|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Моја Кравица и Дукат не се пуштени во продажба!

Редакција Рингераја, 21.2.2013
Агенцијата за храна и ветеринарство излезе со официјално соопштение за јавноста!
Клучни зборови:

image
/11

За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Google
Ringaraja logo
Постави




Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Македонија во текот на вчерашниот ден доби официјално известување од Управата за ветеринарство на Република Србија за повлекување од продавниците во Србија на повеќе видови на млеко од различни производители, кај кои е утврдено зголемено присуство на афлатоксин М1 над дозволените граници.  

По добивањето на известувањето, инспекторите од Агенцијата за храна и ветеринарство веднаш започнаа со контролите на терен (на продажните места и во магацините на увозниците), при што е утврдено дека од сите наведени видови на млеко, во Република Македонија е увезена одредена количина единствено од производот “MOJA KRAVICA 2,8%MM“, со рок на траење до 14.07.2013.4EN 10, од производителот IMLEK Белград.

Целокупната увезена количина се наоѓа во магацините на увозникот, што значи дека спорниот производ не е пуштен во промет. Инспекторите од Агенцијата зедоа мостри од наведениот производ со цел потврдување на резултатот, и со истиот ќе се постапува во зависност од лабораторискиот извештај.

Во продолжение, а во насока на информирање на јавноста, ја даваме листата на производи во Србија кај кои е утврдено зголемено присуство на афлатоксин.

Во исто време, како резултат на донесеното Решение за задолжително лабораториско испитување на млекото и млечните производи кои се увезуваат во Република Македонија, Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Македонија утврди зголемено присуство на афлатоксинот М1 во уште еден производ по потекло од Република Хрватска.

Станува збор за производот “Млеко Дукат УХТ 2,8%ММ +7 витамини 1Л“, со рок на траење до 19.04.2013 година. Целата количина од овој производ (околу 2.000 литри), се наоѓа во магацинот на увозникот, односно воопшто не е пуштен во промет и истиот согласно законската процедура ќе биде уништен. Останатите производи од наведената пратка (вкупно 35) се исправни и истите ќе бидат пуштени слободно во промет.

Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Македонија продолжува будно да ги следи случувањата во делот на млекото и да презема соодветни мерки и активности за заштита на потрошувачите. 



Извор: Агенција за храна и ветеринарство

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Зошто моето бебе дише толку брзо?
Одличноооо, таа спие сега конечно можам да се одморам!Чекај, дали се уште дише? Па, да, градите и се креваат.Сега да пре...
4
Календар на исхрана од 4-12 месеци
Воведувањето на цврста храна кај доенчињата може да биде забавно, весело и интересно, но е предмет на сомнежи и двоумење...
3
Како да направите домашна бебешка храна?
Иако денес постојат многу фирми кои произведуваат бебешка храна, сепак многу мајки одбираат да ги хранат своите бебиња с...
3
Може ли бебето да се одбие од доење ако пр...
Родителите честопати се предупредуваат да не му даваат шише на бебето или цуцла лажливка во првите три или четири недели...
3




Анкета

zenski iminja
JanaMarija

koe od ovie iminja vi e najubavo?

Jovana (37%)

Sofija (25%)

Nina (21%)

Iskra (17%)


Број на сите гласови: 184

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!