Jeca во 12:26
на тема RE: Работа од дома
Откако Господ го создал веков го создал и човекот (Адам), потоа ги создал сите животинки и му ги принесол пред Адама да му клај на секого име.
- Адаме, Адаме, еве ти ги принесов сите животни, што сум ги создал на земјата, да му клаиш на секое име и презиме - му рекол Бог - и да си одбериш едно од животинкиве за другар да ти биди тебе. Гледај сега арно, отвори си ги очите, да си бендисаш еден другар, за векот со него да си го проживееш. Арно, лошо, ти си знаиш.
Седнал Адам на еден стол висок и зел да прегледуа секое од животинките и да ги крштева со име и презиме. Прво ватил од најмалото да го крштава. Ја видел мравата оти е мала и ја крстил м р а в и ч к а (од малечка). Го видел црвот дека прилегал на црево и го крстил ц р в. Викнал Адам по другите животни:
- Ја прозборете, бре животинки, да ве чујам кој каков збор имате? - им рекол
Сите животинки прозбореле, секој според гласот свој што си го имале. Кога чу адам од сите животинки гласот им кладе имиња.
"Мјау" - сторила мачката, и клал име м а ч к а
Рикнало магарето и според рикањето му клал името.
Загугала гугучка "гугучко" - и клал име г у г у ч к а
Заграчил гавранот "гра, гра" - му клал име г а в р а н
Закукала кукајцата "куку, куку" - и клал име к у к а ј ц а
Запупал пупунецот "пупу, пупу" - го крстил п у п у н е ц
Зауткала утката "ут, ут" - ја крстил у т к а
Забуал буот "буху, буху" - го крстил б у в
И така на сите животинки Адам му беше клал имиња и презимиња, според како што беше му чул на сите гласот. Сите беше ги прегледал едно по едно за да бендиса едно да му биди другар. Арно ама ни едно не беше бендисал.
Откога ја свршил работата, беше дошол Господ кај него и беше го прашал дали ја свршил работата.
- Е, Адаме што стори? Дали ја сврши работата што ти ја дадов?
- Ја свршив Господи, ама не ја довршив, чунки другар не бендисав. Туку седам и се чудам Господи, како едно животинче не ми се залепи за срцето?
- Ја ај легни си да преспиеш, Адаме, да кога ќе станиш белким ќе бендисаш некој другар, или некоја другарка.
Си легнал Адам и заспал. Зел Господ и ја направил Ева испраена наспоред него, на неколку чекори скраја викнал по неа:
- Ела, ела, ела ваму (Ево, ево, ева тука), оти ти си ми за срцево.
Како на сите животинки што му кладе имиња Адам, така и на Ева беше и клал и беше си ја зел за другарка.
5
3
забава Бремените
Автор: bobik
Благи грчеви за време на бременоста
Благите грчеви се честа појава во текот на бременоста и најчесто се по...
Ормарче за пресоблекување/превивање не бебето
Ормарчето за пресоблекување и превивање не е само парче мебел, туку фу...
Првите чекори на вашето бебе и безбедноста дома
Првите чекори на бебето се магичен момент, но и почеток на нова фаза п...
Подгответе се за вистински мал брбливец
Од првото гугање до бескрајните прашања „зошто?“. Некои деца покажуваа...
Подуеноста е честа и нормална појава за време на бременоста особено во...