Vedrana13 во 19:37
на тема RE: Вештачко оплодување VIII дел
Консултирајте се со лекар
Пред да започнете со некоја диета, консултирајте се со лекар. Најлесно е да се распрашате кај матичниот лекар и ако тој процени дека не може да помогне, ќе ве упати кон специјалист за исхрана. Лекарот ќе ја анализира диетата и ќе процени дали е соодветна за вашето здравје. Ова е особено важно, ако имате било какви болести (висок крвен притисок, анемија и др.) Исто така, ако диетата е строга, ќе процени дали организмот е способен да ја издржи.
Диета според буџетот
Не помалку важно при изборот на диета е дали можете да си ја дозволите. Погледнете ја препорачаната храна и пресметајте колку би ве чинело неделно да ја консумирате. Постојат диети, кои се лесни за почитување и евтини, додека други, како медитеранската исхрана, се доста поскапи.
Исхрана без физичка активност? Подобро не!
Нормално е во секоја диета да има препорачани вежби. Физичката активност е задолжителен елемент на секој режим за слабеење. Ако сепак сте цврсто решени да се подвргнете на конкретна диета, вклучете умерена физичка активност - барем 3-4 пати неделно по 1 час.
Броете калории
Калориите се единствениот објективен начин да видите колку и каква храна земате секој ден. Големината на порциите често е погрешна и не се зема во предвид специфичната храна, ниту начинот на нејзината подготовка, што најмногу влијае на калориите.
Има ли ризици и недостатоци?
Пред да одберете диета, проверете какви се недостатоците на конкретниот режим на исхрана. Проверете за ризици за здравјето кои може да ги предизвика (особено кај монодиетите и диетите кои исклучуваат одредени хранливи групи).
Билансот ја создава разликата
Според анкетите најуспешните диети се балансираните. Има препорачан сооднос на основните хранливи групи. Ако калориите кои ги примаме дневно се 100%, тогаш помеѓу 10 и 35% треба да доаѓаат од протеини. Јаглехидратите треба да се меѓу 45 и 65%, а мастите - од 20 до 35%.
2
2
2
2
забава Бремените
Автор: bobik
Менструацијата по првиот циклус
Првата менструација (менарха) е важен момент во развојот на секое дево...
10 здрави ужинки за малите грицкачи
Децата обожаваат да грицкаат помеѓу оброците. Но честото внесување сла...
Контрола по терапија: Клучот за сигурно закрепнување
Кога ќе завршиме со пропишаната терапија, природно е да се запрашаме: ...
Денес зборуваме за соништата, оние вистинските, оние кои понекогаш се ...
Промените кои се природен дел од бременоста
Многупати сме спомнале дека бременоста носи бројни промени во телото и...