vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Теодора Тодороска, на социјалните мрежи позната како @_dorss_single_mami_ е прекрасна самохрана мајка на 6 годишната Кристијана.
На својот инстаграм профил отворено зборува за предизвиците со кои секојдневно се соочува и преставува огромна инспирација. Родителството, иако е еден од најубавите благослови кои животот го дава, воедно е и најтешката улога, а да се биде самохран родител е преголем предизвик, но Теодора одлично се снаоѓа во својата улога и заслужено се гордее со нејзините достигнувања и со девојката во која расте нејзината прекрасна ќеркичка.
По втор пат годинава, Теодора организира еден прекрасен проект, наменет за дечињата на самохрани родители низ земјава.
"Проектот ми е именуван" Испрати честитка измами насмевка ".
Го реализирам втора година а оваа година додатно со честитката и со подароче за децата кај самохраните родители." - вели Теодора.
Идејата на Теодора дошла од сличен проект во кој се разменувале честитки меѓу дечиња, со тоа што таа својот го наменила за децата на самохрани родители.
"Така се создаваа и многу пријателства што при тоа си разменуваа честитки за благодарност" - додава таа.
"Оваа година има околу 45 пријавени од кои некаде се по 2 или 3 дечиња.
Многу сум среќна, имам милиони слики и пораки за благодарност а тоа ме прави среќна.
Да имам сопствени средства сама би го реализирала целосно.
Оваа година сум пријатно изненадена колку многу се пријавија да подарат,некои и по повеќе пакетчиња. Значи има с? уште човечност.
Многу им благодарам на сите поединечно " - додава за крај Теодора.
Задоволство е да се чита за вакви прекрасни акции. Честитки за успешниот проект, кој и во иднина ќе ја продолжи својата традиција и сигурно ќе прерасне и во нешто поголемо.
Заследете ја оваа мајка - херојка на инстаграм.
4
3
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Дали прекумерната тежина го отежнува забременувањето?
Доколку планирате бременост, можеби се прашувате дали телесната тежина...
Напитоци за порамен стомак. Што може да помогне?
Подуеноста и задржувањето течности понекогаш прават стомакот да изглед...
Навики на позитивните и смирените луѓе
Дали познавате луѓе кои и во стресни ситуации успеваат да останат приб...
Колку често треба да се бања бебето?
Бањањето е важен дел од негата на бебето, но не мора да биде секојднев...
Разговорот за проширување на семејството е еден од најважните чекори в...