namesp во 10:12
50 работи на кои ве учи мајчинството
Редакција Рингераја, 3.7.2022
- Вашето дете ќе негира со часови, за на крај гласно да признае “Во право си мамо, ми се мочка”, на јавно место, каде што нема тоалет.
- Не ги ставајте нивните омилени играчки во машина за перење, освен ако не сакате да се чувствувате како убиец.
- Можете да го направите секој оброк “апсолутно вкусен”, но децата секогаш повеќе ќе сакаат чипс.
- Никогаш повеќе нема да ви треба будилник, се додека не почне тинејџерскиот период.
- Дури и да сте на другиот кат, додека детето е во истата соба со тато, сепак прво вие ќе бидете повикана кога нешто ќе му треба.
- Менувањето на пелена кога детето има две година, има потенцијал да стане олимписки спорт, за кој е потребно одредено ниво на вештина.
- Ручекот не е во повеќе во два часот, туку на полноќ.
- Децата знаат да избројат 50 ликови од цртаните филмови, а кога ќе ни натерате да избројат до десет – не знаат.
- Семејната мачка ќе излезе од својата кошница пет минути пред детето да заспие.
- Раскрвавеното колено најмногу боли кога има публика.
- Пиењето чај е успешно, ако чајот е топол до последната голтка.
- Празниците носат повеќе проблеми.
- Колку повеќе играчки купувате, толку е помал нивниот животен век.
- Тригодишното дете побрзо ќе стигне до вашиот мобилен кога ѕвони, од вас.
- Децата најубаво се учат да бројат, кршејќи Велигденски јајца.
- Супер мајките кои велат “вклучете го детето во домашните работи” ја покриваат правосмукалката со кебе за детето да не може да ја најде.
- Песокта може да го претвори вашиот дом во Сахара, но детето ќе се забавува доволно долго за да го испиете вашето кафе.
- Нема смисла да се бришат отисоците од прсти од телевизорот. Утре повторно ќе бидат тука.
- Детето нема да се научи да мочка во нокшир се додека му е забавно да мочка на подот.
- Ветувањето на парче торта и сок, ќе го победи и најтврдоглавото дете.
- Најубавиот момент во вашиот живот е кога новороденчето ќе заспие по прв пат.
- Седењето на детето пред телевизор го разубавува и најлошиот ден.
- Детето кое секојпат одговара на вашиот повик да дојде, не разбира што зборувате кога ќе му кажете да ви ја даде раката на паркингот за автомобили.
- Ги споредувате со Хитлер сите луѓе кои не го чистат изметот од своите кучиња во паркот.
- Бакнежот од вашето малечко може најмногу да го разубави вашиот ден, иако по него останува лигава трага како од полжав на вашето лице.
- Ако се обидувате да ја продадете куќата, детето ќе ја наполни својата пелена во моментот кога купецот ќе ја разгледува.
- Кога вашите деца ќе пораснат ќе ви се смеат што не сте јаделе авокадо и маслинки до вашата 20-та година.
- По некое време нема да трепкате со очите како лилјак кога вашето дете ќе пие вода од коритото и ќе јаде кал.
- Преморената мајка има сила да излезе на двобој со секој кој ќе се осмели да го разбуди нејзиното дете.
- Вашата мајка е во право – детето ќе јаде кога ќе биде гладно. Тоа што изигрувате кловн додека му давате да јаде не води никаде.
- Работата е место каде одите на одмор.
- Може да се заколнете дека никогаш повеќе нема да го однесете вашето дете во Мекдоналдс, но во дождлива сабота ќе го направите тоа.
- Ако вашето дете сака сендвич со шунка, нема да ве сопре тоа што знаете како се преработува месото.
- Родителите кои велат дека не ги оставаат да гледаат децата телевизија се лажговци.
- Можете да функционирате и со четири часа спиење.
- Осум часа спиење во текот на ноќта ќе ве направи да се чувствувате како повторно да имате 20 години.
- Се што планиравте да потрошите на себе за својот роденден, ќе го потрошите на детето.
- Изненадната посета на вашата свекрва во дождлив ден може да ви предизвика хистерично задоволство.
- Верверичките се вевеички, сокот е кок, а лубеницата е убецина.
- Конечно научивте да цените што направила вашата мајка за вас.
- И покрај тоа што не сака да каже, вашиот сопруг посакува да станел татко на постари години.
- Сфативте дека треба да помине најмалку една декада за да отидете на релаксирачки одмор на плажа.
- Имате голема почит за самохраните родители. Се чудите како ги завршуваат обврските дома, одат на работа и се будат три пати во текот на ноќта кога на бебето му растат заби.
- Оброкот изеден на гости е највкусното нешто што детето го јадело.
- Шишињата вино стануваат се помали и помали.
- Кога се тивки – прават некоја беља.
- Вашиот ден го сметате за успешен, ако детето ја испразнило чинијата.
- Близината на вашиот дом до градот повеќе не е важна. Мирно предградие со училиште во близина е бескрајно попривлечна варијанта.
- Чувајте ја на сигурно храната за кучиња. Многу е попривлечна од храната која ја подготвувате за детето.
- Пастата за заби не се чисти од прекривачот со влажно марамче.
Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:
Секој нов ден со детето носи нови прашања и дилеми.Дали е нормално бебето да плаче многу, воопшто да не плаче, да има ст...

Кога бебето е навистина мало, неговите родители имаат тенденција да стравуваат во врска со благосостојбата и здравјето н...
