vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Француската компанија БИЦ (BIC: www.bicworld.com), која во сопствената голема производна и услужна палета нуди високо квалитетен училиштен прибор за најмладите (дрвени боици, фломастери, моливи и гуми, пенкала во најразлична боја...), донираше пакети производи на дечиња во неколку образовни Институции. Акцијата за дарување е организирана во Институции за заштита на децата: Посебните основни училишта „Др.Златен Сремец“ и „Иднина“, Завод за згрижување, воспитување и образование на деца и младинци „Ранка Милановиќ“ и Центарот за рехабилитација- Скопје, како и во Заводот за рехабилитација за деца со оштетен слух „Кочо Рацин“ во Битола, ПОУ „Климент Охридски“- Ново Село, ЗЗР „Бања Банско“ – Струмица и ПОУ „Маца Овчарова“ - Велес.
Целта на акцијата е да се подигне јавната свест за поддршка и помош на оваа група на деца и младинци и да се потенцира нивната еднаквост во општеството. Со тоа, компанијата сака да покаже дека без разлика на статусот на децата, тие имаат еднаква инспирација, желба и мотив - како да се изразат преку цртање, боење и пишување.
„Се надеваме дека со употреба на нашите производи децата ќе бидат во уште поголема можност за изразување на својата креативност преку изработка на цртежи и пишување. Истовремено, веруваме дека оваа соработка нема да заврши сега, туку и понатаму во координација со овие и други центри за образование, образовни институции и училишта ќе организираме и други настани за дополнителна едукација на нашите најмили“, изјавија од компанијата БИЦ (BIC).
Со почит,
БИЦ
Скопје, 26.03 2014
За компанијата:
Компанијата БИЦ (BIC®) е основана во Франција во 1946 година од Маркел Бик. BIC® производите овозможуваат лесни одговори за секојдневните потреби. Во креирањето на својот прв производ BIC® Cristal® пенкалото, BIC® создаде нешто едноставно, сигурно, за леснотија во секојдневната употреба . Компанијата исто така нуди и цела палета на високо квалитетни производи за боење специјално дизајнирани за деца.
Компанијата BIC ® е застапена во 160 земји, на секој континент, и нудат производи во рамките на 3.200.000 малопродажни места. Своето интернационално присуство го претставува со преку 9.200 вработени во целиот свет.
4
3
3
2
забава Бремените
Автор: bobik
Протеин од сурутка - предности vs. недостатоци
Протеинот од сурутка (whey protein) е еден од најпопуларните додатоци ...
Дали овулацијата навистина се случува на 14тиот ден?
Многу жени веруваат дека овулацијата секогаш се случува на 14тиот ден ...
10 навики што можат да ви го подобрат здравјето
Доброто здравје не се гради преку ноќ, ниту бара драстични промени во ...
Начини како да ја вратите интимноста
Често, новите родители мораат да се трудат многу за да воспостават пов...
Заминувањето на спиење, не смее да биде казна!...