Vedrana13 во 19:37
на тема RE: Вештачко оплодување VIII дел
Научниците утврдиле дека селенот, природен антиоксиданс, игра клучна улога во раните фази на зачнувањето - и од сите хранi, бразилските ореви имаат највисоко ниво од супстанцијата. Селенот е од суштинско значење за развојот на здрави фоликули кои се одговорни за производство на јајце-клетки кај жените.
Мелани Цеко, од Универзитетот во Аделаида, која извршила истражувањето, рече: "Селенот е важен микроелемент, кој се наоѓа во храна богата со протеини како црвено месо, морска храна и ореви. Тој е важен е за многу биолошки функции, како производство на хормонот на тироидната жлезда, и делува како антиоксиданс. Освен тоа помага за детоксикацијата на штетните хемикалии во организмот. Ние знаеме веќе извесно време, дека селенот е важен за машката плодност, но до сега никој не истражувал како овој елемент влијае на здравствената репродукција кај жените . "
Како дел од студијата, истражувачите ја откриле точната локација каде се наоѓа селенот во јајниците. Потоа, тие го свртеле вниманието кон протеинот селен, наречен GPX1. Тие откриле дека нивото на селен и протеини кои содржат селен се повисоки во здрави фоликули, од кои подоцна се прават јајце-клетки.
Истражувачите се надеваат нивните откритија ќе помогнат за лекување на жени со проблеми со зачнувањето.
Понатамошните истражувања може да се извршат за да се разбере како нивото на селенот може да се оптимизира, за да ги подобри шансите на жените да зачнат, рекоа тие.
3
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Како физичката активност влијае врз плодноста?
Редовното движење е важно за општото здравје, но дали може да ви помог...
Направете украсни свеќи со калапи за колачи
Дали знаевте дека калапите што ги користите за подготовка на колачи мо...
Дали прекумерната тежина го отежнува забременувањето?
Доколку планирате бременост, можеби се прашувате дали телесната тежина...
Напитоци за порамен стомак. Што може да помогне?
Подуеноста и задржувањето течности понекогаш прават стомакот да изглед...
Навики на позитивните и смирените луѓе
Дали познавате луѓе кои и во стресни ситуации успеваат да останат приб...