Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Работите кои им се допаѓаат на бебињата некогаш ни изгледаат чудни, но всушност тие ги задоволуваат нивните потреби и им помагаат да комуницираат со светот кој ги опкружува. Следните работи се едни од најпријатните за малото бебе.
Да чувствува безбедност
“Кога ќе се разбудам само треба малку да се расплачам и мама веднаш ќе дотрча”
Во првите месеци од својот живот бебињата се учат да веруваат. Сигурноста им расте секој пат кога мама и тато ќе ги задоволат потребите на бебето. На овој начин бебето почнува да верува во своите родители и знае дека секогаш ќе бидат со него, кога тоа ќе има потреба од нив. Со оваа длабока поврзаност, детето е подготвено за понатамошен развој и посигурно во запознавањето со светот.
Слободно да се движи
“На тоа мекичко душече можам да се протегнувам и превртувам колку што сакам”
За бебињата е големо задоволство да можат да претаат со ножињата и слободно да се движат без тесната облека, или повој. На овој начин тие ја тренираат мускулатурата и се повеќе го запознаваат сопственото тело – два главни фактори за понатамошен развој на бебето односно да може да седи стабилно, да лази, да се движи фатено да потпора, а потоа и да оди самостојно.
- Кога бебето има слобода на движење, полесно и побрзо ќе го запознае светот околу себе, ќе допре различни материјали и површини.
- Бебето ќе открие дека може да го движи телото во сите правци и за сосема кратко време ќе се научи само да си ја зема играчката која е оставена блиску до него.
- Наскоро ќе може да седи самостојно, да фаќа и да фрла топка.
Да јаде самостојно
“На почетокот не сакав да видам лажичка ниту на слика, но потоа открив колку убаво си поминувам плукајќи ја кашичката”
Бебето се учи да јаде со лажица околу шестиот месец. Тоа претставува голем чекор во неговиот развој. Пред таа возраст рефлексно турка со јазикот се што ќе му ставите во уста. По шестиот месец овој рефлекс исчезнува и бебето постепено се учи да ја носи лажичката до устата и да ја голта храната. Во прво време тоа е доста тешко за бебето, но со многу трпение од мама бебето ќе се научи да јаде со лажиче. Ако му дозволиме на бебето да ја истражува храната со раце, хранењето ќе се претвори во нешто многу забавно.
Да го открива светот
“Од количката за прошетка имам прекрасна глетка”
Бебињата се способни да го организираат светот по категории, многу скоро по раѓањето. Прво почнува да ги разликува луѓето од другите работи.
На шест месеци бебето веќе знае што е човек, што е животно, а што предмет. Тоа се забележува преку радоста кај детето кога ќе му се приближи некое кученце, или кога ќе види позната личност.
Да комуницира со мама
“Секогаш кога ќе се разбудам, мама ме гушка и ме бакнува”
Прегратките, држењето во раце, милувањето, бакнежите: бебињата го запознаваат светот преку физичкиот контакт. Покрај тоа нежноста и љубовта претставуваат основа во врската меѓу бебето и родителите.
Ги обожава секојдневните ритуали
“Секое попладне мама пушта убава музика и заедно играме”
Бебињата ги сакаат секојдневните повторливи активности. Педагозите и припишуваат големо значење на музиката како воспитен метод: им помага на бебињата да ја развијат својата интелигенција, ја зголемува нивната љубопитност и нивните перцепции.
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
забава Бремените
Автор: bobik
Недостиг на железо: Тивок проблем со големо влијание
Недостигот на железо е една од најчестите нутритивни дефицити во свето...
Децата паѓаат. Тоа е дел од нивниот раст, игра и учење. Од првите обид...
10 совети како да сопреме икање
Икањето е ненадејна и неконтролирана реакција на дијафрагмата која мож...
Храната како дел од културен идентитет
Храната е повеќе од гориво за телото. Таа е јазик на културата, традиц...
Икањето почнува ненадејно, трае неочекувано, а понекогаш се чини дека ...
Млеко.
Admin
По една година, кое млеко е поздраво да му се дава на дете: