Пејачката е во страв бидејќи во претходните бремености поминала низ тешка ситуација која ја криела
За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Бритни Спирс на својот Инстаграм профил објави дека е повторно бремена! На четириесетгодишната пејачка ова ќе и биде трето дете, додека прво на нејзиниот вереник Сем Асгари.
Пејачката на својот профил откри добри вести, но и детали од претходните бремености за кои јавноста не знаеше. Таа напишала дека за време на одморот во Мауи забележала дека килограмите ? се разликуваат, дека мислела дека повторно се здебелила, иако претходниот период многу ослабела, но нејзиниот вереник сепак и предложил да направи тест за бременост. Кога го направила тоа, било откриено дека чекаат бебе.
Бритни откри дека нема многу да излегува од дома бидејќи не сака папараците да ја сликаат.
„Стомакот ми расте, ако има две бебиња внатре ќе полудам! Овој пат ќе бидам уште малку дома и нема да излегувам за да не им дадам шанса на папараците да заработат врз мене“, напиша Спирс, а потоа откри дека била бремена низ многу маки.
"Тешко е затоа што се сеќавам дека имав перинатална депресија за време на мојата претходна бременост. Морам да кажам колку е апсолутно ужасно. Жените тогаш не зборуваа за тоа, некои мислеа дека е опасно ако трудницата се пожали. Но фала богу, жените зборуваат сега за тоа секој ден и не мора да го чуваме во тајност“.
Да потсетиме, Бритни 13 години била насилно под грижа на својот татко, каде била принудена да пие контрацептивни таблети. Пред неколку месеци се ослободи од тие окови и сега ужива во љубовта со својот вереник на кој наскоро ќе му подари бебе.
Бритни од бракот со Кевин Федерлајн ги има Шон Престон (16) и Џејден Џејмс (15).
Бритни Спирс на својот Инстаграм профил објави дека е повторно бремена! На четириесетгодишната пејачка ова ќе и биде трето дете, додека прво на нејзиниот вереник Сем Асгари.
Пејачката на својот профил откри добри вести, но и детали од претходните бремености за кои јавноста не знаеше. Таа напишала дека за време на одморот во Мауи забележала дека килограмите ? се разликуваат, дека мислела дека повторно се здебелила, иако претходниот период многу ослабела, но нејзиниот вереник сепак и предложил да направи тест за бременост. Кога го направила тоа, било откриено дека чекаат бебе.
Бритни откри дека нема многу да излегува од дома бидејќи не сака папараците да ја сликаат.
„Стомакот ми расте, ако има две бебиња внатре ќе полудам! Овој пат ќе бидам уште малку дома и нема да излегувам за да не им дадам шанса на папараците да заработат врз мене“, напиша Спирс, а потоа откри дека била бремена низ многу маки.
"Тешко е затоа што се сеќавам дека имав перинатална депресија за време на мојата претходна бременост. Морам да кажам колку е апсолутно ужасно. Жените тогаш не зборуваа за тоа, некои мислеа дека е опасно ако трудницата се пожали. Но фала богу, жените зборуваат сега за тоа секој ден и не мора да го чуваме во тајност“.
Да потсетиме, Бритни 13 години била насилно под старателство на својот татко, каде била принудена да пие контрацептивни таблети. Пред неколку месеци се ослободи од тие окови и сега ужива во љубовта со својот вереник на кој наскоро ќе му подари бебе.
Бритни од бракот со Кевин Федерлајн ги има синовите Шон Престон (16) и Џејден Џејмс (15).
Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:
Секс во бременоста, како да се расположите?
Сега кога сте бремени апстинирате со секс? Иако и ова е сосема нормално, има придобивки од сексот за време на бременоста...
3
Депресијата и анксиозноста не живеат само ...
Во новото секојдневие, депресијата и анксиозноста не се само „ментални состојби“ туку тие влијаат на целиот организам.
3
Запек во бременост
Запекот е еден од најчестите, но и најмалку дискутирани проблеми во бременоста.
3
taanjee: Мојата породилна приказна
Моментот кога јас се претворив во “ние”
3