vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Сал уште десетина дена и оп -
еве ти ја Зорка во ново четврто одделение
и тоа како?
Со одличен успех и супер поведение!
Ете баш утрово на нешто се сетив,
уште лани во септември, на тато му ветив:
"Веќе сум во трето, не сум во второ
верувај тато ќе си останам на зборот...
И ти биди сигурен, се ќе биде во ред
не ќе имам оценка помала од пет"
Тој бил денес в училиште,
пред малку се врати
и пред сите дома
ме бакна пет-шест пати:
Дојди Зоре - рече, сакам да те гушнам.
В училиште за тебе, се најдобро слушнав!
Ми обели ќерко и образ и чело
дека си од збор, покажа на дело!
Штом ти го исполни даденото ветување,
од мене имаш бесплатно летување.
Местото и друштвото Зоре одбери го сама,
тоа ти е подарок од тато и мама.
Од ова брат ми Васко пребледе како крпа
- леле мајко - викна- и ова ли да го трпам?!
Татината миленичка, била одлична ученичка...
Леле, ама фалење, за чудење и жалење!
Дамава била одлична?
Па одличен ќе бидам и јас!
Е баш сакам да знам
што добивам од вас?
Дека сум одличен, ќе докажам и на дело...
- И да бидеш сине ќе летуваш на село...
Така ќе биде верувај, за жал.
Да летуваш сам сеуште си мал...
Така почна тато брат ми да го смирува,
но тој е невозможен кога се вознемирува.
Воопшто не те слуша, колку сакаш збори.
Во лутината може и сешто да ти стори.
Почнува да вреска, да скока, да фучи
и ако не внимаваш - се може да се случи...
за среќа дедо табиетот му го знае,
па наоѓа начин да го замолчи, да трае...
Го изнесе надвор, за малку да го смекне
оти не се знае - сешто ќе му текне...
А јас што да речам, не можам да кријам
од радост и среќа, три ноќи не спијам!
Исполнето ветување-
- бесплатно летување!
3
забава Бремените
Автор: bobik
Прашањето „Дали ќе бидам добра мајка?“ си го поставуваат многу жени, о...
Одмор покрај езеро може да биде прекрасна можност семејството да побег...
Моето тело знае како да го поддржи моето бебе
Бременоста е период во кој телото прави неверојатни промени. Од првите...
Смири го умот, поврзи се со бебето
Бременоста е период исполнет со убави очекувања, но и со многу прашања...
Знаци и симптоми на спонтан абортус
Спонтаниот абортус е губење на бременоста пред фетусот да може да преж...