Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Промени на телото
Доаѓа период кога детето веќе не расте толку брзо. Масните наслаги исчезнуваат, нозете изгледаат подолги, во споредба со остатокот од телото. На момчињата им се шират рамената, а на девојчињата колковите.
Ако детето меѓу првата и третата година имало нозе во облик на буквата О, а помеѓу третата и четвртата година во облик на буквата Х, во седмата година нозете се израмнуваат. Заради тоа во овој период е важно стапалата да се постават во правилна положба. Промената на обликот на нозете се должи на промената на положбата на вратот и колковите.
Свест за себе
Седмогодишните деца имаат добро развиена и изградена свест за себе, како и мислење за своите карактеристики. Некои имаат воглавно позитивно мислење за себе (добра слика за себе и своите способности), а другите негативна (недостаток на самопочитување и ниска оценка за себе и своите способности). Детската слика за себе најмногу зависи од начинот на воспитување, од културно-традиционалната околина и сл. Детската свест за себе влијае на неговите активности, на должината на времето во кое ќе истрае во одредена активност, на неговиот однос кон врсниците и возрасните (дали ќе биде љубезен и алтруистичен кон послабите...)
Сметање
Повеќето деца на оваа возраст знаат да бројат до 20, но не можат да одземаат броеви до 10 напамет. Си помагаат со броење на прстиња и постепено додавање на броевите (нпр. 5 + 3 = 6, 7, 8; значи 8), или го делат бројот на помали броеви, па сметаат (нпр. 3 + 4 = 3 + 3 + 1 = 7)
Развој на говор
Децата до шестата година имаат развиена структура на говорот, речениците им се посложени, подолги и потполни. Речникот на седумгодишно дете содржи изрази за опис на чувствата, процесот на мислење, најава и решавање на проблемот...Развојот на говорните способности толку брзо напредува што детето ја разбира употребата на еден израз во повеќе значења. Развојот на говор може да го поттикнете со забавни игри со зборови, како на пример испревртени зборови (мама – амам), или на буквата на буквата...
Читање, читање и читање...
Седумгодишно дете веќе знае да чита и пишува, можеби бавно, но може и да е многу брзо. Со читање отвора потполно нови светови. Љубовта кон книгите е потребно да се развива, затоа треба заедно со детето да одите во библиотека или книжарница, за тоа само, со Ваша помош, да си одбере книга за читање. Децата кои сеуште не читаат течно, нека изберат полесна и забавна книга. Повештите деца нека одберат детски крими приказни, авантуристички приказни или стрипови.
Детето знае да пишува и ги знае основните граматички правила. Подоцна ќе го совлада цел правопис (пишување со голема буква на почетокот на реченицата, пронаоѓање на граматички грешки...)
Развојни фази
Односи со врсниците
Исхрана
Здравје и нега
Детето и спортот
Добро е да се знае
Развојни фази
Односи со врсниците
Исхрана
Здравје и нега
Детето и спортот
Добро е да се знае
Претходен период: Возраст 6 години
Следен период: Возраст 8 години
Слични артикли:
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
забава Бремените
Автор: bobik
Може ли да се користи повторно тест за бременост?
Тестовите за бременост се едни од најчесто користените домашни медицин...
Приватна градинка, што треба да знаете?
За многу родители уписот на детето во приватна градинка е важна одлука...
Како да преживеете во минијатурен стан?
Животот во мал стан може да биде предизвик, особено ако просторот треб...
Зошто децата се најнемирни токму покрај мајката?
Многу мајки се соочуваат со истиот проблем детето е мирно во градинка,...
Вака изгледа кога си прв ден мајка
Првиот ден со бебето е мешавина од емоции кои тешко се опишуваат со зб...
Секс.
пеперутка16
После сексот со сопругот, ти?