|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Како да забремените побрзо?

Редакција Рингераја, 18.6.2013
Кога се обидувате да забремените животот може да Ви биде забавен – секогаш имате изговор за да добиете љубов од партнерот. Додека многу парови мислат дека забременувањето трае само неколку денови, тоа всушност може да потрае подолго време

image
/11


 

 

Ако сте користеле пилули, лепенки и импланти за контрацепција, може да помине звесно време додека Вашето тело се врати во нормала.

Забременувањето може да биде фрустрирачки, исто така. Затоа се направени извесни истражувања за да знаете како да забремените побрзо. Од менување на различни секс позиции, до промени во начивот на исхрана...постојат различни начини како да ги зголемите шансите за забременување.

 

1

Полесно е да се каже отколку да се направи, се разбира, но здравата исхрана и здравиот начин на живот е навистина важен, ако сакате да ги зголемите шансите за забременување. Редовно вежбање  и урамнотежена исхрана ќе им помогнат на Вашето тело да биде во топ форма.

Јадете свежо овошје и зеленчук од различни групи на бои – тоа е лесен начин да бидете сигурни дека добивате клучни витамини и минерали во телото. Тоа значи дека треба да јадете боровинки, малини, пиперки, домати, листест зеленчук и марулки. Друга храна  која би можела  да ги подобра Вашите шанси за забременување е храна богата со цинк – како остриги. Фолната киселина е првото нешто кое се зема во текот на бременоста, но е исто така важна за жените кои се обидуваат да забременат. Храна во која има фолна киселин ае брокулата и спанаќот.

Обидете се да вклучите два млечни оброци во исхраната секој ден, но бидете сигурни да ги балансирате со многу овошје и зеленчук. Идејата е да се добијат придобивки од различни групи на храна во еден ден.

 

2

 

Земајте витамини

Постојат неколку клучни хранливи состојки кои му се потребни на Вашето тело за да забремените. Тоа се следните витамини, кои треба да продолжите да ги земате и во бременоста

витамин Е

цинк

бакар

калиум

витамин А

витамин Ц

витамин Д
тиамин Б6
рибофлавин
ниацин

 

3

 

Правилна телесна тежина

Ако сте прекумерно тешки или многу слаби, може да ги намалите Вашите шанси за забременување.

Со прекумерната тежина се зглемуваат шансите за всок крвен притисок и дијабетес во текот на бременоста, а може да се појават и други компликациии.

Никогаш не се ставајте на неразумни диети со цел да ја изгубите тежината, сето тоа треба да се направи разумно и во консултација со Вашиот гинеколог.

 

4

 

Детоксификација

Да, добро слушнавте. Тоа старо и не многу забавно нешто. Постојат неколку начини со кои можете да направите детоксификација на организмот, оставете ги цигарите и алкохолот. Пиење на една чаша црвено вино е во ред, но тоа треба да се намали на 1-2 пати неделно. Истото важи и за Вашиот партнер, цигарите и алкохолот влијаат на квалитетот на неговата сперма. За цигарите е докажано дека имаат директна врска со намалувањето на плодноста кај мажите и жените.

 

5

 

Кофеин

Додека сме кај темата пороци, ајде да го споменеме и кофеинот. Жените кои пијат повеќе од 4 кафиња на ден, ги намалуваат своите шанси за забременување на 26%. Сепак, не треба да се чувствувате виновни ако се напиете филџан утринско кафе. Но не претерувајте!

 

6

 

Имајте редовен секс

Колку често треба да се води љубов за да се добие позитивен тест на бременост? Според една анкета, просечна двојка  треба да има 104 сексуални односи, за да зачне. Тоа можеби звучи како голема бројка, но може да Ви биде возбудливо во секој момент и на секое место да се обидувате да забремените.

И не заборавајте: не трчајте да се туширате веднаш по сексуалниот однос, лежете со партнерот гушнати – тоа ќе Ве натера да се чувствувате убаво и двајцата, а најважно од се, ќе ја задржите спермата подолго во Вашето  тело.

 

7

Познавајте го Вашиот циклус

Повеќето лекари се согласуваат дека овулацијата кај жените се случува на две седмици од првиот ден на менструалниот период.  Додека сперматозоидите можат да живеат 7 дена во внатрешноста на матката, јајце клетките имаат многу пократок животен век – живеат колу 24 часа. Но тоа не треба да Ве спречи да поминете незаборавни денови на љубов и во другите денови од периодот. Рековме, колку повеќе, толку подобро.

Проверете Календар за овулација

 

8

 

Посетете го Вашиот лекар

Ако активно се обидувате да забремените, можеби е време да го посетите Вашиот лекар.  Можете да дискутрате за проблемите кои ги имате и да добиете совети за начинот на живот и правилната исхрана.  Сигурно дека ќе добиете совет да ги откажете цигарите и алкохолот, но не е страшно, се за бебето, нели?

 

9

 

Подобрете ја здравствената состојба на Вашиот партнер

Кога станува збор за забременување, здравјето на Вашиот партнер е исто толку важно колку и Вашето.  Исто како и Вас и партнерот треба да се грижи за здравата исхрана и да размислува за вежбање.  Исто така може да зема витамин Ц и витамин Е за поздрава сперма и побрзи “пливачи”.

Нека Вашиот партнер исто така ги минимизира шансите за стрес, или барем да посети лекар кој ќе изнајде најдобар начин за справување со стресните ситуации во животот.

 

10

 

Секс позиции за забременување

Некои секс позиции се подобри од другите за забременување. Кога спермата се обидува да плива по Вашиот јајцевод, добро ќе и дојде дополнителна помош со избирање на адекватни секс позиции. ТУКА се позициите кои ги зголемуваат шансите за забременување.

 

11

 

Избегнувајте стресни ситуации

Самото обидување да забремените може да биде стресно, ако Вие и партнерот сами си правите притисок.  Студиите покажуваат дека жените со ензим на стресот имаат 12% помали шанси да забременат за време на најплодните денови од циклусот. Стручњаците советуваат да применувате техники за релаксација, јога и медитација.

Ако навистина сте загрижени зошто толку долго не се случува бременост, посетете го Вашиот матичен гинеколог за консултации.

 

12

 

Колку долго ќе трае процесот на забременување?

Општо земено, кај повеќето парови е потребна една година за да дојде до забременување. Кај некои тоа може да трае и подолго.  На двојките им се препорачува да посетат гинеколог ако не дошло до забременување и една година откако почнале да се обидуваат.

 

 СРЕЌНО!!!

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Секоја жена најзадоволно се смее двапати!
Жената има две насмевки, една кога сфаќа дека е заљубена и друга кога за првпат ќе си го види бебето
4
Фото: Вака изгледа борбата за бебе!
Не постои нешто што жените не би направиле за да си го исполнат сонот да станат мајки. Секојдневно, голем број од нив по...
3
Следење на овулација – исцедок од вагина (...
Како да го пратите природниот циклус на жената и да ги одредите плодните денови со помош на исцедок од вагината?
3
Следење на овулација - овулациски тестови
Како да го следите природниот циклус на жената и да ги одредите плодните денови со помош на овулациски тестови?
3




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?