vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Нè одржуваат енергични и заситуваат. Смутијата можат да бидат добра замена на еден или два оброци или на малите ужинки помеѓу нив. Денес споделуваме еден рецепт за здрав пијалок кој може да помогне за намалување на вишокот килограми.
За да ги постигнете посакуваните ефекти добро е да вежбате и да си изградите здрав режим на исхрана.
За да си приготвите смутија ќе ви требаат:
1 страк целер
1 средно голема краставица
неколку листови магдонос
3 парчиња свеж ананас
Сето сомелете го во блендер до добивање на хомогена смеса. По желба може да додадете и малку вода, но не додавајте дополнително шеќер или мед.
Пијалакот треба да се консумира до 15 минути откако е подготвена за да не изгубат своите корисни квалитети. Земајте ја наутро на празен стомак, како и во попладневните часови, кога ќе почувствувате глад.
Која е тајната и ефективноста на ананасовото смути ? Тајната на овој пијалок е во состојките кои се содржат во него.
Целер – многу нискокалоричен, во 100 грама од него се содржат само 16 калории. Од друга страна зеленчукот е богат со диетални влакна кои создаваат чувство на ситост и така помагаат за елиминација на вишокот килограми.
Како целерот, така и краставицата содржи многу вода, малку калории и е препорачан зеленчук при почитувањето на диететски режими на исхрана. Таа спаѓа во групата на т.н. диуретски зеленчук, кој помага за елиминација на вишокот течности од организмот.
Магдоносот содржи големо количество влакна – 3,3 грама на 100 г производ, многу витамини и е исто така одличен диуретик.
Во 100 г свеж ананас се содржат 1 г нерастворливи влакна. Ананасот е сметан за еден од најдобрите плодови кои го согоруваат вишокот на масти, а и кој ни помага да бидеме поенергични.
Ако се храните мудро, спортувате и го пиете овој пијалок секој ден, уште на втората недела ќе забележите позитивни резултати во својата фигура.
3
2
2
2
забава Бремените
Автор: bobik
Четирите фази на менструалниот циклус
Менструалниот циклус е природен процес во женското тело, кој секој мес...
Кои се најчестите аномалии на матката?
Матката е важен орган на женскиот репродуктивен систем, во кој се разв...
Каде да побарате стручни совети пред зачнување?
Одлуката да станете родители е важен чекор, а подготовката за бременос...
Планирате бременост? Погледнете ја семејната историја
Планирањето бременост не подразбира само подготовка на телото, туку и ...
Како да препознаете бременост без тест?
Дали постојано сте уморни, чувствувате мачнина или забележувате промен...