Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Малку за авторот
Jill Smokler е бестселер автор во New York Times на “Исповед на плашливата мајка” , а истo така и сопственик на се' што е поврзано со “Плашливата мајка”. Искреноста во пишувањето и овозможи на Jill да се појави во бројни публикации и повеќе ТВ програми, вклучувајќи го The Today Show, The New York Times, Good Morning America, Nightline and CNN. Нејзината веб страница Scary mommy има повеќе од 3 милиони месечни прегледи на страни и 305.000 следбеници на Твитер. Нејзината страница на ФБ има повеќе од 85.000 фанови.
Страницата поседува и форум, на кој анонимноста е гарантирана и кои мајките и татковците ги користат за да ги обелоденат своите најдлабоки тајни, стравови и многу повеќе. Од својот почеток па до денес “Плашливата мајка” освои повеќе од 300.000 признанија од жените и мажите кои ги кажуваат тајните кои ги јадат одвнатре. Заедницата “Плашливата мајка” е енергично и просперитетно место за средба на над 10.000 мајки кои разговараат за се, од претрупаноста на обврски околу нивните бебиња, до најголемите откажувања во име на семејството, па се до ноќната мора наречена свекрва.
Се собравме денес и тука за да ја изразиме нашата почит на телото и умот кои живееја овде пред мајчинството. Ум и тело кои, за жал, не беа доволно почитувани пред нивната прерана смрт.
Се сеќаваме на оние весели гради полни со живот и ветување, а сега празни, безнадежни и без амбиција.
Се сеќаваме на рамниот стомак, кој сега личи на Големот Кањон долг 15.000 метри.
Време е да се потсетиме на деновите кога нашите вагини беа користени за рекреација, а не за научни експерименти кои за век и веков ги изгравираа зборовите слуз и плацента во нашите мозоци.
Се сеќаваме како нашите задници и пркосеа на гравитацијата и жалиме за тоа како сега паднаа надолу, формирајќи некаков нечестив сојуз против нас.
Ни недостасуваат деновите кога кивавицата не ни ги воденеше гаќите и кога вежбањето не бараше потполно празен мочен меур.
Жалиме за загубата на омилените бели панталони, кои вечно ќе живеат во плакарот.
Пред се, ветуваме дека ќе ги научиме нашите ќерки да го почитуваат своето тело додека можат, бидејќи нема вечно да изгледаат така. Ние сме доказ за тоа.
Во името на старите добри денови, сите да кажеме
Амин
4
4
4
4
забава Бремените
Автор: bobik
Рутина за спиење според возраста на детето
Добрата рутина за спиење е клучна за здрав развој, расположение и одне...
Подготовка за зачнување, водич за проценка на плодноста
Планирањето бременост е важен чекор, а проценката на плодноста однапре...
Хистероскопија и лапароскопија: кога и зошто се прават?
Современата гинекологија нуди сe попрецизни и помалку инвазивни методи...
Како да препознаете знаци на предвремено породување?
Предвременото породување може да започне суптилно, со симптоми кои лес...
Зошто генетското советување е важно за некои парови?
Планирањето семејство не е само емоционална одлука, туку и важен чекор...