Vedrana13 во 19:37
на тема RE: Вештачко оплодување VIII дел
Поводот за оваа наша денешна дружба со неа е издавањето на нејзиното првенче, романот „Украдено детство" кој деновиве излезе од печат, во соработка со издавачката куќа Збор.
Захарули е дипломиран економист, сопруга и мајка на две деца, а нејзината љубов кон книгите била причина да ја креира ФБ групата Читаме заедно, катче во кое другаруваат љубителите на пишаниот збор.
Рингераја: Кога ја откри љубовта кон пишувањето?
Захарули: Љубовта кон пишувањето ја открив уште од мала. Откако се описменив пробував да напишам некоја песничка а правилото ми беше да е од две строфи.
Рингераја: Имаш ли учества на литературни конкурси, освоени награди , објавени други дела..?
Захарули: Во основно и средно образование често учествував а потоа извесен период имав пауза, освен што читав книги немав ни збор напишано.
Рингераја: Ова е твој дебитантски роман. Кога започна со пишување и како сфати дека тука 'лежи' книга? Колку време беше потребно за да ја напиш книгата? Од каде инспирацијата за истата?
Захарули: Се се случи спонтано. Една вечер разгледував книги и како што ги читав насловите си реков - а што би било да има книга со наслов Украдено детство.
Седнав и започнав да пишувам некои белешки, некако сами по себе ми доаѓаа случките и за два-три една имав напишано состав од пет страни. Секој ден имав по некоја идеја плус и додавав по нешто, така што за неколку месеци напишав нешто што личеше на книга. Пред два месеци донесов одлука таа книга ќе ја досредам и ќе ја издадам со тоа што самата себе ќе си исполнам една огромна желба и така се случи. Инаку во книгата настаните се случуваат онака како што ми беа мислите во моментот.
Рингераја: За која читателска публика е наменет?
Захарули: Романот е наменет за цела читателска публика и со оглед на тоа дека е мое прво дело, се надевам дека ќе им се допадне.
Рингераја: Каков беше процесот околу издавањето на истата. Како дојде до соработката со издавачка куќа Збор? Каде читателите можат да ја набават?
Планови околу промоција?
Книгата може да се набави од издавачката куќа Збор.
Со оглед на тоа што ова е мое првенче, јас искрено многу сакам да има промоција, но за жал со оглед на моменталната состојба промоцијата ќе се одржи кога ќе се свират погодни услови. А се надевам тоа ќе биде за брзо.
Рингераја: Членуваш во читателски групи на социјалните мрежи, а во една си и администратор. Какво мислење имаш за македонците како читатели?
Како автор и како читател, каква е твојата слика за македонските автори?
Захарули: Книжевните групи ми се омилени и максимално време посветувам на нив. Да, јас сум администратор на групата Читаме заедно заедно со Стојне Ангелеска и вложуваме максимум во нашите омилени книги.
Македонците како читатели ги има во голем број и тоа особено ме радува. Секогаш се расположени да споделат мислење за книги, да учествуваат во дискусија, дури и во сите предизвици што ги имаме. Голема благодарност до нив.
За македонските автори можам да кажам дека се мои фаворити. Без разлика на темата и жанрот јас до сега немам оставено недочитана книга од македонски автор. Голем дел од книгите од наши автори сум прочитала и секоја ми се допаднала на свој начин.
Рингераја: Каква литература читаш ? Кој е твој омилен жанр? Кој автор те инспирира?
Захарули: Најчесто сакам да читам лесни книги, романси но често се случува да прочитам и по некој трилер. Во принцип читам се. Секоја книга што ќе падне во мои раце мора да биде прочитана.
Рингераја: Читаш ли македонски автори? Кои меѓу нив би ги издвоила?
Захарули: Како што и претходно кажав, македонските автори се мои фаворити, не би можела да издвојам некој бидејќи ги читам сите и колку повеќе книги има од нив толку повеќе се трудам сите да ги прочитам. Можам само да кажам дека имаме вистинско богатство од македонски автори.
Благодарност до Захарули за издвоеното време.
И посакуваме успеси и многу тиражи.
А Вам драги читатели,топло Ви ја препорачуваме нејзината книга.
Да читаме македонски автори!
забава Бремените
Автор: bobik
Иако звучи целосно неверојатно, но човечкото тело може да биде алергич...
Од првата кашичка до денешниот апетит
Нашиот однос кон храната не се формира случајно. Tој е длабоко поврзан...
Да станеш мајка е едно од најдлабоките и најмоќните искуства што може ...
Куклите во животот и растењето на девојчињата
Куклата е едноставна, тивка и често потценета играчка која останува ва...
Важноста на гинеколошките прегледи
Во современото општество, грижата за здравјето станува сe поактуелна, ...
Млеко.
Admin
По една година, кое млеко е поздраво да му се дава на дете: