|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Хурем: Дури сега знам што е љубов и среќа

Редакција Рингераја, 27.1.2015
Кога наутро ќе се разбудам си велам себеси: “Боже, јас сум мајка!” Прекрасно е да се биде мајка, но тоа мене ми е толку природно што воопшто не сметам дека било што би се променило
Клучни зборови:

image
/11


 

Историската сага за познатиот султан Сулејман, Мерием Узерли ја напушти заради приватни проблеми во најинтересните моменти, за што загрижените фанови на Сулејман Величенствениот веројатно никогаш нема да и простат. Сепак, сите на глас се согласуваат дека не постои друга Хурем.  Сега кога Величенствениот век е нејзино далечно минато, заносната глумица се подготвува за нови големи телевизиски дела, а полет и дава нејзината 11-месечна ќерка Лара, која ја доби во бурната романса со контроверзниот турски милионер Џан Аташ.

Иако 30-годишната германска глумица со турско потекло и понатаму има обичај да го прекине секој разговор на првото споменување на нејзиниот емотивен живот, одлучи за магазинот Hello да ги открие своите најголеми желби и планови

 

Кога сфативте дека сакате да се занимавате со глума?

Тоа не се случи така едноставно, не се разбудив еден ден да си речам: “Јас сакам да бидам глумица!”. Работите си течеа спонтано, се' течеше природно. Уште додека одев во градинка, родителите ме запишаа во специјално училиште каде на децата, низ различни уметнички работилници, им беше овозможено непречено да ги развиваат своите таленти. Сликавме, пеевме, секој свиреше на некој инструмент, не учеа како да правиме облека и намештај, да ја уредуваме градината, пишувавме поезија и глумевме во кратки претстави и секако моравме да ги знаеме основите на општите предмети како што се математика, физика, биологија.  Постоеја навистина многу опции, можев да станам и сликар и лекар, но во глумењето некако најдобро се снаоѓав и најпријатно се чувствував. Навистина, за глумењето размислував како за професија со која ќе се занимавам еден ден, бидејќи тоа беше составен дел од мојот живот уште од најраните денови.

 

Во кариерата остваривте голем број на театарски улоги. Дали денес би се вратиле на “штиците кои живот значат”?

Секако. Глумењето пред жива публика е сосема поинакво од настапот пред камера. Во театарот реакциите на гледачите се моментални, немате можност да го преправате својот настап, додека пред камера мораме да си играме со емоциите, бидејќи тие не се јавуваат во хронолошки ред. Кога сте на театарската сцена не постојат паузи, кои би ви овозможиле да ја повторите сцената. Кога еднаш ќе излезете пред публика, свесни сте дека час и половина нема враќање назад. Станува збор за две потполно различни работи, кои ми се подеднакво возбудливи. Кога многу снимам, ми недостасува театарската сцена. Од друга страна, кога долго би била ангажирана во театарот, сигурна сум дека би ми недостасувала камерата.

 

Постојат ли карактерни сличности меѓу вас и султанката Хурем?

Мислам дека сите човечки суштества се слични. Кога нешто ве боли, нормално е да не сте среќни. Сите скоро исто реагираме кога станува збор за љубовта и љубомората. Хурем и јас делиме некои карактерни црти, но не и оние најважните. Нормално е дека, ако се заљубам, ќе бидам среќна како што е и таа кога сака некого. Но не живеам во нејзиното време, не се борам за работите за кои таа се борела. Не живеам ниту во харем, па со самото тоа нашиот мотив е поинаков. Затоа не можам да кажам дека сме премногу слични.

 

Која нејзина особина најмногу ја почитувате?

Се воодушевувам на нејзината упорност. Што и да се случи, Хурем никогаш не се предава. Дури и кога целиот свет околу неа би се срушил, таа би продолжила по својот пат, чекор по чекор. До душа, таа на тој пат многумина изгази. Добро е кога човекот е во состојба да продолжи после се.

 

За Хурем љубовта е војна, што е за вас?

За мене е слобода.

 

Како се подготвувавте за улогата на славната султанка?

