|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Општи услови за користење на порталот

Редакција Рингераја, 2.9.2020
Последна верзија: 15 март 2018

image
/11


Општите услови за користење (Правилникот) ги одредуваат правилата на користење на содржините и услугите на порталот Рингераја.мк, чиј сопственик е компанијата Дану Медиа д.о.о.е.л. Скопје. Со користењето на порталот и неговите услуги во целосност ги прифаќате овие услови за користење и имате обврска да ги почитувате. Сопственикот на порталот може да го промени Правилникот во било кое време, со објавување на оваа страна. За промените на условите за користење, сопственикот не е должен да ги информира корисниците на порталот. Доколку продолжите со користење на порталот, тоа значи дека се сложувате со содржината на последната ревизија на Правилникот. Доколку не се сложувате со условите за користење и политиката на приватност, Ве молиме веднаш да го напуштите порталот.

Дефиниција на користени изрази:

  • Вие, корисник: регистриран корисник или секој посетител кој пребарува по содржините на порталот Рингераја.мк
  • Ние, компанија, сопственик на порталот: порталот Рингераја.мк или компанијата Дану Медиа д.о.о.е.л. Скопје
  • Партнер: правно или физичко лице кое плаќа кориснички сервис на порталот Рингераја.мк
  • Услуги: сите услуги кои ги нуди порталот Рингераја.мк, кои ги опфаќаат:

* сите типови на огласување на порталот;

* употреба на алатките и апликациите на порталот;

* останати услуги.

 

1. СОДРЖИНА НА ПОРТАЛОТ  

Целокупната содржина на порталот, вклучувајќи текст, графика, слики, логотипи, икони, софтвер и други содржини се во сопственост на компанијата Дану Медиа д.о.о.е.л. Скопје, на нашите партнери или авторите на содржините. Забрането е продавање или надградба на  содржините на порталот Рингераја.мк без писмена дозвола од авторот или овластено лице. Забрането е делумно или целосно копирање, репродукција, објавување, менување, додавање, печатење и дистрибуција на содржините на порталот Рингераја.мк. Неовластеното копирање на содржините на порталот Рингераја.мк претставува кршење на авторското право и на други закони.

На корисниците им е дозволено да ја употребуваат и пребаруваат содржината на порталот Рингераја.мк, додека не се кршат авторките права. Дозволено е преземање и печатење на материјали и информации од порталот за гледање и читање во некомерцијални цели. Авторите и компанијата не одговараат за било какви негативни последици поради употребата на содржините на порталот Рингераја.мк. Во случај на неовластени објавувања на авторски содржини на порталот, авторот е должен да не информира на адресата: pomos@ringeraja.mk . Во рок од 24 часа од предупредувањето, објавата ќе биде избришана од порталот.

Заедно со авторите на содржините на порталот се грижиме за точност, ажурност и целосност на податоците и содржината на порталот. Како компанија не превземаме никаква одговорност доколку податоците не се точни, потполни или ажурирани.

Содржината на порталот Рингераја.мк е наменета само за информирање, а не како замена за личен стручен совет, на пример од доктор. Според тоа, корисникот се потпира на содржината и информациите на порталот Рингераја.мк на сопствен ризик.

 

2. ОБВРСКИ НА КОРИСНИКОТ  

Семејниот портал Рингераја.мк е наменет за поединци кои бараат информации за забременување, бременост, родителство и воспитување на детето, како и различни информации поврзани за семејството. Нашите форуми се јавни и достапни за секој кој сака да го каже и размени својот став и искуство со другите корисници, или само да ги пребарува саканите информации. Одредени делови од порталот се достапни само за регистрираните корисници, како што е пишување на форумите, гледање повеќе видео содржини и гледање поединечни фото албуми.

Корисниците во целосност одговараат за сите информации објавени на порталот и за сите активности кои ги вршат под своето корисничко име и личната лозинка. Содржините кои корисниците ги објавуваат на порталот Рингераја.мк  не ги отсликуваат ставовите на редакцијата на порталот Рингераја.мк.

Корисникот се обврзува дека сите информации кои ги објавил на порталот Рингераја.мк се точни и одговорен е за нивната автентичност. Компанијата Дану Медиа д.о.о.е.л. Скопје  не е одговорна за неточните информации кои ги наведуваат корисниците на порталот. Корисникот секоја поставена содржина на порталот ја прави под своја желба и разум и нема право да побара бришење на содржината поставена од негова страна.

Корисниците кои се регистрирани, својата лозинка мораат да ја чуваат и не смеат да ја злоупотребуваат или даваат на трети лица. Во случај да дојде до неовластена употреба на вашиот кориснички налог, должни сте веднаш да не информирате на адресата: pomos@ringeraja.mk .

Се забранува кршење или обид за кршење на приватноста на другите корисници и безбедноста на порталот Рингераја.мк, што подразбира:

  • Пристап до податоци кои не се наменети за корисникот или неовластено пријавување во име на друг корисник;
  • Обид да се провери сигурноста на системот;
  • Обид да се наруши работата на порталот Рингераја.мк, како што е ширење на вирус на порталот Рингераја.мк, "spam" итн.

