|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

hrabra: Мојата породилна приказна

Редакција Рингераја, 10.10.2011
Моментот кога јас се претворив во “ние”

image
/11


 

Моментот кој го очекувате цели девет месеци, а едвај чекате да помине. Моментот за кој живеете и мечтаете цел живот, а кога ќе дојде - умирате од страв. Единствениот момент во кој сите болки, солзи, стравови и трепети ви ја носат најголемата среќа во животот.

ВАШИОТ момент на породување!

 

Ник: hrabra

Датум на породување: 07.03.2011 година

Тип на породување: царски рез

Болница: ГАК

 

 

Се' започна пред 2 години кога ми беше речено дека нема да можам повторно да родам(што беше чудно бидејќи веќе имав едно дете родено).Тоа малку ме погоди , си велев не ми треба второ, доста ми е едно дете и онака многу лошо поминав на породување,  завршив со царски рез во Државна болница. Но после извесно време ме фати некој "инает" и почнав да читам по интернет што би можело да ми помогне. Најдов еден состав на чај кој го пиев 5,6месеци и за чудо останав бремена по втор пат. Бев малку исплашена со оглед на проблемите од првото породување , но си велев не е ништо, ќе помине. Но не беше така...

Мислам дека бев 6,7 недела бремена кога почнаа проблемите, почнав да повраќам многу и да имам многу големи болки во долниот дел од стомакот. Матичната ми велеше дека не е ништо страшно. Но кога во 12 недела добив контракци сопругот ме однесе во приватната болница Ре-медика. За среќа налетав на совесен и искусен др Јане Стојковски кој веднаш ми соопшти што всушност е проблемот - лошо сошиена материца од првото породување, завртена наопаку плус пак деформирана. Веднаш почнав со терапијата што ми ја препиша. По совет на матичната докторка отидов да правам и приска тест. Но бидејќи таа не измерила како што треба, не ми беа точни ни резултатите, ми покажуваа зголемен ризик од Даунов синдром. Потоа ми даде упат за во Државна болница кај д-р Адамова. Кој стрес беше тоа за мене, па за да се осигурам во 19-та недела ми рекоа да направам амниоцентеза. И тоа го направив, истиот ден детето ми крена температура, а јас добив контракции од што бев преморена и исплашена. Но се среди. Најголемиот стрес беше додека ги чекав резултатите скоро 3недели. Најверојатно од тоа, а и од други нервози почна притисокот да ми се качува, како да не беше доволно ова до сега. Направив испитувања, ми дадоа лекови. И си мислев уште неколку недели и готово. Ама во 32 недела ми рекоа дека постелката порано ми зрее, па ми препишаа да пијам таблети Клексан околу 2 недели. На контрола пак ми објаснија дека постелката сеуште си зрее т.е. ми рекоа порано ќе се породам (термин ми беше 21 март 2011)

И така ми ги зачестија контролите во Државна болница. Матичната ми рече во 36-та недела и ЦТГ да направам. И тука проблем - пулсот на бебето одеше до 200 отчукувања, па ми предложија да лежам на патолошка. Првиот пат одбив (исто ми беше и со првото дете, само ме малтретираа), но по неколку дена на контрола покрај другото ми открија и скриен шеќер, па прифатив да бидам задржана, со напомена дека наредниот ден ќе ми извршат царски рез. Ама следниот ден беше петок, требало на некој семинар да одат и ме оставија за во понеделник.Тие два дена се виткав од болки, ми ставаа нон стоп инекции и во понеделникот утрото ми велат спремно е се одиш во операциона сала. Си велам конечно. Почна операцијата со тоа што едвај ме боцнаа во рбетот можеби 5,6 пати пробуваа, но почнав да ги слушам како си довикуваат меѓу себе во стилот тече крв од каде, најди од каде санирај...па има многу вода од каде тече не гледам...ме исплашија ..ама кога го слушнав плачот на бебето се заборавив....

По преглед на бебето сестрата рече дека има инфекција на кожата бидејќи најверојатно плодовата вода била заматена. Ништо чудно си велев, требаше и порано да ме породат ама тоа е.

