Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
“Ги сакам своите пријатели и сакам да се забавувам со нив, но почнувам да ги избегнувам бидејќи не можам да ги поднесам нивните деца. Со нив е невозможно да се води нормален разговор, ниту по телефон, бидејќи децата постојано не' прекинуваат. Од друга страна, со моите деца немам такви проблеми. Тие не можат да сфатат дека сакам насамо да ги гледам, но јас навистина никако не можам да се опуштам кога се тука нивните деца”, кажува една мајка.
Туѓите деца моат да бидат предмет на константна иритација – без оглед на тоа дали имате свои деца или не. Многу се чести ситуациите во кои родителите ги сакаат своите деца, но не можат да поднесат кога им е тука друштвото. Им се чини дека тие деца се погласни, безобразни и апсолутно не симпатични.
Чест проблем
Ако сакате секогаш да имате контрола врз ситуацијата, тоа може да ја зголеми анксиозноста и стресот кога сте во друштво на деца бидејќи туѓите деца нема да можете да ги контролирате. Слично на тоа, ако сте навикнати секогаш да бидете во центарот на вниманието, нема да Ви биде драго да се борите со детето за внимание. Во таквите ситуации може да се почувствувате маргинализирано.
Самоодбрана
Децата може да предизвикаат различни реакции кај Вас. Можат да Ве потсетат на личност која не ја сакате, или на Вас самите. А ако имате тежок однос со едниот од родителите та може да го припишете и на детето. Веројатно сте го чуле она: “Ах, иста е како мајка и!”.
Несигурноста и сопствениот родителски стил исто така може да влијае на тоа како се однесуваме кон децата. Се претпоставува дека ако сте родител дека сте стручњак за деца. Но тоа не е баш така. Вештините не доаѓаат сами од себе кога ќе станете родител. Затоа што тоа се очекува од нас, често ни е тешко да признаеме дека имаме недостатоци како родители. Затоа често се случува на туѓите деца да го манифестираме незадоволството од родителството.
Добриот однос со туѓите деца треба и може да се извежба.
Преземете акција
Дали сте забележале дека не ги сакате туѓите деца? Дали сте размислувале за причините?
забава Бремените
Автор: bobik
Што значи балансирана исхрана?
Покрај мноштвото совети за здрав живот, балансираната исхрана е тема н...
Мали ритуали без кои ништо не ќе биде исто
Многу луѓе не ги оставаат овие навики дома, дури ни кога се на одмор....
Музика за бебето уште пред да се роди – мит или наука?
Многу идни родители пуштаат музика на нивниот стомак, верувајќи дека б...
Кога бебињата почнуваат да паметат лица и предмети?
Од првиот момент кога ќе ве погледне, ви се чини дека вашето бебе веќе...
Што е посмешно да работиш во Македонија?
Млад, забавен, паметен...се само дел од епитетите кои го опишуваат сте...
Независност.
Admin
Дали вашите деца се донекаде независни или сè уште ги храните и ги успивате? Мислам на деца од 2,5 години и нагоре.