|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Што навистина се случува за време на царскиот рез?

Редакција Рингераја, 29.7.2023
Тек на операцијата момент по момент, што го менува животот на една жена

image
/11



Свиткана над топка за вежбање пред 20 други трудници, се обидов да се опуштам додека сопругот нежно ми го масираше долниот дел на грбот. Не, не бев во породување. Бев на час и се подготвував да се породам. Секој четврток навечер, четири недели, мојот сопруг, Грег, мојот стомак и јас совесно одевме на час. На крајот од програмата, излегов како подготвена. 
Но, имаше еден мал проблем. Моето бебе беше карлично поставено  и ако не се свртеше наскоро, ќе бев принудена да направам закажан царски рез. Колку од мојот едномесечен курс беше посветен на царски рез? Околу една минута. Прашав што ќе се случи ако моето бебе не се сврти. Мојот учител ме увери: „Многу бебиња се уште наопаку во 31 недела. Не грижи се “. 
Помина уште еден месец и моите лекари беа се помалку убедени дека моето бебе ќе се сврти. На 35-та недела, ми закажаа царски рез, иако  беа благо оптимисти дека можеби ќе можам да се породам природно и продолжив со редовни контроли и ултразвуци. 
Немав среќа. До 38 недела, мојот царски рез беше неизбежен и немав идеја што да очекувам. 
Па, всушност, научив два детали за раѓањата со царски рез од видеото од 30 секунди што ни го покажа мојот инструктор - Камерата никогаш не го напушти лицето на мајката, така што не успеав да видам што всушност се случува, но снимката од вратот ми кажа  две важни работи:
1. Таа беше будна! 
2. Таа всушност можеше да почувствува што се случува! Жената од видеото постојано велеше: „ Чувството е толку чудно“. 
Можеби бев наивна, но всушност мислев дека ќе ме „стават“ под општ анестетик пред лекарот да ми го отвори стомакот. Зарем не спиете секогаш за време на голема операција? „Постојат ретки прилики да се користи општ анестетик - кога мајката и / или бебето се наоѓаат во голема неволја“, вели доктор Мери Марнах од  Клиниката во  Рочестер. 
Но, за избрани процедури, мајката скоро секогаш се третира со спинална или епидурална анестезија и таа дефинитивно е будна.


Помислив дека можеби разговорот со некои локални мајки кои биле подложени на царски рез ќе ми помогне да го смирам умот: 
„Се чувствував како моето тело да е голем граден кош  а некој отвора фиоки“, вели Тери О’Бријан. 
„После две недели бев врзана за кревет во болницата“, вели Сју Мекдоналд. 
"Раната ми се инфицира и морав да се вратам за да ја зашијат повторно “, вели Кристина Ферхурст. 
Овие не беа одговорите што ги барав. 
Потоа, конечно, слушнав нешто со што би можела да живеам. „Немав проблем со постапката. Тоа воопшто не боли “, рече Џули Блеквел. „По неколку дена неподвижност, застанав на нозе “, додава таа. „Две недели подоцна, јас скоро се чувствував како себе си повторно“. 
„Најмногу предвидливо нешто во царските резови - и воопшто за породувањето - е тоа што тие се непредвидливи“, вели Вилијам Каман, М.Д., вонреден професор по анестезија на Медицинскиот факултет Харвард и автор на „Лесна работа“. Иако е одлично да слушате приказни за други жени, знајте дека вашето искуство ќе биде уникатно. И покрај тоа што се проценува дека од 25 до 30 проценти од бремените жени ќе имаат породување со царски рез, тоа е сериозна операција. „Не треба да се сфаќа здраво здраво за готово “, вели Каман. 
Како што се рече, тоа е многу честа процедура и обично нема компликации. Инфекција на рана може да се појави во околу 5-10 проценти. Постои многу мал ризик од згрутчување на крвта или дупка во мочниот меур. Исто така, постојат потенцијални проблеми за следната бременост. Плацента превиа (компликација во која плацентата го блокира породилниот канал) е почеста кај жени кои имале царски рез. И постои можност за ткиво со лузни на матката по царски рез. Ова не е проблем кај жените кои имаат еден или два царски реза но ако планирате да имате големо семејство, ткивото на лузната може да се оштети, и , во потешки случаи, мајката можеби ќе треба да и ја отстрани матката по породувањето. 
Бебе поставено со нозе надолу е главна причина за закажување изборен царски рез. Плацентата превиа и абрупцијата на плацентата - кога плацентата почнува да се одделува од ѕидот на матката - се исто така главни причини за царски рез по избор. „Нема толку многу жени кои планираат царски резови од козметички причини или погодност, како што би помислиле“, вели Каман. 
Три дена пред изборниот царски рез, се најдов како возам во болница за средба со медицинска сестра за да ми земе крв и да одговори на какви било прашања. „Ние секогаш земаме крв пред каква било операција“, вели Марнах. „Само во случај нешто да тргне наопаку, треба да ја знаеме крвната група на пациентот“. 
„Дали ќе боли?“ беа првите зборови од мојата уста. Медицинската сестра одговори: „Обично не“. Не двата збора што ги барав. „Тоа е како кога ќе ви пломбираат заб “, вели таа. „Не боли, но можеш да почувствуваш дека нешто се случува“. Го мразам стоматологот! 
Утешителниот дел од изборниот царски рез е тоа што знаев дека мојот гинеколог ќе ја спроведе постапката. Бевме во можност да ја закажеме операцијата кога таа беше на смена, па беше смирувачко да се знае дека лицето со кое се консултирав последните девет месеци ќе го породува моето бебе. Исто така, го знаев датумот кога ќе се породам, што е совршено за личност со мојот карактер. 
Ден пред царскиот рез, отидов во теретана за последен тренинг. Потоа направив неколку последни работи, отидов на кафе со една пријателка и вечерав  со мојот сопруг. Би сакала да кажам дека имав добар сон, но до 20 часот нервите конечно почнаа да работаат и  бев со немирен сон цела ноќ. 
Постапката 
Пристигнав во болницата во 6:45 часот наутро за мојата закажана операција во 8 часот наутро, бидејќи ми беше речено да не консумирам храна и пијалок 8 часа претходно. Собата за чекање беше исполнета со жени со породилни болки, кои ги фаќаа рацете на нивните сопрузи од болка. Грег се наведна и шепотеше: „Така мислев дека ќе биде. Малку ми е мило што не е “. И мене ми беше. Половина час подоцна, бев преместена во приватна просторија. Исто така, ми рекоа дека се појавил итен царски рез и мојот ќе биде еден час подоцна. Малку ми олесна. Ми требаше повеќе време да се подготвам. Породувањето, иако измачувачки болно, помага да се подготвиме емоционално за чудесниот настан што следува. Без контракции, сето ова се чувствуваше малку надреално. 
„Има емоционален ефект врз царскиот рез“, вели Каман. Секоја жена треба да се подготви себеси за истиот пред да започне со породување, само во случај да стане потребно. Каман советува да се фокусираме на тоа да посакаме здраво бебе и да ги ставиме своите очекувања на резултатот, а не на постапката. „Луѓето обично се среќни кога ќе го добијат она што го сакаат“, вели тој. 
Околу 9 часот наутро, медицинска сестра влезе да ми даде инфузија. Кај повеќето болнички породувања се применува инфузија. „Тоа е одличен начин да ја одржувате мајката хидрирана и можеме да дадеме лекови против гадење и болка преку неа“, вели Марнах. 
Десет минути подоцна, време беше да се упатиме кон операционата сала. Се разделив со Грег - засега. Тој беше однесен во друга насока да ја облече својата наметка. Додека одев низ породилната сала, држејќи ја инфузијата, сe уште не можев да верувам дека ќе имам бебе за помалку од еден час. 
На крајот од салата, се префрливме во просторијата за операции. Мојата единствена визија за операционите сали доаѓаше од хаосот што се гледа во ТВ-емисијата Итна Помош . Оваа просторија беше чиста, стерилна и празна. Ме замолија да седнам на маса и да почекам. 


