|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Сетилата на нероденото дете

Редакција Рингераја, 24.4.2021
Најважно е дека бебето во утробата на мајката може да чувствува!
Клучни зборови:

image
/11


ТАКТИЧНОСТ


Непосредно пред осмата гестациска недела (г.с.), првата чувствителност кон допирот се манифестира во комплекс од заштитни движења за избегнување на допир на главата. Експерименти со допир на различни делови од телото на ембрионот покажуваат дека чувствителноста на кожата брзо се шири до областа на гениталиите (во 10 г.с.), дланките (11 г.с.) и стапалата (12 г.с.). Тоа се органите кои ќе имаат најголем број и разновидни сензорни рецептори кај возрасните индивидуи.  До 17 г.с. сите делови на абдоменот и задникот се чувствителни. (Montagu, 1978)
Нероденото дете е чувствителна на допир, како едногодишно дете. Во четвртиот месец неродено дете веќе може да се намршти, да трепка со очите и да прав гримаси. Само нежно допрете го стомакот на бремената жена и нејзиниот плод на два и пол месеци брзо ќе се стутка како црв. Оваа загриженост за удобноста може да објасни зошто некои новородени деца се толку активни во текот на ноќта. За бебето во утробата, ноќта е најпрометното време од деноноќието. Лежејќи во кревет, неговата мајка е се друго, но не и опуштена и мирна. Со киселини, вознемирен стомак и грчеви на нозете, таа постојано се движи де на едната де на другата страна и секогаш има две или три одење до бањата. Затоа не е чудно што некои деца доаѓаат на овој свет со обратен ритам на спиење.


ВКУС И МИРИС


Обично не размислуваме за фетусот како за гурман. Но тој е! Додадете шеќер  на  неговата диета со амнионска течност и брзината на голтање се удвојува. Структурите за вкус се присутни во 14 г.с. и експертите веруваат дека чувството за вкус се регистрира во исто време. До неодамна не беше посветено сериозно внимание на можностите за присуство на мирис во утробата, додека истражувачите не сугерираат дека мирисот зависи од воздухот и дишењето на бремената.

Носот се развива меѓу 11 и 15-та недела. Низ плацентата минуваат бројни хемиски соединенија, кои се соединуваат со амнионската течност, обезбедувајќи му на фетусот букет на вкусови и мириси.Докажано е присуството на спектар на ароматични соединенија, просечно по 120 во единечна мостра амнионската течност. Покрај тоа, производите од исхраната на мајката достигнуваат до бебето преку плацентата и крвта тече во капиларите на слузницата на носот. На овој начин, пренаталното искуство со мириси од двата извора, веројатно го подготвува овој систем од сензори, да бара некои одредени мириси или класи мириси. Во еден експеримент, кај бебињата се регистрираа промени во феталното дишење и чукање на срцето, кога мајките пијат кафе, без разлика дали е со кофеин или без кофеин.
Но треба да се знае дека амнионската течност прифаќа арома и станува вкусна по волјата и според храната која ја консумира мајката. Мари-Андре Берт го раскажува во својата книга "Сè за пренаталното воспитување" следниов случај: "Една мала индијка, посвоена од париско семејство на три месеци, ни дава еден карактеристичен пример во оваа смисла: кога детето започнало да јаде тврда храна, тоа тврдоглаво го одбивало секој ориз приготвен различно од западниот начин. Тоа значи дека детето чувствува  задоволство од ориз со кари, каков мајката го конзумирала во Индија за време на бременоста. "Жан-Пјер Рели потврдува:" Чувството за вкус и мирис особено, сочинува еден од главните аспекти на односот мајка-дете за време на бременоста и му овозможува на новороденчето да го восприеми  своето сетилно и емоционално опкружување, бидејќи го препознава мирисот на мајчината кожа и вкусот на нејзиното млеко. Од тука и интересот за контактот "кожа на кожа" уште од првите минути на надворешниот живот. "
Новороденчињата по раѓањето се привлечени од мирисот на млеко, иако немале претходно искуство со него. Истражувачите веруваат дека тоа доаѓа од спомените кои се доживеале во пренатална живот.


СЛУШАЊЕ И ЧУВСТВУВАЊЕ


"Истражувањата од последните години покажуваат дека по 24 г.с., неродено дете слуша цело време. Стомачната област и матката на трудницата е многу гласно место. Кркорењето на желудникот е најсилната бучава која бебето ја слуша. Гласот на мајката, гласот на таткото и други вообичаени звуци се потивки, но исто воочливи за него. Звукот кој доминира во неговиот свет е ритмички трепет на мајчиното срце. Додека е во својот вообичаен ритам, нероденото знае дека сè е во ред; тоа се чувствува сигурно и тоа чувство на сигурност се задржува во него ".

Споменот за звукот на мајчиното срцебиење во матката, објаснува зошто новороденчињата се смируваат кога ги држеме кон градите на некого.
Елиас карнет (Elias Carnetti), смета дека примарниот спомен за срцевото биење на мајката ги објаснува во голема мера нашите музички вкусови. Сите познати ритми, посочува тој, одговараат на една од двете главни шеми - или брзото тропање на животински копита, или ритамот на човечкото срце. Шемата на животинските копита е доволно лесна за разбирање - далечен остаток од минатото на човекот како ловец.
Иако ембрионот е одвоен од надворешниот свет преку амнионската течност, матката и мајчината абдоминална мускулатура - бебето живее во стимулативната матрица од звук, вибрации и движење. Многу студии потврдуваат дека надворешните гласови стигнуваат до матката без да бидат попречени. Интонациони модели на височина, акцент и ритам, исто и музика, достигнуваат до фетусот без значајна дисторзија. Гласот на мајката е особено моќен, бидејќи се пренесува кон матката преку нејзиното сопствено тело. Детето го слуша и гласот на таткото и има солидни докази дека слушањето на овој глас има големо емоционално значење. Во случаи кога маж зборувал на своето дете во утробата, користејќи кратки смирувачки зборови, новороденчето било способно да го препознае гласот на својот татко дури во првите еден-два часа живот после раѓањето.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Киретажа - значајна гинеколошка процедура
Киретажата претставува мала хируршка операција која се користи како за поставување на дијагноза од материјалот што се до...
14
Кои се знаците на инфекција по царски рез?
Инцизија и инфекции на матката се релативно чести по царски рез. Дознајте за вообичаените симптоми на инфекција по царск...
6
Хормон на бременоста – hCG
Клетките на растечкиот ембрион започнуваат да лачат хормон наречен хуман хорионски гонадотропин или hCG, супстанција кој...
3
Бледа линија на тестот за бременост
Користењето на домашен тест за бременост е многу едноставно. Две линии значат дека сте бремена, една дека не сте. Но што...
3




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?