|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Споредба: Животот пред и после децата

Jen Simon, 1.5.2021
Поговорката вели дека се' се менува кога ќе станете родител! Секако, сум го чула тоа но не сфаќав дека ќе се смени баш се. Се! Од мојата коса, до облеката, од тоа како избирам стан, како го уредувам, како јадам и како одам во бањата...

image
/11


Целиот мој живот со деца е различен од мојот живот пред да имам деца.  Во суштина мојот живот може да се подели на два периоди ПР.Д и ПО.Д (пред децата и после децата).

Пред децата одењето во бањата беше самотна активност.  Се разбира дека беше – зошто да не биде? По децата одењето во бањата личи на работен состанок со кворум. Не се гордеам со тоа, но се гордеам што сега сум експерт со седење на WC шолја, со мало дете во раце кое плаче за внимание, а јас го анимирам.

Пред децата 3 беше оптимален број за пијалоци. Се разбира дека беше, зошто да не биде? После децата, на ретките излегувања, можам да испијам само еден пијалок. Еден. Ако испијам повеќе морам да станувам во WC милион пати во текот на ноќта и да имам мамурлак како по 10 испиени пијалоци.

Пред децата појадокот не започнуваше пред 11 часот. После децата ручекот е во 11 часот.

Пред децата не се грижев затоа што не сум спиела воопшто во текот на неделата. После се, нели викендите служат за тоа? После децата, хахаха! Што? Викенд?? Стануваме во исто време (прерано) како и во другите денови со таа разлика што е многу понапорно, бидејќи децата не одат на училиште.

 

1

 

Пред децата избиравме ресторани врз основа на тоа што сакаме да јадеме. Сега имаме многу барања. Да има мени за деца, да има место за седење за децата, простор за играње и да отвора во 6:00 часот наутро.

Пред децата јадев кога бев гладна. Храната која ќе ја стоплев остануваше топла и кога ја јадев. Секое залаче беше перфектно конструирано од тоа што сакав и кога сакав. После децата бутам храна во устата кога ќе има можност за тоа.  Ќе го нахранам прво својот постар син и ако бебето ми дозволи да не го држам в раце, во тие неколку минути ќе јадам тоа што прво ќе видам пред очи.

Пред  децата романтично ми беше кога ќе добијам долна облека, шише вино и вкусна вечера. После децата најромантично ми е кога сопругот ќе ги измие садовите.

Пред децата родендените беа изговор за да се испијаниме со пријателите и да си поминеме најубаво на светот. После децата роденденските забави се исто така изговор за да се видам со пријателите – родителите на другарите на мојот син...Едвај чекам да дојде некој роденден, тоа ми е единствениот начин на социјализација.

Пред децата, освен на една студентска забава, моите гради беа ретко изложени во јавност. По децата гради насекаде! Знам како изгледаат градите на сите мои пријателки. И моите се на тацна. Да, јас се покривам, но градите се толку десексуализирани, што нема потреба.

Пред децата, не ја напуштав куќата пред 21 часот. Сега во тоа време сум во кревет.

Пред децата ја фарбав косата за да променам боја. Сега ја фарбам за да ги покрјам белите влакна.

Пред  децата му кажував на мојот фризер да направи „нешто слатко„ со мојата коса. Сега му велам  да ја остави доволно долга за да можам да ја носат во реп.

Пред децата имав три големини на облека, тесна, нормална и широка. По децата повторно имам три големини на облека, мојата поранешна облека, трудничка облека и стеснета трудничка облека.

Пред децата избирав да живеам во близина на кафетерии и ресторани. По децата избрав да живеам во училишна област.

Пред децата, ако комшиите правеа забава доцна навечер, одев и јас. По децата ако комшиите прават забава доцна навечер, им викам полиција.

Пред децата не беше забавно да се биде болен. Но беше релаксирачки. Добивав  ден од работа, пиев сок од портокал, јадев супа, гледав ТВ и играв игри online. По децата кивам, кашлам и имам треска, додека се грижам за нив.

Но...

Пред децата не знаев да сакам! По децата ја научив вистинската смисла на љубовта и предаденоста на тие мали, слатки битија за кои постојам.


Промоциска објава

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Период: Тато го сакам повеќе од мама?!
Заеднички феномен кај малите деца е да минуваат низ фаза, ориентирана кон татковците. Оваа фаза се случува обично околу ...
5
Крвна слика кај децата и нејзино значење
Од наодите на крвната слика можеме да видиме присуство на анемија, инфекција (бактериска или вирусна), алергија, паразит...
4
Игри за поттик на интелегенцијата кај децата
Општо познато е дека периодот од раѓањето до седмата година е период на најинтензивен раст и развој на детето, како во ф...
3
Срамежливо дете и вистинскиот пристап кон ...
Кога на јавни места детето се држи за родителот и одбива секаков контакт со кого и да било, тоа дефинитивно треба да пре...
3




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?