vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Лисица и Јарец
Паднала лисицата во еден бунар и била принудена да остане долу, зашто не можела сама да излезе горе. Во тоа време јарецот многу ожеднeл и тргнал да бара вода. Дошол до истиот бунар и кога ја видел лисицата, ја прашал дали е убава водата. Не кажувајќи му ништо за својата незгода, лисицата започнала да ја фали водата како многу убава и го поканила јарецот да слезе долу и да се напие. Слегол тој и кога се напил вода фатил да се врти наоколу, барајќи пат да излезе од бунарот. Лисицата му рекла :” Јас смислив како ќе можеме да се качиме горе и да се спасиме обајцата: потпри ги ти предните нозе на ѕидот од бунарот и исправи ги роговите. Јас ќе се искачам по твојот грб горе, а после ќе те извлечам и тебе”. Јарецот помислил,помислил и се согласил со нејзиниот предлог. Се исправил на задните нозе, ги потпрел предните нозе на ѕидот и ја кренал високо главата. Лисицата по неговиот грб, глава и рогови,стигнала горе и кинисала да си оди без да се сврти назад. Кога јарецот ја запрашал зошто си оди, а не го исполнува ветувањето, таа се свртела и му рекла :” Ех, драги мој, да имаше памет колку влакна на брадата, не би слегувал во бунарот пред да промислиш како ќе излееш од него.”
забава Бремените
Автор: bobik
10 навики што можат да ви го подобрат здравјето
Доброто здравје не се гради преку ноќ, ниту бара драстични промени во ...
Начини како да ја вратите интимноста
Често, новите родители мораат да се трудат многу за да воспостават пов...
Заминувањето на спиење, не смее да биде казна!...
Влијанието на загадувањето врз плодноста
Загадувањето на животната средина не влијае само врз белите дробови и ...
Конечно бремена. Што следува по позитивниот тест?
Позитивниот тест за бременост може да донесе огромна радост, возбуда, ...