Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Освен што веднаш Ве асоцира на слатка закуска во летните горештини, смоквата заслужува внимание со оглед на значајната нутритивна и лековита вредност која ја поседува.
Смоквата (Ficus carica) од фамилијата Дудинки (Moraceae) потекнува од Азија, а денес на големи плантажи се одгледува во земјите на медитеранскиот појас. Нејзината вредност како храна и лек им била позната на старите Грци кои ја сметале за „свето овошје“ и со закон било забрането нејзиното изнесување надвор од земјата.
Денес постојат преку 500 различни видови смокви, кои поради специфичниот вкус им се омилени на сите генерации. Може да се јадат свежи, суви, но и преработени како мармалад, слатко, компот. Замрзнати може да се чуваат до 6 месеци
Свежиот плод содржи до 80% вода, 15% овошен шеќер, пектин и органски киселини.
Од минералите во 100 г смокви доминира калиум (270 мг), потоа калциум (42 мг ), магнезиум (17 мг), железо (0,370 мг), фосфор (17 мг), цинк (0,3 мг) и бакар (0,5 мг).
Бета каротенот (провитамин А) е најзастапен од витамините, како и групата на Б витамини (Б1, Б2, Б3, Б6). Витаминот Ц го има многу малку, само 3 мг.
Сушената смоква содржи до 50% инвертен шеќер (нема сахароза), потоа органски киселини, 5% пектин, малку масни и протеински материи и околу 20% вода.
Во сувиот плод има 3-4 пати повеќе калциум, фосфор и магнезиум, а единствена разлика во содржината на витамините е што витаминот Ц во процесот на сушење се губи целосно.
• антиоксидантното дејство на витамините го зајакнува имунолошкиот систем;
• присуството на полифеноли во смоквите влијае на успорувањето на појавата на рак;
• помага кај воспаленија на горните дишни патишта, дејствувајќи како експекторанс
• ја помага и стимулира работата на цревата, го регулира нивото на шеќери и холестерол;
• ја стимулира работата на мозокот и концентрацијата, го подобрува расположението како резултат на дејството на магнезимот, калиумот, глукозата и триптофанот;
• го регулира клеточниот метаболизам поради богатата содржина на калиум.
Поради сите претходно наведени факти за смоквата, истата треба да биде присутна во тек на целата година во исхраната, а нестрпливо ќе го очекуваме летото да уживаме во свежите смокви.
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
забава Бремените
Автор: bobik
Водич по возрасти за лажењето кај децата
Сите деца понекогаш лажат и тоа е дел од растењето. ...
Штитната жлезда и женското здравје
Штитната жлезда можеби е мала по големина, сместена во предниот дел на...
Историја и потекло на јаболкото
Јаболкото, скромно, сочно и широко достапно има подлабока историја. Не...
Најдобрите намирници за подобрување на плодноста
Кога зборуваме за плодност, често прво помислуваме на хормони и медици...
Запушениот нос кај бебе може да изгледа како мала непријатност, но за ...
Независност.
Admin
Дали вашите деца се донекаде независни или сè уште ги храните и ги успивате? Мислам на деца од 2,5 години и нагоре.