Неколку минути подоцна, анестезиологот влезе и ми се стави перница над скутот. Се наведнав напред за да ја примам споналната анестезија. Епидуралната, кој се дава на мајки за време на вагинални породување, се шири преку пластична цевка, така што лекот може да се прилагодува во текот на цело породување. Со царски рез , должината на постапката е позната, така што на жените им се става една инјекција за да ја вкочани
областа од средината на градите надолу. „Тоа е нервен блок, па затоа многу малку лекови влегуваат во крвотокот“, вели Каман. „Нема да бидете поспани и врз бебето има многу мал ефект“. 'Споналната е посилна од епидуралната и го одзема секое чувство, освен некои влечења. Со епидурална сe уште можете да ги движите нозете, но со спинална нема да можете да мрдате ништо. 
Иако слушнав дека некои жени чувствуваат брз електричен шок по екстремитетите кога се става иглата, споналната анестезија воопшто не ме повреди. Всушност, ставањето на инфузијата беше далеку поинтензивно. Брзо ме легнаа на масата, пред нозете да го изгубат чувството. Ми ги поставија рацете настрана и ми беа прицврстени. Мониторите беа прикачени на моите зглобови и сината преграда  беше поставена на најниско ниво за да не можам да видам што се случува. 
Во тој момент, ме опфати бран на интензивно гадење и бев сигурна дека ќе повратам. Телото почна да ми се тресе и станав многу ладна. „Нискиот крвен притисок е многу чест несакан ефект кај анестезијата“, вели Каман. „Лекарот ќе го следи вашиот крвен притисок секоја минута и ако падне, тој ќе ви даде лек за да го поправите за 5 до 15 минути“. Мојот крвен притисок беше регулиран за неколку минути, а потоа се чувствував добро. 
Потоа, медицинската сестра вметна катетер во мочниот меур, бидејќи не можев да одам некое време, а мојот лекар започна да се подготвува. Грег влезе и застана покрај мојата глава. Се, беше подготвено  за да започне; беше нешто пред 10 часот наутро.
Лекарот ми го стисна стомакот за да се увери дека сум вкочанета, и не сфатив дека сум пресечена сe додека не почувствував како бебето ми се движи на врвот на стомакот. Исто така, почувствував како лекарот ме притиска и турка на горниот дел од стомакот за да го извади малото. Беше малку непријатно, но пет минути подоцна имав бебе. 
Ме обзеде љубов, изненадување и шок. Но, зошто моето бебе беше толку сино? Бебињата родени со царски рез понекогаш имаат потреба од малку помош за да ја извадат течноста од дишните патишта, па затоа може да изгледаат посино од другите новороденчиња. Но, по брзото вшмукување од медицинската сестра, мојот син стана здраво розов. Одмарав додека лекарот ме шиеше и беше смирувачко да се знае дека лекарот не ги пресекол стомачните мускули. Наместо тоа, лекарот го одделува абдоминалниот мускул и прави мал засек во матката. „Ќе има многу крв“, предупредува Каман. „Нормално е да се изгуби многу крв од плацентата, затоа не се вознемирувајте ако погледнете надолу и видите крв на подот“. 
По операцијата, моето бебе беше ставено на моите гради и ме одведоа во просторија за опоравување неколку часа пред да одам во мојата соба преку ноќ. Мојата рана мораше еднаш да се преврзи и се тресев неконтролирано во наредниот половина час и бев толку студена. „Треперењето и тресењето е многу честа појава кај царски рез“, вели Каман. Течностите од инфузија се постудени од телесната температура, така што можат да направат да се чувствувате ладно. Исто така, мали парчиња амнионска течност можат да навлезат во протокот на крв за време на операцијата и да предизвикаат треперење или тресење. „Безопасно е и ќе помине за неколку минути до неколку часа. 
Одличен резултат 
Не можев да се превртам во креветот без помош остатокот од денот, но по два дена шетав наоколу. И, кога излегов од болницата следниот ден, можев многу бавно да одам по скалите и да се шетам држејќи го своето бебе. Бидејќи тоа беше моето прво бебе, сега ќе треба да донесам одлука за обид за VBAC (вагинално раѓање по царски рез) или да направам уште еден царски рез со какви било последователни бремености. Но, со оглед на одличниот тек на настаните, тоа навистина не е важно. Една година подоцна, имам мала лузна под мојата бикини линија и здраво бебе , па сe се покажа совршено.


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Кога градитe престануваат да болат во брем...
За некои жени, болните гради се еден од првите знаци на бременост, дури и пред пропуштената менструација
4
ВИДЕО: 7 најдобри позиции за породување
Зошто е важно во кои позиции раѓаме? Кои се најдобрите позиции за породување? Погледнете го видеото за да видите кои сед...
4
Колку вода да пиете додека сте бремени?
Предлогот за пиење вода за време на бременоста е околу шест до осум чаши вода на ден“, објаснува д-р Едвард Марут, репро...
3
Метален вкус во устата за време на бременоста
Бременоста влијае прилично на секој дел од вашето тело, а устата и вкусот не се изоставени. Но, да се има кисел метален ...
3