Кршење на сигурноста и безбедноста на порталот, повлекува кривична одговорност.

На корисниците исто така им се забранети работи кои можат да влијаат врз човековото достоинство, да промовираат расна, сексуална или етничка дискриминација и верска или политичка нетрпеливост и дела и содржини штетни по здравјето и безбедноста на луѓето, заштита на животната средината и културното наследство, навреди поврзани со верски или политички убедувања или дела и содржини штетни за другите корисници на порталот Рингераја.мк.

Исто така, забрането е бесплатно огласување на порталот без претходна согласност на сопственикот на порталот. Ова опфаќа директно рекламирање на форумите, како и праќање приватни пораки со цел за огласување (spam). Во забрането огласување на  форумите влегува:

  • Сите објави и активности на корисникот, кои директно или индиректно рекламираат веб страни кои не се составен дел на порталот Рингераја.мк;
  • Директно огласување на било какви активности, производи или услуги.

Како рекламирање се смета и секоја активност на поединци или групи кои објавуваат линкови на други веб страни, услуги преку пораки, потписи, коментари. Администраторот на порталот е тој кој одлучува дали конкретната содржина има елементи за оглас и го има правото таквата содржина да ја избрише од порталот. Администраторот на порталот може по сопствена проценка и без објаснување да ја избрише пораката за која смета дека корисникот ја искористил за промоција и рекламирање. Доколку корисникот пред објавувањето на пораката е во дилема дали да ја објави пораката или не, може да ги контактира администраторот, уредникот или модераторите на порталот кои ќе му помогнат.

Операторот го задржува правото на корисникот да му забрани пристап или да го избрише од порталот Рингераја.мк, доколку потврди или се сомнева дека корисникот прекршил било кој од наведените забрани или на било кој друг начин постапил незаконски и/или со својата активност нанел финансиска штета на компанијата Дану Медиа д.о.о.е.л. Скопје.

 

3. ПРИСТАП  

Сопственикот ќе се труди на корисниците да им овозможи употреба на порталот без прекини – под нормални услови 24 часа дневно, секој ден во годината. Поради технички причини, за одржување или промени на хардверот или софтверот може да дојде до краток прекин во работата на порталот или пречки во пристапот. Во случај на поголеми промени на системот кои се прават во недела или за празници, го задржуваме правото да дојде до поголем прекин на активност на порталот.

 

4. ОБВРСКИ НА ПАРТНЕРИТЕ

Партнерот целосно е одговорен за содржините на своите реклами. Притоа тој се обврзува неговата реклама или оглас да не ги крши актуелните закони за огласување и/или да не е во конфликт со постоечкиот кодекс на огласување. Исто така, партнерот се обврзува дека нема да објавува огласи кои можат да влијаат врз човековото достоинство, промовирање на расна, сексуална или етничка и верска дискриминација или политичка нетолеранција, како и содржини кои се штетни по здравјето и безбедноста на луѓето, животната средина и културното наследство, содржини кои содржат верски навреди или политички убедувања, содржини кои им наштетуваат на корисниците на порталот Рингераја.мк. Сопственикот го задржува правото да одбие реклама или да ја повлече рекламата, која не ги исполнува наведените услови. Во тој случај сопственикот не е должен да ја надохнади цената за објавувањето на огласот, да го информира партнерот или да бара дозвола за бришење на огласот.

Партнерот е должен да ја плати фактурата во наведениот рок за плаќање.

 

5. УСЛУГИ КОИ СЕ НАПЛАЌААТ

Рингераја.мк нуди различни услуги кои се наплаќаат. Користењето на тие услуги се наплаќа според актуелниот ценовник кој може да ви го достави нашиот маркетинг тим. Контактирајте не на адресата: marketing@ringeraja.mk .

 

6. РЕГИСТРАЦИЈА И ЗАШТИТА НА ПРИВАТНОСТА НА КОРИСНИКОТ  

Порталот Рингераја.мк се обврзува да ја штити приватноста на своите корисници. Се обврзуваме при обработка на податоците да ги чуваме сите податоци и при употребата на истите нема да бидат прекршени правилата на Законот за заштита на лични податоци.

Регистрацијата и објавувањата на порталот Рингераја.мк се доброволни. Корисниците на нашите услуги имаат право на пристап до своите лични податоци, при што може да ги ажурираат и да ги бришат на начин на кои е дозволен на тие страни. Податоците за корисникот ќе бидат сочувани додека се релевантни или додека корисникот сам не ги избрише.

Личните податоци од корисниците се собираат и употребуваат за одржување на базата на податоци за регистрираните корисници, подобрување на корисничките искуства и за извршување на услугите на овој портал, за што корисниците јасно и недвосмислено се информирани на овие страни.

Автоматски бележиме и одредени анонимни информации кои не се однесуваат на поединечни корисници и зависат од начинот на кој го пребарувате порталот. Овие информации се користат за интерни истаржувања со цел подобрување на нашите услуги, за статистичка обработка и од безбедносни причини. Тие информации опфаќаат: адреса и име на страницата со која корисникот влегува на порталот Рингераја.мк, верзија на користениот пребарувач и моменталната IP адреса на компјутерот кој се користи.

