|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Изложба на Филип, деветгодишното момче со аутизам

Во мојот свет, 11.12.2022
Уметноста појака од аутизмот. Изложба на деветгодишниот Филип со дела кои ќе ве остават без зборови

image
/11


Скопје, 09.12.2022 - Смислата на животот е да го пронајдете својот подарок, а целта на животот е да го искористите тој подарок. Деветгодишниот - Филип Циглењак Симоновски од Скопје сигурно не знае за таа изрека на познатиот сликар Пабло Пикасо, но со својата детска креативност, Филип, токму преку талентот за цртање ги проширил границите на својот свет ограничен со фактот дека тој е - момче со аутизам.

Филип е редовен ученик во четврто одделение при основното училиште „Ристо Крле“ во Кадино, а од своја четиригодишна возраст сосема случајно почнува да слика акрил на платно. Оттогаш неговите слики чии најчест мотив е природата зборуваат со силни бои и носат наплив од емоции.

Во среда (14.12.2022), во 11 часот во организација на ЈУ. Детски културен центар – „Карпош“, здружението „Во мојот свет“ и Идеа Лаб околу 40 уметнички дела на Филип ќе бидат изложени во ЈУ. Детски културен центар - „Карпош“.

Со оваа изложба, Филип ќе покаже колку е посебен, талентиран и единствен. Цртањето и сликањето се всушност еден вид невербална комуникација, па така Филип преку неговите уметнички дела на вистински начин го изразува своето внатрешно битие со околината која со интерес ја следи неговата креативност.

Преку уметничкото творештво и јавното прикажување на создадените дела на децата со аутизам, можно е да се промени перцепцијата и да се помести утврдениот фокус на типичната популација: - За промена, да ставиме акцент на она што можеме да го направиме, наместо на постојано наведувајќи сè што аутизмот го прави тешко или „невозможно“.

1

 

2

 

3

 

4

 

5

 

6

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Детето беснее, што да (му) правам?
Кога малите деца имаат изливи на бес, родителите ги гледаат само последиците преку нивното однесување, а всушност треба ...
8
Инхалација или сируп?
Дилема на секој родител кога детето има воспаление на дишните патишта: дали е поефикасно детето да се инхалира или довол...
5
Филмско деби на ќерката на Анџелина Џоли
Тргна по стапките на своите родители! Малата Vivienne Marcheline доби улога во филмот Maleficent, секако со мала помош о...
5
Фатете лажливец со ФБИ метод!
ФБИ методи: непотребни детали, боја на гласот и користење на заменки се толку доверливи знаци на лажење што ФБИ им верув...
5




Анкета

Носот.
пеперутка16

Како го чистите носот на малите деца?