namesp во 10:12

ПРИЈАВИ СЕ и добивај новости со корисни, интересни и забавни содржини на својата електронска пошта.
Развој на детето: Здравје и нега
Систематски преглед и вакцинација
Во Македонија, во склоп на превентивната училишна педијатрија се одвиваат неколку систематски прегледи. Најпрво учениците се прегледуваат пред да се запишат во прво одделение.
Педијатрите на тој начин го следат целокупниот физички и душевен развој како и болести кај детето, се до крајот на периодот на забрзан раст. Погледајте го Календарот на вакцинација на Рингераја
Во седмата година на животот, односно при прегледот за упис во прво одделение, детето се вакцинира против мали сипаници, заушки и рубеола, против дифтерија, тетанус, пертусис, детска парализа и туберкулоза.
Недостатокот на сон носи проблеми
Ако на детето му недостасува сон можеби нема да има видни потешкотии, но тие ќе се акумулираат и ќе предизвикаат потешкотии. Спиењето е многу важно за невролошкиот развој. Стручњаците предупредуваат дека нездравите навики на спиење можат да доведат до подоцнежни проблеми со концентрацијата во училиште, а веројатно постои врска помеѓу недостатокот на сон и хиперактивноста. Хронично ненаспиени деца израснуваат во хронично ненаспиени возрасни, што никако не смеете да дозволите. На тој начин децата не се здрави и среќни, а исто и родителите.
Болки при растење
Во парните претшколски години се јавуваат т.н. болки при растење. Причината за нив е непозната, се претпоставува дека причина за нив се коскената срцевина, мускулите и лигаментите. Се појавуваат во фаза на забрзан раст на детето, посебно кај поживите и понемирни деца. Детето чувствува јаки, тапи болки во потколениците и листовите, навечер кога се обидува да заспие, или во текот на спиењето.
При вакви болки масирајте ги нозете на детето од долу кон горе, или ставајте му ладни облоги кои ќе ја засилат циркулацијата и со тоа ќе ја ублажат болката.
Настинка
Настинката е најчеста од сите други болести. Претшколските деца се разболуваат и до 12 пати годишно, а младите ученици се поотпорни и се разболуваат околу 6 пати годишно. Симптоми се болка во грлото, кивање и секрет од носот.
Навикнете го детето да користи хартиени шамичиња, а заради честото бришење кожата намачкајте ја со маст од невен.
Нежната детска кожа
Заради неразвиено поткожно масно ткиво, осетливата детска кожа не може да се заштити сама. Детското лице, раце и уши, потребно е да се заштитат со детски крем кој не содржи вода (вода спроведува студ и уште повеќе ја иритира кожата) При снег, детската кожа дополнително заштитете ја со крем за заштита од сонце, затоа што сончевите зраци се рефлектираат од снегот и можат да предизвикаат изгореници. Не треба да ве предупредиме дека таков заштитен крем е потребен и во лето, но мора да ставиме акцент на лесна облека, која покрива поголем дел од кожата, наочари и шешир за потполна заштита на лицето, ушите и вратот.
Потреба за витамини
Најдобар начин за покривање на потребите за витамини е внесување на разнообразна свежа храна (овошје, зеленчук, житарици) Со рамномерна исхрана детето ги добива сите потребни витамини и минерали. Ако Вашето дете јаде еднолична храна и загрижени сте дека не добива доволно витамини, важно е да се посоветувате со избраниот лекар и дури после тоа да воведете витамински препарати.
Витамините се нужни за раст и развој на детето. Недостатокот на одредени витамини може да предизвика сериозни здравствени проблеми.
Нега на болно дете
Кога детето ќе се разболи родителите страдаат заедно со него. Уште полошо е ако на детето му е потребна хоспитализација. Слушајте ги советите на лекарите и не барајте можности како да ја избегнете хоспитализацијата. Треба да знаете дека лекарите не би ја препорачале без причина.
На детските одделенија посетите се неограничени. Навечер е потребно да се разделите од детето, затоа што во повеќето болници нема место каде што би можеле родителите да преспијат. Обично поголеми проблеми, со детското хоспитализирање, имаат родителите отколку децата. Барем во присуство на детето однесувајте се смирено, бидејќи Вашето дете ќе биде уште позагрижено, ако види дека родителите се загрижени, или дека мама плаче. Треба да знаете дека децата во повеќето случаи лесно се прилагодуваат и дека во болницата запознаваат нови пријатели. Штом детето ќе биде подобро, лекарот ќе го пушти дома. По болничкото лечење потребна е и домашна нега. На крај да Ве предупредиме дека, додека е детето во болница, не може да користите боледување за нега на дете.
Пиење на препишаните лекарства
За детето да ги испие потребните лекови, не Ви требаат волшебни моќи. Постојат многу полесни начини. Ако преговарате со детето, нема да ја постигнете целта. Расправијата може да му се чини интересна, па ќе се расправа со Вас. Исто така немојте да се обидувате да му го свртите вниманието со некоја друга активност. Подобро концентрирајте се на тоа дека детето мора да го испие лекот. Ако не Ви оди, обидете се повторно за неколку минути.
Ако детето се спротивставува, прашајте го што му смета, зошто не сака да го испие лекот. Можеби го боли грлото, можени има афти во устата. Можеби му смета вкусот на лекот. Во аптека распрашајте се дали може да добиете таблети наместо горчливиот сируп.
Мигрена
Некои деца страдаат од мигрена. Стручњаците известуваат дека од мигрена страда секое дваесетто дете. Првиот пат мигрената се појавува околу петтата и шестата година и може да се повторува. Почеста е кај децата чии родители имаат исти проблеми.
Ако детето Ви каже дека го боли главата бидете внимателни. Прашајте го како го боли главата и дали светлината му ја засилува болката. При посета кај лекарот детето нека ги опише своите чувства – каде и колку јако го боли главата. Ако детето каже дека болката станува појака веднаш однесете го на лекар.
Ако сте забележале дека главоболката се повторува, запишувајте кога го боли, колку јако, колку време и како се однесува детето. Тие податоци ќе бидат клучни за дијагноза и лечење, ако е потребно.
Прочитајте уште
Развојни фази
Здравје и нега
Исхрана
Си играме
Добро е да се знае
Во овој период
Развојни фази
Здравје и нега
Исхрана
Си играме
Добро е да се знае
Претходен период: Возраст 5 години
Следен период: Возраст 7 години
Слични артикли:
-
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetuscepumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selviПродвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVKПривет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabotaБизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja-
забава Бремените
Автор: bobik Курсеви за возрасни од сите области: РУ Пере Тошев
Со мисија да овозможи описменување на целокупното возрасно население, ...
Сакајте го Вашето бремено тело
Вашиот стомак е непобитен доказ дека сте бремена. Еве што може да очек...
Како да негувате бебе родено во зима?
Надвор е ладно и царуваат вируси, а Вашето бебе само што не пристигнал...
10 луди работи што се случуваат во вашето бремено тело
Додека го поминувате својот вообичаен ден, сето ова се случува токму в...
Грижата за забите започнува уште од најрана возраст
Оралното здравје на децата е основен чекор за одржување на целокупното...
Анкета
Jana9
Dali milenicinjata se vo red da gi cuvame vo soba?
Da (100%)

Ne (0%)

Број на сите гласови: 1
Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!