|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Лековити растенија за полесно зачнување

Ана Метикос, 7.4.2022
Лековитите растенија се дар на човештвото против многу болести и несакани состојби. Тука можеме да ја споменеме и храната која исто така може да биде лековита.

image
/11


Во 40% од случаите, неплодна е жената, во 40 % мажот, а преостанатите 20 % и двајцата партнери. Околу 15 до 20 % од паровите се неплодни (не можат да зачнат и по една година незаштитени односи, додека само 1 до 2 % се стерилни. Од оние кои бараат помош, половина зачнуваат природно или со медицинска помош.


За полесно зачнување, можете да се обидете и со алтернативните методи акупунктура, акупресура и хомеопатија. Техниките за опуштање можат да го намалат стресот кој понекогаш придонесува за неплодност. Исто така можат да помогне масажа, јога и медитација.


Микронутриенти 


Цинкот e важен за плодност кај двата партнера (додаток од 15 мг на ден). Со него земајте и бакар. Недостаток на цинк влијае на лош квалитет на спермата. Цинкот го има во спанаќ, мешункасти растенија, џигерот, млекото, говедско месо, сирење, сардина, морков и суви сливи.  

Витамин Ц се покажал добар кај машките, бидејќи ја зголемува количината на спермата.

Витамин Б6 се покажал како добар борец против неплодност. Најмногу го има во спанаќ, мешункасти плодови, банани, тиквата, кељ и брокула.

Фолна киселина се препорачува во првото тромесечје од бременоста. Ја има во посно месо, риба, мешункаст зеленчук, овошјето и интегралните житарки.

Аргинин им помага на мажите со мал број на сперматозоиди. Најдобар извор е сончогледот. Останати извори се кикирики, бадеми, леќа.

 

Лековити растенија 


Мацина трева (очајница)  е лековито растение со кое жените традиционално се лекуваат од неплодност. Од оваа трева се подготвува чај, три пати дневно по една чаша во време кога сака да забремени. Не смее да се пие за време на менструација.

Шведска горчливка – се прави чај и се пие редовно повеќе од еден месец.

Честославица – една мала чајна лажичка од честославица се потопува со врела вода и се остава 5 минути. За жени.

Имела (сок) – наутро на празен желудник се зема 25 до 30 капки сок од имела. Исто толку капки се земаат и навечер пред спиење. Сокот може да се купи во аптека, но поделотворен е свеж. За жени.

Ѓумбир -  значајно го зголемува бројот на сперматозоидите и нивното движење. Може да се зема во облик на чај или како додаток, зачин во храната.

Малина – чајот од листовите на малината се препорачуваат за поголема плодност, а и на трудниците за смирување од иритација на матката.


Причина за секој втор спонтан абортус е неможноста плодот да се развие. Најважен знак по абортусот (до 3 месеци) е крварењето. Знаци на абортус кој настанува подоцна (од 3 до 7 месец) се слични  како породување.


Вркута – на жените кои им се заканува абортус или веќе го имале треба да пијат дневно 4 до 6 чаши чај од вркута.

Мајчина душица – дневно да се пијат 2 чаши голтка по голтка.

Американска удиковина – 20 капки на ден. Доколку се појави благо крварење се зема на секои два часа, додека крварењето не престане.

Чајна мешавина – добро промешајте подееднакво делови од столисник (ајдучка трева) и вркута. Дневно пијте по 2 до 3 чаши од овој чај, голтка по голтка.

Чајна мешавина –  1 лажица маточина и иван – цвет, и пола лажица малина и коприва да проврие во половина литар вода. Да се пие во текот на денот, не повеќе од три чаши.


Извори: Зелена аптека, Божја билна аптека, Советник за здравје; подготвила, Ана Метикош

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Не си виновна што не можеш да забремениш!
Еднаш многу одамна, веројатно се обидувавте да ја избегнете бременоста по секоја цена. И со право - секој период од живо...
5
Четирите близначки на Гарднер конечно дома!
После 8-годишна борба за зачнување, парот Гарднер од Јута ја прослави првата ноќ со своите 4 девојчиња близначки дома. П...
3
Секоја жена најзадоволно се смее двапати!
Жената има две насмевки, една кога сфаќа дека е заљубена и друга кога за првпат ќе си го види бебето
3
Ако не успее веднаш....
Бременоста многу ретко може да се планира. Мал број мајки можат да бидат “горди“дека забремениле при првиот обид. Зошто...
3




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?