготвиме. Убаво живеам, не се жалам, раскажува.
Јас почнувам да се смрзнувам...Сфаќам дека е искрена. Дека навистина е така. Таа навистина јаде само еднаш во денот и мисли дека тоа е во ред.
- Милицем имаш ли роднини, брат, сестра, прашувам.
- Имам само сестра докторке, таа е во друго семејство. Знаете, мама почина, тато работи по цел ден и не знаеше што со мене. А бев вредна, чистев, готвев. Одев на пазар и го собирав зеленчукот кој го фрлаа. А фрлаат добра храна. Ми вели тато мене – Милице, ти најдов маж. И го донесе. Оди дете со него, ќе ти биде подобро отколку овде. И така се омажив, вели.
- И, дали е убав маж ти, се обидувам да ја насмеам.
- Добар е, проговори и продолжи да молчи. Само гримасите на лицето покажуваат дека има болки. Младата жена која ја прифаќа реалноста, па колку и да е тешка, која не знае за подобро, мртва во својата немоќ да промени било што.
Бабицата ми ја носи нејзината анализа на крв. Фрлам поглед на хартијата и ме стегнува срцето. Тешка анемија, хипопротеинемија.
- Знаете, продолжува, девојче е. Ќе ја крстам Анѓела. Имам за неа облека. Се исправ и наредив, знаете сите алишта се како нови. И пелени, имам и пелени. Туку, не лутете се, мислам дека ќе се напнам.
- Напни се Милице, велам и ја гледам бабицата. Сите молчиме. Немаме зборови, а одвнатре не стега, не боли.
- Ајде Милице, најсилно што можеш, напни се.
Милица слуша, а нејзиното слабо тело ја дава сета сила. И се породи. Бебето е слабо, но убаво, плаче и има црни очи.
- Душо, мама те дочека. Душо моја, дајте ми ја да ја бакнам.
Ја зема, ја прегрнува и ја бакнува. Плаче од среќа.
- Душо, ти мене си ми се. Колку е тешка докторке?, прашува.
- Еве само малку, Милице, ќе го измериме бебето. Тешко е 2200 грама. Родено во термин, бебето на гладната Милица.
- Убава е докторке, навистина е убава.
- Да Милице, преубава е.
Ја пратив бабицата да ги донесе нејзините работи. бабицата го врти погледот. Оди и носи обично најлонско кесе, а во него една спавача, едно пакетче влошки и сапун.
- Милице, дали си гладна, жедна?
- Не сум. Ќе јадам подоцна. Не грижете се, не ми треба мене многу. И за прв пат Милица се смее.
Излегувам од породилната сала. Ме чека низок човек.
- Јас сум сопругот на Милица. Дали е Милица добро?
- Да, велам и го гледам. Износена маица, но чиста, голема тренерка и искинати патики. Рацете груби и раскрвавени. Таткото е среќен.
- Ве молам, дајте и го ова на Милица, ми дава мала кутија со кекси и сок. Нека јаде, треба да дои, а јас ќе дојдам утре. Ми тргна работата, одам да работам.
Одам полна со тага. ООва е нашата реалност, насекаде околу нас.
На утринската визита доаѓам до неа. Ми се насмевнува. Мириса на сапун, на измиена коса и носи испрана спавача. Чиста е.
Сфаќа што значи мојот поглед. Ме гледа во очи и вели.
- Ја измив косата и ја исушив, топло е овде. Видете, покажува на наткасната до креветот. Сокови, наполитанки, чоколадо. Ми дадоа, не зедов ништо сама. Ми велат, јади Милице, ние сме дебели, ти си слаба.
Местам вештачка насмевка и гледам околу себе...Овие прекрасни жени почувствувале потреба да и помогнат и и донесле од влошки до храна, а притоа во ниеден момент не ја навредиле.
Доаѓа денот за отпуштање од болница. Доаѓа и Милица да се заблагодари...
- Ви благодарам за работите за бебето. Не требаше...
- Ако Милице, уживај, не е тоа ништо.
- Фала, фала...
А тој ги чека. И ја бакнува косата на Милица и и дава една ружа. Така треба. Го зема детето во раце и ја гали прекривката.
Ги гледам и си мислам...Колку е навистина потребно за да бидеш среќен? Навистина не знам...
Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:
Снимката на еден пар од породилна сала стана вирална. Сопругот во еден момент фрли поглед "таму долу" и направи гадлив...

Дали вашето дете ќе биде момче или девојче? Овој древен кинески календар го предвидува полот на вашето дете према добата...
