namesp во 10:13
на тема Купить водительские права онлайн без экзамена Купите водительские права онлайн без экзамена в любой
Сите женски магазини барем неколку пати имаа нејзина слика на насловните страници, сите многу пати пишуваа за неа, за нејзината несреќна љубов со Бред Пит, и сите во неа како да гледаа осамена и оставена жена. Но таа е многу повеќе од тоа. Џенифер Анистон, пред се е жена што умее да се смее...
Дете на актери, со шкотско – италијански корени по мајка и Гркинка по татко, Џенифер на 11 години се запишува на училиштето по драма на Рудолф Штајнер. Школувањето го продолжила во њујоршко средно училиште по примената уметност, а фактот што уште тогаш била дежурен забавувач, укажувал дека наскоро ќе се развие во извонредна комичарка. Првата ТВ-улога ја доби бо 1989 г, а веќе во 1994. Благодарение на Рејчел Грин во серијата “Пријатели“, стана интернационална ТВ – звезда. Таа улога и донесе многу номинации и награди, слава и успех. А благодарение на тоа, набргу и голема љубов.
Холивудска бајка
Се почнало како во бајка : договорен состанок со тогаш веќе славниот Бред Пит, кој им го наместиле пријателите, кој набргу се развил во голема љубов и во брак. Џен тогаш своето презиме во официјалните документи го смени во Пит. Но пред врската со Бред Пит, Анистон на новинарите и на таблоидите не им беше многу интересна. Затоа малкумина знаат дека најзини предходни момчиња биле : Чарли Шлатер, Даниел Мекдоналдс, Тејт Донован и музичарот Адам Дуриц. Но врската со Пит беше нешто поинаку – нереалната блискост меѓу нив се забележуваше и на папарацо – фотографиите.
Скршен сон
Сепак бракот траеше само пет години. Достоинствено ги поднесе фактот дека е оставена, здодевните папaраци, таблоидите, среќата на бившиот сопруг и неговата избраничка, па затоа списанието “GQ 2005” ја прогласи за жена на годината. Џен едноставно вели:“Сфатив дека човекот може да поднесе многу болка“. Со помош на психотерапевите и јога, ги канализирала лошите емоции без да го плука бившиот и да ги полни таблоидите. Кога Бред ја остави, преживеа благодарение на пријателите, пред се на брачната двојка Кортни Кокс – Дејвид Аркет.
Како да се победи стравот од летање
“Колку е поголема способноста да сакате, толку поголема болка можете да поднесете“, изјави Џен во една пригода. По брачниот бродолом, сфатила дека не треба да се прават планови, туку да се смислуваат опции. Долго и требаше да ја врати самодовербата. Иако два пати ги тужеше таблоидите поради објавување нејзини топлес – фотографии, минатиот јануари се појави разголена на страниците на списанието “GQ“. Во интервјуто изјави дека сега подобро се чувствува во сопствената кожа отколку во дваесеттите и во раните триесетти години од животот : “Жената во 40-та изгледа подобро од секогаш!“
Стил – девојка
Годините по разводот, и покрај маките, сепак и беа многу значајни за кариерата, бидејќи сними неколку филмски хитови. Со работата успеа да ја врати самодовербата, но вистинската љубов се уште ја нема најдено. Наследниците на Бред, актерот Винс Вон, моделот Пол Скулфор и музичарот Џон Мејер немаа среќа. Иако би сакала да е во врска, сепак вели дека не и е неопходна, но ни била само “шлаг на тортата“. Ужива во животот, конечно задоволна од себе и од сопственото тело. Ако некој се уште ја сожалува, нека се откаже, бидејќи Џенифер е доволно духовите да се избори дури и со шегите на сопствената сметка. Неодамна, примајќи ја Кристалната награда , за својот живот направи ваква споредба : “Почна со Добра девојка, потоа, се разбира, Се зборува дека..па Фаталната прељуба, а потоа и Раскинување.Ако некој од вас има проект насловен Вечна љубов со зрел и сигурен маж, јас сум на масата бр.6, а моите агенти се на бр.12!“
забава Бремените
Автор: bobik
Какви се хороскопските знаци на плажа?
Плажа, песок, море и…12 различни начини на уживање. Хороскопските знац...
Една од првите дилеми кај многу жени кои се обидуваат да забременат ил...
Зголемен ризик од бубрежни камења во лето – еве зошто!
Кога мислиме на лето, обично ни паѓаат на ум одмор, сонце и разладувањ...
Летото е време за авантури, патувања и романтични моменти крај плажа. ...
Сакате бебе? Еве колку често треба да водите љубов!
Кога ќе одлучите дека сте подготвени за бебе, едно од првите прашања ш...
Гушкајте ги бебињата.
пеперутка16
Дали вашите бебиња (6-12 месеци) сакаат да бидат гушкани? Моето дури и не слуша, само ме турка, се качува на мене, влече,... дури и не сака да биде носена, само гледа да избега. Ми е тоа навистина чудно.. Какви се вашите?