Vedrana13 во 19:37
на тема RE: Вештачко оплодување VIII дел
Гвинет Полтроу е една од познатите личности на кои им е многу важно да бидат во добра физичка кондиција и со добро здравје.
“Се грижам за своето здравје и за своето тело, така што ни овој јануари нема да направам исклучок. Заедно со својот тим и стручњакот за нутриционизам, Александар Хангер, направивме рецепти кои нема да ве остават гладни во овие јануарски месеци”, изјави Гвинет.
Покрај тоа што Гвинет направи збирка на здрави рецепти, исто така препорачува да не шетате боси низ куќата кога времето е ладно и секојдневно да се туширате со топла вода, да носите топла облека и да пиете топли пијалоци кои ќе ве раздрмаат и загреат.
“Детоксификацијата во текот на зимата ќе ви даде дополнителна енергија и на тој начин ќе го подобри вашиот имунитет. Не мора да го чекате летото за да изгледате и да се чувствувате убаво”, додаде глумицата.
Седум дневен план за детоксификација
Прв ден
07:00 : Чаша лимонова вода на собна температура
08:00: билен чај
10:00 (појадок): Пијалок од боровинки и бадеми
11:30: кокосова вода *
13:30 (ручек): салата со морков и ѓумбир сос
16:00 (ужинка): мешани семенки од тиква и сончоглед
18:00 (вечера): варена брокула и зеленчукова домашна супа
* Осигурајте се дека кокосова вода нема додаден шеќер
Втор ден
07:00: Чаша лимонова вода на собна температура
08:00: билен чај
10:00 (појадок): Пијалак од оризово млеко и малина
11:30: кокосова вода
13:30 (ручек): Варено пилешко месо и зеленчук
16:00 (ужинка): Зеленчукова супа со житарки
18:00 (вечера): Варен грашок со сос од домати
Трет ден
07:00: Чаша лимонова вода на собна температура
08:00: билен чај
10:00 (појадок): Овесна каша
11:30: кокосова вода
13:30 (ручек): Smoothie од боровинка и бадеми
16:00 (ужинка): Сок од краставица, цитрон и портокал
18:00 (вечера): Зеленчукова супа со житарици
Четврт ден
07:00: Чаша лимонова вода на собна температура
08:00: билен чај
10:00 (појадок): Пијалак од кокосово млеко и манго
11:30: кокосова вода
13:30 (ручек): Зеленчукова супа со житарици
16:00 (ужинка): Неколку боровинки
18:00 (вечера): Лосос и грашок варени на пареа
Петти ден
07:00: Чаша лимонова вода на собна температура
08:00: билен чај
10:00 (појадок): Пијалок од праска и бадеми
11:30: кокосова вода
13:30 (ручек): Салата од морков, ротквички, краставица и зелка со ѓумбир сос
16:00 (ужинка): Овошна салата од јаболко, портокал и банана
18:00 (вечера): Супа од авокадо и салата од краставица
Шести ден
07:00: Чаша лимонова вода на собна температура
08:00: билен чај
10:00 (појадок): Пијалок од боровинка и бадеми
11:30: кокосова вода
13:30 (ручек): Мешани зеленчук со лосос на пареа, маслиново масло и сок од лимон
16:00 (ужинка): Џус од портокал
18:00 (вечера): Пилешко, ориз и тиквички на пареа
Седми ден
07:00: Чаша лимонова вода на собна температура
08:00: билен чај
10:00 (појадок): Пијалок од оризово млеко и малина
11:30: кокосова вода
13:30 (ручек): Супа од зеленчук со житарици
16:00 (ужинка): Неколку бадеми
18:00 (вечера): Риба варена на пареа, печена тиква
Сите текстови и публикации на Рингераја.мк се од информативен карактер и не претставуваат замена за дијагностика и лечење. Пред да започнете со било каква диета, посоветувајте се со својот матичен лекар!
забава Бремените
Автор: bobik
Кога детскиот апетит не е само фаза
Во последните години, се повеќе родители забележуваат дека нивното дет...
Вашиот животен простор е преполн со најразлични опасности за најмалите...
Спиење и одмор на новопечената мајка
Без разлика на фактот дека раѓањето на детето е повеќе од посебно дожи...
Природни лекови за настинка и грип
Настинката и грипот се меѓу најчестите вирусни инфекции кои секојдневн...
Во што вреди да вложиш? Во себе
Ако животот е нашата најголема инвестиција, тогаш најмудрите чекори во...