namesp во 10:13
на тема Купить водительские права онлайн без экзамена Купите водительские права онлайн без экзамена в любой
Доколку сте го сретнале, сигурно ја знаете и нивната креаторка - @just___adri, чиј профил плени со интересните содржини кои ги нуди.
Од самиот почеток, мене ми е еден од омилените профили, а со приказните на истиот ми започнуваат утрата.
Со задоволство ве поканувам да прочитате во продолжение што поразговараме со Адријана.
Рингераја: Надвор од светот на Инстаграм, која е Адријана?
Адријана: Најпрво, Адријана на прв поглед е многу сериозна и ладна личност, а вистински сум многу дури и некогаш премногу емотивна, и спремна сум да помогнам во секој момент на кого можам, и уживам во тоа." - вели таа за себе.
Рингераја: Како што кажав, еден од омилените Инстаграм профили уште од самиот почеток ми е твојот, а верувам и на многумина.
Како дојде до идејата за истиот? Која беше твојата замисла за него?
Адријана: Инстаграм профилот го водам од околу Септември, 2020 и првата замисла ми беше профил за книги и позитивни цитати, во моментот тоа ме исполнуваше. Истата година околу Нова Година, имав организирано хуманитарна акција ,, Среќата се множи со делење '' во која собравме околу 500 пакетчиња кои беа распределни во болници, детски домови, социјално загрозени семејства и слично. Во тој период профилот ми продолжи во тој правец. Едноставно, го објавувам она што го правам и што го живеам, во моментов се она што го објавувам тоа сум вистинската јас.
Рингераја: Со сопругот од неодамна се преселивте во Полска. Од каде таква одлука?
Адријана: Татко ми е роден во Полска, па така имавме среќа да добиеме Полско државјанство, а потоа и Полски пасош. Решени бевме да си заминеме од Македонија, а најдобрата опција ни беше да се преселиме во Полска, бидејќи подобро е кога имаме некој свој некаде, а тука брат ми живее веќе неколку години, па така завршивме и ние тука.
Рингераја: На твојот блог споделуваш сегменти од твојот живот таму. Која е големата слика за тамошниот живот?
Адријана: Искрено, уште прв пат кога дојдовме во Полска на шетање, земјата ми остави многу убав впечаток, за разлика од некои други Европски земји кои ги имам посетено. Ми се допаѓа културата, начинот на живот, јазикот ( иако е еден од најтешките 10 јазици за учење, има доста сличности со македонски и српски ), ми се допаѓаат слободата и мирот, а највеќе од се што се чувствувам многу сигурно. Moметално живееме во Сопот, на 5 минути од плажа, и тоа е нешто што отсекогаш сум го посакувала и во тоа најмногу уживам.
Често знам да прокоментирам, колку има луѓе на едно место, а нема галама и некоја тензија. Досега, не можам да кажам апсолутно ништо лошо, освен нормално што сме далеку од нашите блиски, ама во денешно време тоа не е и некоја голема пречка благодарение на честите авионски летови. Сега за сега не би се вратила во Македонија, ама секако никој не може да знае животот што носи, ама доколку е се како што треба, не би се вратила во Македонија.
Во однос на Ковид, нема некои посебни рестрикции освен носење маска во затворен простор, и карантин при влез во државата доколку некој не е вакциниран со тука признаените вакцини. Луѓето не ни зборуваат секојдневно многу за Ковид, и не се чувствува толку страв и некоја напната атмосфера во врска со тоа.
Рингераја: Оние кои те следат, се запознаени со твојата работа. Успешно заработуваш од Upwork, а притоа несебично ги мотивираш и насочуваш и следбениците и воопшто секој кој ќе ти се обрати за помош во однос на започнување работа таму.
Адријана: Во врска со Upwork, има толку многу да се каже. Јас почнав да работам на Upwork, така што Upwork ми беше единствената опција во моментот, велам единствена бидејќи претходно работев со нокти, а поради ситуацијата со Ковид тоа не се одвиваше јас како што имав замислено, а никако не сакав да се помирам со фактот да работам некаде во фирма, бидејќи не се пронаоѓав со тоа. Со многу трпение и упорност, дојдов до прв, втор, трет клиент, и еве и моментално го работам тоа во Полска и супер ми оди. Во однос на споделувањето информации околу Upwork, често со луѓето кои комуницирам периодов доаѓам до заклучок дека многу луѓе се заинтересирани за тој начин на работа, ама за жал немаат од каде да се информираат. Па ете, тоа ми дава уште поголема мотивација да им го приближам и овој начин на работа колку што можам повеќе.
Накратко, Upwork е платформа која спојува клиенти и компании, со фриленсери кои имаат некакво познавање и искуство од некоја област. На пример, графички дизајн, веб дизајн, преводи, програмирање, транскрипција и многу, многу други области. Па, доколку некој има било какво искуство, знаење и слично, и доколку сака да започне работа како фриленсер, тука сум за било кое прашање.
Рингераја: Покрај што добар дел од твоите постови ги посетуваш на книгите, нема ден а да не споделиш во приказна информации, цитати, извадоци од книгата која моментално ја читаш.
Кој е твојот жанр? Препораки?
Адријана: За мене времето поминато со книга е највредната инвестиција и најголемиот подарок кој може да си го дадеме на самите себе. Книгите, од било кој жанр може толку многу да не научат, ако знаеме правилно да ги читаме. Еден период бев заразена со романси, па еден период со трилери, а сега можам да кажам дека дома ми преовладуваат книги за самопомош и модерна психологија, на огромна среќа на мајка ми, бидејќи уште пред неколку години пробуваше да ми подметне книги како Моќта на потсвеста, ама и ги игнорирав. :). Oмилен автор за некое чудо немам, а книги кои би ги препорачала се следниве: Сите твои совршености-Колин Хувер, Ова завршува со нас-Колин Хувер, Моќта-Ронда Бирн, Чудесното утро-Хал Елрод, Тајни на милионерскиот ум- Т. Харв Екер и така натаму, ги има навистина многу.
Рингераја: Дневниците Believe-Attract-Achieve се твој производ кој со право ги освои срцата на корисниците.
Адријана: Идејата за дневниците Believe-Attract-Achieve, се роди прво од тоа што јас секојдневно почнав да пополнувам таков дневник. Го добив на подарок, и беше на англиски јазик. И бидејќи сето тоа го објавував на Инстаграм, добивав многу прашања кој е дненикот, од каде е и слично. И така ми дојде идеја да направам сличен дневник на благодарност, ама на македонски јазик, бидејќи на македонскиот пазар немав сретнатно такво нешто, повеќето беа планери и такви работи. Уште од моментот кога ја добив идејата за дневниците, знаев дека ќе успее и едноставно мораше да се реализира. Кога ја споделив идејата со моите блиски, веднаш ме поддржаа сите, и во рок од месец и пол ја изреализиравме целата идеја и околу декември почнаа да се продаваат. Секако дека има простор за подобрување на дневникот, ама можам да кажам дека сум презадоволна како помина и колку луѓе го засакаа и им стана секојдневие. Најголема поддршка имав од моите родители, брат ми и сопругот. Моментално најпопуларен дизајн е Believe, тој најбрзо се распродава. Веќе се печати трета количина на дневниците, а имам и неколку други идеи за оваа година кои се надевам дека ќе успеам да ги реализирам сите.
Рингераја: Јавно зборуваш за проблемот со кој се соочи, а кој е застапен кај многу млади луѓе - акните. Твоето искуство потврди дека вистинскиот пристап кон проблем е клучен за решавање на истиот.
Адријана: Акните ми станаа секојдневие исто од 2020 година, не знам ни како почнаа ниту како ми станаа толкав проблем ама се случи. По неколку испитувања, дознав дека имам некој проблем со хормоните, за жал голем број од девојките се соочуваат со ова во денешно време, па секогаш повторувам благодарна сум на се тоа што ми се случи со акните, бидејќи никогаш немаше да се посветам на средување хормони. Не можам да кажам дека проблемот е скроз решен, ама во споредба со пред околу година, година ипол има доста напредок. Она што мене најмногу ми помогна е тоа што се ослободив од товарот кој го носат акните, почнав да излегувам без шминка, дозволував луѓето да ме видат таква каква што сум , и едноставно се прифатив со тој проблем. На почетокот навистина ми беше многу тешко, како и на сите што се соочуваат со тоа или со некој сличен проблем. Кога почнав јавно да зборувам за тоа, многу девојки ми пишаа дека го имаат истиот проблем, дека многу лошо им влијае психички, дека им ја намалува самодовердбата, и знам дека не сум само јас. Мислам дека поради социјалните мрежи, се створи една скроз погрешна слика за тоа што е убаво, што не е, се пласира некое совршенство кое не постои, се промовираат некои лажни вредности што е многу погрешно и нормално дека ствара комплекси на голем дел од луѓето, бидејќи не секој свесно размислува дека сето тоа не е реално. На се тоа, ми помогнаа советите на Магнолиа, мислам дека нема некој што не ја знае на Инстаграм, и сум и бескрајно благодарна на секој совет, и што е во секое време тука за било кое мое прашање. Најголемиот совет од мене до сите оние кои се соочуваат со нешто слично е ова, сакајте се и прифатете се себеси такви какви што сте. И надворешниот изглед и надворешната убавина се скроз неважни во споредба со внатрешната убавина која ја поседува секој од нас и е најважна. Исто, и тоа дека за проблемите треба да се зборува и да се решаваат, доколку ги чуваме во нас, тие само ни прават штета и штетат на нашето здравје.
? благодариме на Адријана за издвоеното време.
Следете ја нејзината инспиративна приказна на нејзиниот Инстаграм профил.
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Курсеви за возрасни од сите области: РУ Пере Тошев
Со мисија да овозможи описменување на целокупното возрасно население, ...
Сакајте го Вашето бремено тело
Вашиот стомак е непобитен доказ дека сте бремена. Еве што може да очек...
Како да негувате бебе родено во зима?
Надвор е ладно и царуваат вируси, а Вашето бебе само што не пристигнал...
10 луди работи што се случуваат во вашето бремено тело
Додека го поминувате својот вообичаен ден, сето ова се случува токму в...
Грижата за забите започнува уште од најрана возраст
Оралното здравје на децата е основен чекор за одржување на целокупното...