Vedrana13 во 19:37
на тема RE: Вештачко оплодување VIII дел
Истражувањата извршени во последните години, поврзани со исхраната, покажуваат дека на телесната тежина не влијае само бројот на внесени калории, туку и прашањето кога се внесуваат тие калории.
Ова истражување покажува дека обилниот појадок ја подобрува плодноста кај жените со нередовна менструација.
Студијата се занимавала со прашањето дали времето на оброк влијае на здравјето на жената со нередовна менструација, предизвкана од синдром на полицистични јајници. Со овој синдром се погодени од 6-10% од жените во репродуктивниот период и тоа негативно влијае на нивната плодност.
Синдромот на полицистични јајници создава отпорност на инсулин, што доведува до зголемување на бројот на машките хормони, а исто така може да предизвика нередовна менструација, опаѓање на косата, акни, проблеми со плодноста и дијабетес.
Експериментот е извршен во медицинскиот центар Волфсон на 60 жени во период од 12 недели. Жените биле на возраст меѓу 25 и 39 години, со мал индекс на телесна маса и имале синдром на полицистични јајници.
Жените биле поделени во две групи и им било дозволено да внесуваат околу 1800 калории дневно. Разликата меѓу двете групи било времето кога го имале најобилниот оброк.
Едната група имала најголем оброк, околу 980 калории, за време на појадок а другата за време на вечера. Истражувачите сакале да испитаат дали времето на внесување на калориите влијае на отпорноста на инсулин и порастот на андрогени меѓу жените со полицистични јајници.
Резултатите, кои неодамна се објавени во списанието Clinical science, покажале подобри резултати кај групата која имала обилен појадок. Покрај тоа, во првата група е забележан многу поголем број жени со овулација, отколку во втората група, што покажува дека обилниот појадок доведува до зголемување на нивото на плодност меѓу жените со синдром на полицистични јајници.
4
3
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Што да направиш ако постојано мислиш на бившиот?
Мислењето на бившиот партнер не значи дека си слаба, дека си заглавена...
Што да направите пред да планирате бебе?
Одлуката да планирате бебе е период кога е важно телото, умот и секојд...
Еден модел за сите? Митот за четиричленото семејство
Станови со „идеални“ 60 квадрати, хотелски соби за „двајца возрасни и ...
Воспаление на јајниците. Што треба да знаете?
Воспалението на јајниците, медицински познато како оофоритис е состојб...
Како да ги вклучите мажите во “baby shower”?
Дарувањата за бебето одамна престанаа да бидат настани само за жени. ...