namesp во 10:13
на тема Купить водительские права онлайн без экзамена Купите водительские права онлайн без экзамена в любой
Лилјана Ѓеоргиевска, на сите нас добро позната како Martins mom, оваа година најпрво ја доби титулата Вешта жена на Битола, а пред неколку дена победи и на Републичкиот натпревар во Тетово и се здоби со титулата Вешта жена на Македонија. Уште еден дијамант во нејзината круна е тоа што е во благословена состојба...
Редакција Рингераја
Можеме да ја прогласиме 2013 за твоја година, нели Лиле?
Лилјана Ѓеоргиевска
Да, точно, многу работи што не ги очекував ми се случија годинава и тоа само убави. Воопшто не очекував победа на општинскиот натпревар Вешта жена, а уште помалку дека ќе станам вешта жена на Македонија за 2013. Тоа што најмногу не израдува беа двете црти на тестот за бременост, така што кон крајот на оваа 2013 по втор пат ќе станам мама.
Редакција Рингераја
Кога победи во Битола дали посакуваше да победиш и на Републичкиот натпревар? Дали се подготвуваше и усовршуваше пред неговиот почеток?
Лилјана Ѓеоргиевска
Многу сум скромна во очекувањата, ни на крај памет не ми доаѓаше победа. Конкуренцијата во Битола беше голема, а за на републичко не треба ни да зборувам. Со оглед дека сум ептен млада и нова во Вешта жена, тоа правеше уште помалку да се надевам. Имам многубројни обврски во моето секојдневие и не бев во можност да го дадам максимумот од себе, но ете и ова било доволно.
Редакција Рингераја
Раскажи ни го текот на манифестацијата, каде се одржуваше, колку жени учествуваа, дали сите декорации беа правени на лице место?
Лилјана Ѓеоргиевска
Натпреварот се организираше во Тетово, траеше два дена. Првиот ден беше наменет за подготовка на храната и декорацијата на лице место, а вториот за забава и дружење меѓу натпреварувачките и прогласување на победникот. Учествуваа 24 жени од скоро сите градови во Македонија и имаше една учесничка-првата натпреварувачка од дијаспората, поточно од Швајцарија. Бевме оценувани од стручно жири составено од 12 жени, исто така од цела држава. Тоа што е најубаво од целата оваа приказна е дружењето, споделувањето на искуства, размената на рецепти, учење на нови „финти“ во приготвувањето и декорација на храната.
Редакција Рингераја
Како физички го издржа натпреварот, дали имаше проблем со мирисот на различната храна, со оглед на тоа што си во првото тромесечје од бременоста?
Лилјана Ѓеоргиевска
Колку беше забавно, толку беше и напорно за мене. На секоја натпреварувачка и беше доделена по една маса на која што ќе работи, а мојата беше токму првата маса од влезната врата и мораше да ги осетам сите јадења што ќе се внесат во салата. Не бев толку сконцентрирана на работата, колку што внимавав да не се усрамам. За среќа, дел од работата што требаше да ја направиме, беше изработка на икебана, која исто така се оценуваше, па миризбата на свежо цвеќе ми ја подобруваше состојбата.
Редакција Рингераја
Дали беше свесна дека твојата декорација е најубава, или постоеше некоја која тебе повеќе ти се допаѓа?
Лилјана Ѓеоргиевска
Според одлуката на жирито и публиката се докажа дека ете, мојата декорација била најубава и најскладна. Сите маси беа вистинска уметност, секоја жена имаше вложено дел од својата душа за да го изработи тоа, знам колку е макотрпен тој процес од идеја до реализација и затоа сите подеднакво ги ценам и не можам да кажам која најмногу ми се допаднала.
Редакција Рингераја
Во толку голема конкуренција, со толку многу талент на врвот, во конкуренција со жени кои се долги години во овој бизнис, победи младоста и ведриот дух... Какво беше чувството?
Лилјана Ѓеоргиевска
Тоа беше чувство на неочекувана среќа. Јас сеуште ги средувам впечатоците во глава и навистина сметам дека е голем успех за мене, затоа што со мои 28 години и со само второто појавување на оваа манифестација, го освоив врвот. Пресреќна сум!
Редакција Рингераја
Дали следната година имаш право повторно да се пријавиш?
Лилјана Ѓеоргиевска
Да, имам право и догодина да се пријавам, меѓутоа нема да можам, моето бебенце ќе има само неколку месеци и не верувам дека ќе можам да стигнам за да се спремам. Доколку маж ми се потруди малку повеќе да ми помогне, можеби и ќе се пријавам. Вешта жена е заразна работа, така што се може да се очекува...и да паѓаш од умор, едноставно мора да бидеш таму.
Редакција Рингераја
Рингераја ти посакува лесна бременост, живо и здраво бебенце и уште многу успеси на уметничко поле.
Лилјана Ѓеоргиевска
Ви благодарам и вас РР-ки што секогаш сте со мене да споделите среќа и тага. Рингераја ми значела и секогаш ќе ми значи многу!
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Курсеви за возрасни од сите области: РУ Пере Тошев
Со мисија да овозможи описменување на целокупното возрасно население, ...
Сакајте го Вашето бремено тело
Вашиот стомак е непобитен доказ дека сте бремена. Еве што може да очек...
Како да негувате бебе родено во зима?
Надвор е ладно и царуваат вируси, а Вашето бебе само што не пристигнал...
10 луди работи што се случуваат во вашето бремено тело
Додека го поминувате својот вообичаен ден, сето ова се случува токму в...
Грижата за забите започнува уште од најрана возраст
Оралното здравје на децата е основен чекор за одржување на целокупното...