vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Си патувал еден патник од еден град во друг и се здружил со некој друг патник. Одејќи си двајцата така, се задал еден силен облак со дожд и гледајќи дека ќе врне многу дожд, му побарал едниот на другиот патник едно веленце да се наметни, за да не го натопи дождот. Одејќи до некаде дождот престанал и патниците останале суви.
- Ама ако не ти го дадев веленцето, пријателе, жива вода ќе се стореше - му рекол.
- Ти благодарам пријателе што ми го даде веленцето и не наврнав. Многу ти благодарам! - рекол патникот.
Пооди чини до некаде и пак ќе му речел, пооди до негде, пак истото. Одејќи така дошле до една река и слегле да се одморат под сенките, а таму имало и други што се одморале. Во часот кога седнал меѓу луѓето, патникот почнал да се фали дека на другарот му го дал веленцето да не го наврни дождот. Речи, па речи, речи ,па речи, па најпосле другар му се разлутил, станал од кај што седел па се фрлил во реката и се направил жива вода.
- Е доста ме мачи бре чоече, со тоа твое палено веленце: "Веленцето ако не ти го дадев, дождот ќе те истопеше, веленцето ако не ти го дадев жива вода ќе станеше!" Е, од олку повеќе ќе се истопев? Бре нечоек! На', еве се истопив повеќе од што дождот ќе ме истопеше, само и само да те замолчам, да не ми се фалиш, оти ме пукна со тоа твое веленце што ми го даде! - му рекол на лутина, си го јавнал коњот, па си отишол по патот сам.
Адаптирал: Барбара Синадиноска
забава Бремените
Автор: bobik
Тестови за овулација. Кога и како да ги направите?
Ако планирате бременост, препознавањето на плодните денови може да ви ...
Што се пореметувања на спиењето?
Спиењето е една од основните потреби на човекот и има важна улога во о...
Четирите фази на менструалниот циклус
Менструалниот циклус е природен процес во женското тело, кој секој мес...
Кои се најчестите аномалии на матката?
Матката е важен орган на женскиот репродуктивен систем, во кој се разв...
Каде да побарате стручни совети пред зачнување?
Одлуката да станете родители е важен чекор, а подготовката за бременос...