namesp во 10:13
на тема Купить водительские права онлайн без экзамена Купите водительские права онлайн без экзамена в любой
Драги директори, воспитувачки и учители!
Оваа година повторно ќе ја реализираме Хуманитарна акција Прегратка на Дар. Заедно со Вас и со Играчките-прегратки во секаков облик, боја и големина, сакаме и оваа година, веќе по трет пат, да поделиме убави мисли, убави желби, соучувство и пријателство. Во минатата година во хуманитарната акција Прегратка на Дар учествуваа повеќе од 10.000 деца од цела Македонија и сигурни сме дека оваа година таа бројка ќе ја надминеме.
За успешна изработка на играчките и мотивација на дечињата Ви доставуваме Прирачник за изработка на играчки и едукативна илустрирана сликовница.
Ве молиме прочитајте ги ПРАВИЛАТА ЗА УЧЕСТВО, кои се од важност полесно и побрзо да започнете со изработка на играчки-прегратки. Ве замолуваме да се придржувате кон правилата, во случај на нејаснотии навремено контактирајте не.
ПРАВИЛА
Изработуваме играчки-прегратки!
Материјали: меки, природни материјали, без остри и кршливи предмети и штетни лепила ...
Големина: неограничена.
Број: ограничување или правила за бројот на играчки не постојат, секоја играчка е од посебно значење и секоја играчка значи уште една прегратка и желба за добро здравје на едно болно дете.
Совет: Изработете едноставни и топли играчки-прегратки, пред се тие нека бидат дел од Вашата душа. Сигурни сме дека ќе бидат посебни и уникатни, бидејќи ќе бидат изработени од срце!
Каде да ги доставите играчките?
За достава на играчките ве молиме да не исконтактирате на бројот 078 323 962. Адресите за достава од минатата година не важат. Доколку не сте во можност да ги доставите директно или по пошта Ве молиме навремено контактирајте не да се договориме за друг начин на достава.
Во секој пакет со играчки ставете ИНФОРМАТИВЕН ЛИСТ, на кој ќе ги внесете следните податоци: ИМЕ НА ГРАДИНКАТА, ИМЕ НА ОБЈЕКТОТ (клон) и АДРЕСА, соодветно за училиште Име на училиште, адреса и одговорен/на учител/ка.
Рок за достава на играчките-прегратки: 13. декември 2012.
Фотографии од играчките-прегратки: Доколку сакате Вашите играчки-прегратки да бидат објавени на интернет медиумот Рингераја.мк, Ве молиме направете неколку фотографии од играчките и испратете ги на pregratka@ringeraja.mk , со информации за ИМЕ НА ГРАДИНКАТА, ИМЕ НА ОБЈЕКТОТ (клон), АДРЕСА, соодветно за училиште Име на училиште, адреса и одговорен/на учител/ка. Фотографиите испратете ги најдоцна до 13.12.2012. Играчките-прегратки ќе бидат поставени на следната адреса: www.ringeraja.mk/pregratka .
Следете го проектот Прегратка на Дар
Сите новости и информации поврзани за проектот може во секој момент да ги погледнете на www.ringeraja.mk/pregratka, како и на медиумите поддржувачи на проектот. За сите дополнителни прашања и информации пишете ни на pregratka@ringeraja.mk.
Награди
Во текот на месец јануари 2014 на www.ringeraja.mk/pregratka ќе бидат објавени сите играчки-прегратки и ќе има гласање. Следуваат изненадувања и награди.
Ви посакуваме многу креативни идеи и што повеќе убаво поминати моменти при изработка на играчките-прегратки! Ве советуваме некогаш да ги поканите и родителите на дечињата да поминат заедничко време со децата во градинка и заедно да изработуваат играчки!
Топол поздрав и многу прегратки,
Ваша Рингераја
забава Бремените
Автор: bobik
Една од првите дилеми кај многу жени кои се обидуваат да забременат ил...
Зголемен ризик од бубрежни камења во лето – еве зошто!
Кога мислиме на лето, обично ни паѓаат на ум одмор, сонце и разладувањ...
Летото е време за авантури, патувања и романтични моменти крај плажа. ...
Сакате бебе? Еве колку често треба да водите љубов!
Кога ќе одлучите дека сте подготвени за бебе, едно од првите прашања ш...
Здравјето на мажите по 40-тата година
Навлегувајќи во четвртата деценија од животот, мажите почнуваат да се ...
Гушкајте ги бебињата.
пеперутка16
Дали вашите бебиња (6-12 месеци) сакаат да бидат гушкани? Моето дури и не слуша, само ме турка, се качува на мене, влече,... дури и не сака да биде носена, само гледа да избега. Ми е тоа навистина чудно.. Какви се вашите?