|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Постапките на помогнато оплодување и секојдневниот живот

Силвиа Вуковиќ, психолог, 4.5.2010
Стравот дека можеби нема да има деца, на човек му го одзема верувањето за среќата, смислата на животот и сопственото постоење.
Клучни зборови:

image
/11


На многу од нас сликата од саканиот партнер и децата со кои го минуваме времето во среќа и љубов,  длабоко не исполнува и ја дава смислата на животот. Многу од нас сакаат да дадат љубов, да го поделат знаењето и интересите со своето дете кое ќе не сака до крајот на животот. Многу не планираат да имаат деца, но откако ќе ги добијат се радуваат на секое ново движење, гримаса, насмевка...

Постојат безброј причини поради кои многу луѓе сакаат да имаат деца, но некои во остварување на оваа желба имаат многу тешкотии да дојдат до свое чедо или воопшто не можат да имаат деца. Стравот дека можеби нема да има деца, на човек му го одзема верувањето за среќата, смислата на животот и сопственото постоење.

Скршени од верувањето во кое цел живот не сме се посомневале, предизвикува тага и несигурност, а многу често самиот тој факт не остава можност да се веселиме, да се посветиме на работите во кои претходно уживавме или да правиме работи кои некогаш не правеа среќни.

Постапките на медицински потпомогнато оплодување сами по себе се и физички и психички болни, а разочарувањето после надежта дека токму овој пат ќе останеме бремени е исто толку интензивно, како и самата желба за дете. Луѓето кои имаат тешкотии во остварување на родителството, всушност се борат против змеј со сто глави. Се борат против стравот, немоќта, бесот, чувството на неправда, разочарувањето, очајот, неостварените очекувања, тагата, фрустрациите, тешкотии во комуникација со партнерот, караници, меѓусебни обвинувања, неразбирање од страна на околината, безобразни и глупи коментари од блиските луѓе, финанскиски проблеми, физичка болка... Некогаш ќе победат една змаева глава, но останатите ќе им се нафрлат со целата своја сила. Но, секоја победа е израз на храброст и одлука животот да го направат поубав.

Добро е да знаеме дека постојат луѓе на кои можеме да се потпреме и кои ни помагаат да ги поминеме најтешките моменти. Партнерот, пријателите, семејството, некој случаен минувач кој ќе ни каже убав збор, докторите, психолозите... сите тие или само некој од нив е тука кога ни треба. И тоа ни дава сила да продолжиме да живееме и да се бориме за живот. Не само за живот на своето идно дете, туку и за сопствениот живот кој е достоен за живеење. Живот во кој не се плашиме да ја видиме својата слика во огледало, иако таа слика не е идеална.  Живот во кој со еднаков жар ќе се соочиме со среќата и со тагата.  Живот во кој ќе имаме луѓе со кои ќе го делиме и доброто и лошото. Живот во кој ќе создаваме и ќе бидеме горди на она што сме го создале. Живот во кој ќе помогнеме на оние кои бараат помош, во кој ќе добиеме помош, ако ни затреба.

Постојат толку многу работи што може да се напишат за постапките на помогнато оплодување и психичката состојба на оние кои минуваат низ тие постапки. Не постои волшебен рецепт, ниту најдобар начин на кој да се соочат со тоа,  но постојат разговори и прашања, кои ќе не поттикнат да размислуваме за тоа и да се обидеме да најдеме начини на соочување, па така од ден на ден да стануваме посилни, попаметни и подобри кон себе и кон другите.



Izvor: www.beta.hr

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Што треба да знаете, пред да забремените?
Да се одгледуваат деца е исцрпувачка и најблагородна работа. Многу родители не можат да се одлучат за второ дете, а неко...
4
Апсолутни знаци дека ќе бидете прекрасна м...
Ако се наближува времето во кое почнувате да размислувате за дете, веројатно се прашувате дали ќе бидете добра мајка. Се...
4
Сексуално преносливи болести
Болестите кои се пренесуваат преку сексуален однос се во постојан пораст, особено меѓу младите, а секојдневно се открива...
4
Видео: Тешкиот пат на сперматозоидите
Филмот што ќе го гледате објаснува како се создава човечко суштество и низ кои фази поминува за да настане. Овој филм е ...
3




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?