Кога отидов на аудиција и ја добив улогата, не знаев многу за Хурем, ниту за Сулејман Величенствениот. Никогаш во животот не сум го слушнала името Хурем.  Можеби не сум била на часот кога за тоа се учело во училиште. Сето тоа за мене беше потполно ново, морав да истражувам детално. Читав книги кои се занимаваат со тој историски период, а во денешно време скоро се е достапно, благодарение на интернетот, кој прилично ги олеснува работите.  Најважно ми беше прво да воспоставам контакт со нејзината душа и да изградам карактер кој ќе се базира и на мојата емотивна креативност, а не само на историските факти.  Можете ли да се замислите себеси во книга која е напишана пред многу векови? Само Хурем знае каква личност била навистина. Со големо почитување за султанката, го направив она за што бев уверена дека е најдобро, го изградив нејзиниот карактер низ сопствена интерпретација, емоции и врска со нејзината душа.

 

Колку ви помогна Халит Ергенч додека ја градевте улогата на специфична личност од турската историја?

Работев со многу колеги и популарни и помалку познати за јавноста, но морам да признаам дека соработката со Халит беше моето најдрагоцено искуство, бидејќи тој е еден од најдобрите и најталентирани глумци кои сум ги запознала. Тој е голем професионалец, секогаш совршено подготвен за снимање, но многу е важен целиот океан на емоции, креативност и духовност која тече низ неговите вени. Неверојатно е инспиративен, неговата енергија се чувствува дури и кога ништо не зборува. Енергијата која се создаде меѓу нас беше идеална.  Халит е партнер кој со некое чудо ве тера се' да правите подобро, за на крај да блесне тој сјај, неопходен за заеднички настап. Луѓето кои не ангажираа направија одлична работа.

 

Успевате ли да се носите со контроверзите кои во последните години ве следат во чекор?

Трачевите не ме допираат воопшто. Не го “гуглам” своето име на интернет и воопшто не знам што се пишува за мене. Мислам дека е добро да се биде надвор од се, кон што планирам да се придржувам и во иднина. Секако, ми се случува  луѓето да ми приоѓаат и да ми кажуваат што чуле или прочитале. Мама понекогаш ми се јавува да ме праша што значи ова, па дознавам и на тој начин за себе. Мислам дека луѓето кои читаат жолт печат се премногу интелегентни за да поверуваат во тоа што се пишува.

 

Не сакате да разговарате за вашиот приватен живот. Дали сметате дека со молчење ќе ја смирите љубопитноста во јавноста?

Никогаш нема јавно да говорам за својата интима, бидејќи сметам дека тоа не е пристојно. Навикнав да не ме поштедуваат медиумите во Турција и сфатив дека е најдобро да не се вознемирувам заради тоа, за да не трошам драгоцено време и нерви.

 

Колку ве промени мајчинството?

Често го слушаме тоа прашање: “Добро, стана мајка, дали сега се појави нова Мерием?” Кога наутро ќе се разбудам си велам себеси: “Боже, јас сум мајка!” Прекрасно е да се биде мајка, но тоа мене ми е толку природно што воопшто не сметам дека било што би се променило. Секако, немам повеќе привилегија да ги извршувам работите спонтано, постојат многу работи што треба однапред да се испланираат, потребно е секој ден да биде добро организиран. Значи, ако ме прашате дали Мерием се променила, ќе ви кажам не. И понатаму сум истата личност, само што овој пат на своја страна имам голема љњубов и бескрајно сум благодарна, бидејќи тоа е најголем подарок. Покрај ќерката сум многу среќна и дури сега знам што навистина значи љубов и среќа.

 

1

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Елена Ристеска и Бојан денес се венчаа тајно
Поп ѕвездата Елена Ристеска и нејзиното момче Бојан Ивановски денеска тајно се венчаа во манастирот Св. Јован Бигорски. ...
4
Домашна маска која брише 10 години од ваше...
Уште по првата употреба, ќе го почувствувате импресивниот ефект. Оваа маска ќе стане алтернатива на многу козметички про...
3
Хуморот на Сашко Коцев на Златна Буба Мара
Епизода БАРОК. Смеа до солзи
3
Топ 10 филмови за Денот на вљубените!
Прославете го Денот на вљубените со вистински романтични филмови. Овие филмови имаат се: одлични актери, духовит дијало...
3




Анкета

Фудбал.
пеперутка16

Кој ќе го освои ЕУРО 2024?