namesp во 10:12
Страно тело во носот на детето. Што да направите?
Редакција Рингераја, 6.11.2018Секако, страни тела почесто можат да се најдат во носот на мало дете, отколку кај возрасни. Децата се радознали, па во играта моѓе да стават различни работи во нос.
Најчесто тоа се перли бисериња, семки, делови од играчка, ластичиња и други предмети.
Најчесто тие доспеваат во носот низ надворешните дупчиња, а ретко при повреда на носот.
Основен симптом е затнување на носниот канал, надразнето кивање и зајакната секреција од едната ноздра. Секретот може да биде од слузав до слузаво-гноен со крвавица.
Ако остане незабележано подолго време може да биде основа за таложење соли од носниот секрет.
Така настанатите творби се нарекуваат ринолити. Со своето присуство предизвикуваат зголемен секрет и често непријатен здив. Лечењето се состои од отстранување на страното тело и антибиотска терапија.
Што да направите за да превенирате:
– Не им давајте на децата ситни предмети и игрчаки со ситни делови.
– не обидувајте се сами да го извадите
– Не ги терајте децата сами да го издуваат, затоа што може посилно да вдишат и да го заглават телото уште подлабоко
– Одведете го детето на педијатар
Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:
Терапија во солена соба се препорачува за децата и возрасните. На болните заради лекување, а на здравите превентивно, би...

Воспитувачките во градинка навистина ќе се изнаслушаат се – од тоа дека се само глорифицирани дадилки чија должност е да...

Традиционалното целосно повивање на бебињата повторно се враќа како тренд меѓу младите мајки, но експертите нагласуваат ...

Од секогаш сакав да бидам млад татко!!! Даниел Кајмакоски го објави раѓањето на својот син