На корисниците на порталот им гарантираме за нивната анонимност. Се обврзуваме дека на трети лица нема да проследуваме податоци за името и контакт податоците (адреса, телефон, маил адреса) на корисникот, без нивно експлицитно одобрување.

Го задржуваме правото на корисниците на порталот по пат на електронска пошта да ги информираме за новостите и значајните промени во содржината на порталот.

По регистрирањето, корисникот автоматски се внесува во списокот на примачи на Рингераја е-новости, кои можат да содржат и рекламни пораки од нашите партнери, како и во списокот на е-новости кои ние ги испраќаме од име на наши партнери.

Доколку корисникот сака нашите услуги да ги препорача на пријател, може тоа да го направи со помош на посебна алатка која ја има на самиот портал. За препорака, корисникот мора да напише име и е–адреса на примачот со препорака за порталот Рингераја.мк. Тие податоци не се зачувуваат.

Пристап до информациите за личниот профил на корисникот имаат само овластени лица на компанијата Дану Медиа д.о.о.е.л. Скопје. Компанијата не гарантира дека не може да се дојде до неовластен напад во личниот профил на корисникот.

 

7. ЛИНКОВИ НА ДРУГИ СТРАНИ  

Во содржината на порталот Рингераја.мк се наоѓаат и линкови од надворешни веб страни кои не се одржуваат од страна на сопственикот на порталот и неговиот администратор. На тие страни немаме влијание и не одговараме за нивната содржина, политика за безбедност и друго.

 

8. КОЛАЧИЊА (COOKIES) И JAVASCRIPT

Како и поголемиот број на портали, порталот Рингераја.мк употребува колачиња (cookies). Колачите се мали датотеки кои се бележат во меморијата на компјутерот. На корисниците им гарантираме дека ги употребуваме само за да им го олесниме пребарувањето на порталот и во ниту еден момент не им ја загрозуваме нивната безбедност или кршење на правото на приватност. Ако корисникот ги оневозможи колачињата, користењето на одредени функции на порталот нема да бидат овозможени, вклучувајќи и пријава во личниот профил на корисникот.

За пријавување на порталот Рингераја.мк корисникот мора да има овозможена употреба на JavaScript.

 

9. ОДГОВОРНОСТ НА СОПСТВЕНИКОТ  

 Компанијата Дану Медиа д.о.о.е.л. Скопје  не одговара за:

  • Негативни ефекти од содржините на порталот Рингераја.мк и за исправноста, точноста и ажурноста на информациите;
  • Секое оштетување или губење на податоци при користење на порталот Рингераја.мк;
  • Можни штети на програмската или компјутерска опрема која им овозможува на корисниците или претплатниците употреба на порталот Рингераја.мк;
  • Лоши перформанси, недостапност или ограничено функционирање на порталот Рингераја.мк поради пречки на интернет мрежата;
  • Недостапност или ограничена функционалност на порталот Рингераја.мк предизвикана од повеќе фактори;
  • Губење на работна добивка или работна штета која може да настане или настанала како резултат на погрешно прикажување на порталот Рингераја.мк;
  • Неточни податоци на корисникот кои се објавени на порталот Рингераја.мк;
  • Неточни информации кои партнерите ќе ги објават на порталот Рингераја.мк;
  • Потенцијални незаконски активности на корисниците или партнерите на порталот Рингераја.мк;
  • Секој вид на дискриминација или вознемирување на корисниците на Рингераја.мк од страна на други корисници или партнери;
  • Собирање и /или чување на информации за корисниците од страна на други корисници или партнери на порталот Рингераја.мк;
  • Беспрекорно обезбедување на комуникација меѓу корисниците;
  • Преглед на комуникација меѓу два или повеќе корисника, но го задржува правото да стапи во било кој облик на комуникација со корисник доколку се посомнева во кршење на Правилникот или во случај на други проблеми;

 

10. РЕШАВАЊЕ НА СПОРОВИ  

За решавање на сите спорови надлежен е судот во Скопје. Сите коментари и прашања поврзани со употреба на порталот Рингераја.мк можете да ги пратите на е–адресата: pomos@ringeraja.mk.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Контактирајте не
Сакате посебна понуда за огласување наменета за Вашата компанија, сакате да испратите текст за објавување до нашата Реда...
4
Не правете го ова кога патувате во...
Еден занемарлив гест може да ви го уништи патувањето. Погледнете што е подобро да не правите кога патувате во странство
3
Рингераја - приказна за нашето семејство!
Рингераја е повеќе од медиум, Рингераја е пријател, Рингераја е советник, Рингераја е рамо за плачење, Рингераја е помош...
2
Соработка со Рингераја
Отворени сме за соработка, доколку сте заинтересирани Ве повикуваме да не исконтактирате.
2




Анкета

Носот.
пеперутка16

Како го чистите носот на малите деца?