Бебето беше на антибиотик му помина тоа што имаше додека бевме таму, јас среќна не ми тече раната си одам дома. По 4 дена од враќањето дома ми се појави огромен чир од десната страна на стомакот над раната. За 2 дена додека да се организирам околу децата околу наоѓање на докторката, порасна и 10 мин пред да ме прегледа докторката почна да ми тече многу крв од раната. Ајде некако ми ја исчистија, ама пак тече, демек хематом е ќе му треба време да истече. Добив препорака да доаѓам на преврски и да пијам антибиотик Панцеф 5 дена.  Но не помина. Одам кај друг доктор и тој исто ми кажа - ќе помине... Но пак не поминува, умирав од болки, кренав температура. Отидов пак кај таа што ме оперираше  - пак не гледа ништо. Побара друг доктор за консултација, но не најде. Поминаа неколку денови, во страшни болки. Кога сопругот дојде од работа, јас повторно се виткав од болки. Ме однесе во РЕ-медика и среќа, повторно кај др Стојковски. Ме прегледа ми изваде конец и ми даде совет да одам во ГАК, со неговата дијагноза да побарам од поглавните д-ри да ми дадат соодветна терапија....

Одам таму следниот ден, беше сабота, повторно некоја млада докторка го виде, наодот ми ја среди раната и не ми даде терапија. Јас на своја рака продолжив со антибиотикот до понеделникот, кога одам со наодот кај докторот што ме оперираше се растрча по доктори, се собраа ме прегледуваа ми правеа пункција (да не заборавам да спомнам дека бев близу до губење свест од болки) и ми велат ке те оперираме лапараскопски ама можеби ќе ти го извадиме и едниот јајник!!!...Јас не знаев каде сум бев отидена сама едвај стоев на нозе плачев сите ме гледаа ама не ми беше гајле. Ме фати страв, се прашував зошто баш јас, што сум згешила. Многу лоши мисли ми поминуваа низ главата. На 7март се породив а точно на 7 април, еден месец по породувањето Д-р Јадранка ме оперираше повторно. За среќа, беше совесна и стручна во тоа што го работи. Среќа во несреќа не ми го извадија јаникот туку морале пак да ме сечат по истото место, не можеле лапараскопски, ми ставија два дрена коишто ги носев и дома по операцијата. Да не спомнам дека од стресот снемав млеко, односно имав, ама не доволно. Бебето не ми напредуваше па морав да го дохранувам со вештачко млеко. Раната пак ми течеше, организмот ми бил таков, за несреќа моја, ми реагирал на конците. Одев на преврска околу 2 недели па по тоа дома се средував. Таман ми заздраве, по неколку дена пак ми се отвори, инфекција од конците, па уште 4 недели тоа мало дупче не ми заздравуваше. И така, да не должам, уште многу други  работи ми се случија во меѓувреме, но сфатив дека сум имала голема среќа, не само јас туку и моите две дечиња да имаат мајка покрај себе додека растат.

Кога ги гледам денес сфаќам дека повторно би поминала низ истиот пекол за да ги имам покрај себе, да ги милувам и да ги гушкам. После сето ова поинаку гледам на работите, можеби сум малку поагресивна спрема околината кога станува збор за моите деца но зарем можете да ме обвините? И како што велат ''после дождот доаѓа сонце ".

 

 

Рингераја им посакува среќно детство на дечињата на hrabra !

 

 

Сакате да ни ја испратите Вашата приказна од породувањето?

Прочитајте како во статијата Породилни приказни.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Антидепресиви во бременоста - ДА или НЕ?
Страдате од депресија и земате антидепресиви, еве што треба да направите доколку дознаете дека сте бремени
4
Можна причина за чести спонтани абортуси
Синдром на Хјуз - Што претставува?
4
AnnaMolly: Мојата породилна приказна
Моментот кога јас се претворив во “ние”
4
Нарди: Мојата породилна приказна
Моментот кога јас се претворив во “ние”
4




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?