namesp во 10:12
Новото секојдневие на децата со аутизам
Маја Невчевска, 27.4.2016
Ако го анализираме аутистичниот спектар на нарушувања како термин за група на комплексни нарушувања на развојот на мозокот доаѓаме до прашањето на трите главни сегменти. Во тријадата на нарушувања ги забележуваме тешкотиите во говорот, јазикот и невербалната комуникација.
Главниот проблем не е дека детето не може да зборува, туку дека има проблем со комуникација. Тоа често може да повторува совршено, но истите зборови не може да ги користи во друга ситуација. Кога ги анализирам проблемите на социјалната интеракција, забележувам дека децата со аутизам различно се поврзуваат со нивните родители, но и со оние кои водат грижа за нив. Се' зависи како ги перципираме нивните потреби. Детето со аутизам може да се спријатели, но често не знае како да го направи тоа. Учењето на децата со АСН (аутистичен спектар на нарушувања) на социјални вештини е најважно за нивниот развој. Децата имаат големи тешкотии со фантазијата и внатрешниот говор, ретко може да покажат имагинарна игра, имаат проблеми и во разбирањето, но тие чувствуваат, пред се' интерпретирањето на изразот на лицето.
Важно прашање е каде се корените на аутизмот? Истражувањата покажуваат дека се во многу раниот развој на мозокот. Сепак, повеќето видливи знаци на аутизам и симптоми на аутизам имаат тенденција да се појават помеѓу 2 и 3-годишна возраст.
За жал, бројот на лица со аутизам секојдневно се зголемува, рапидно расте, според СЗО - 1:68 деца имаат аутистичен спектар на нарушувања. Потребна е социјална поддршка. Мора да размислуваме кои социјални вештини да ги користиме во комуникацијата, да ги споиме науката и практиката за да има резултат во говорните вештини, вештини на игра, разбирање емоции, справување со конфликти и вештини за стекнување пријатели.
Мора да користиме практични идеи за развивање на различни социјални вештини. На пример, со домашните, затоа што проблем претставува и недиференцирањето на емоциите и говорот на телото. Децата не знаат да кажат дали се среќни или тажни, дали се збунети. Постојат различни идеи и игри кои ќе му помогнат на детето да ги диференцира своите емоции, но и емоциите кај другите луѓе. Секоја игра не може да одговара на секое дете, па затоа може да се модифицираат за да го привлечат неговото внимание.
Дефектологот и родителите треба да го препознаваат изразот на лицето. Потребни се обиди, вежби, многу труд, многу љубов и работа. Резултатот ќе дојде. Децата имаат емоционален речник на среќни, тажни и лути со нешто помеѓу. На пример, јас користам фотографии со одреден израз на лицето за да може детето да ги види сличностите и разликите на изразот на лицата и кој израз за која одредена ситуација би бил. Ова помага за генерализација.
Еден од најголемите проблеми на децата со аутистичен спектар на нарушувања, кој ќе се сретне во нивното учење е генерализација. На пример, децата кои немаат АСН често ќе научат вештина дома, како што се врзување на врвците, а потоа да биде во можност да го направи тоа во различни ситуации. Децата со АСН, сепак, може да имаат потреба повторно да се изучуваат вештините во новите средини и со нови луѓе. Поради тешкотии во развојот на социјалната имагинација и нивните општи тешкотии во „размислување надвор од кутијата“, многу деца учат вештини, но тогаш имаат тешкотии да ги реплицираат нив во друга средина.
Овие деца не можат да ги разберат сличностите помеѓу врзување на врвците дома и врзување на врвците на училиште. Ова е многу важно да се има предвид при решавање на социјални вештини. Постојано треба да се повторува одредената вештина и секогаш да се настојува детето самостојно да ја изврши дадената задача. Многу пати ќе одбива да соработува, а тоа ќе го изразува преку плачење, викање, но ние ќе бидеме упорни и истрајни во нашата работа, се' додека не добиеме резултат.
Секогаш вештината која се учи треба да се поврзе со конкретни, вистински опипливи ситуации, со многу примери. Особено важно е користењето на имињата на луѓето, да се добиваат различни ситуации, во различни средини, со многу луѓе, со цел детето за одредената вештина која ја учи да може да ја користи во секојдневниот живот. Не смееме да заборавиме да го користиме говорот, покажување со прст и именување. Иако се запознаваме со одредена емоција, буква или пак бројка, никогаш да не забораваме заедно со детето да покажете со прст каде се наоѓа тоа што го бараме и да го именуваме. На почетокот детето работи со помош, но целта ќе ја постигнеме кога детето самостојно ќе ја изврши одредената активност.
Социјалните вештини и социјалните ситуации треба да се разложат, да се објаснат и практикуваат, со цел децата со АСН да ги апсорбираат на ниво што има смисла за нив.
Една млада жена со Аспергеров синдром објаснува:
„Тоа е како кога сите играат некоја комплицирана игра и јас сум единствената на кого не и' се кажани правилата“.
Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:
Иако многу родители не го знаат значењето на скратеницата CRP, тие се свесни дека неговите вредности можат да покажат да...

Сте забележале дека Вашето дете се однесува полошо со Вас отколку со другите лица? Во градинка може да биде мирно и да ...

Многу често ние родителите се запоставуваме самите себеси заради доброто на нашите деца. Но, она што стручните лица го м...

Ласкавата титула "Најзгоден татко на Инстаграм" ја носи италијанскиот моден блогер и дизајнер, а штом ја видите пр...
