|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  1 [2] 3 4 5   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Доење на саат или по барање на бебето
8.1.2010 22:16:24   
EmilijaD
Никогаш не сум гледала на саат. Редот на цицање сами си го воспоставувале со текот на времето.  Сега Иван може комотно да издржи 3 саата. Ноќе може и до 6 саата да издржи.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 26
   RE: Доење на саат или по барање на бебето
3.2.2010 12:12:43   
Leonida
Јас имама една дилема. На почетокот малата бараше да цица на 15 мин. и тоа се случуваше дури и 10 саати во текот на еден ден. Ајде ке кажам дека уште не ми беше надојдено млеко како што треба. Морав барем еднаш дневно да и дадам адаптирано за да се најаде и да се смири за да спие.
Сега има 43 дена и сеуште има делови од денот кога многу често сака да цица, односно некогаш на пола саат или саат. И повторно така тераме неколку саати во денот и пак на крај сето тоа завршува со адаптирано млеко. Инаку педијатарот не ме оправдува што еден оброк во денот е со такво млеко, али не знам како на друг начин да го запрам тоа често цицање. Она го врти устето за да цица за било што, дури имам впечаток дека тоа го прави во секој буден период, како само тоа да е. Не и дозволувам да ми спие на гради, дури најчесто она сама се трга кога ке заврши. Пробав да ја залажувам со цуцла за да добијам во врме помеѓу доењата, но не ја прифаќа. Се лути зошто не и тече ништо од цуцлата. Сега се прашувам дали да пробам јас да и воспоставам ред, бидејки кога цица на 3 саати е супер. Во тој случај нема ни да има потреба од адаптираното млеко. Што мислите??user posted image

(Одговор на членот EmilijaD)
Непосредна врска до пораките: 27
   RE: Доење на саат или по барање на бебето
3.2.2010 12:43:29   
dragana_vane
Moze da ima i drug problem... Moze mlekoto da ne e hranlivo, pa zatoa da bara da cica cesto. Uste e malo bebto, toa i nema sila da vlece mleko od tebe, povlekuva 3-4 pati i se izmoriuser posted image . Dusickauser posted image . I moeto bese taka, no kaj mene drugo problemot, jas nemav mlekouser posted image

(Одговор на членот Leonida)
Непосредна врска до пораките: 28
   RE: Доење на саат или по барање на бебето
3.2.2010 12:52:05   
bebi
Леонода, претпоставувам дека си ги прочитала претходните искуства и многу може да ти помогнат. Инаку, точно е дека секое дете е приказна за себе. И јас од почетокот постојано го доев, односно кога тоа ќе посака и понекогаш тоа беше на пола саат,понекогаш и на 2-3 саати, а имаше денови и по цел ден на града. Постојано сакаше да биде на цице, а јас како неискусна мајка си мислев дека е гладно.
Но битно е како напредува бебето.Ние првиот месец, одевме секоја недела на контрола и малиот гледавме дека одлично си напредува и во разговор со педијатарот дојдовме до заклучок дека цицето му е како играчка. На тој начин се чувствува сигурно и ја осеќа близината на мајката.Со тек на време само постепено си стави некој ред на 2,3 часа, па дури и на 4.
Битно е да бидеш упорна и потруди се колку можеш повеќе да биде само на доење. Јас не сум баш присталица на адаптирано млеко толку рано. А и ти сама по градите можеш да видиш дали имаш доволно млеко.
И најбитно како што реков, бебето неделно дали си ја добива потребната грамажа.

(Одговор на членот Leonida)
Непосредна врска до пораките: 29
   RE: Доење на саат или по барање на бебето
3.2.2010 13:05:04   
Adrijana
Bebi ubavo pisala, ako bebeto napreduva normalno, togas ok e i toa samo ke si stavi red, no ake e sprotivno, moze mlekoto da ti e slabo, i vo toj slucaj mora da se hrani so adaptirano mleko, i tuka samo ne se slozovam so bebi, deka e rano za adaptirano, dokolku mora, i adaptiranoto mleko e vo red, jas kerka mi ja nemam na gradata staveno nitu ednas, znaci edinstvenoto mleko sto taa go vkusila e adaptiranoto, znaci voopsto ne mu smeta toa na bebeto. Vo sekoj slucaj majcinoto mleko e najdobar izbor, dokolku go ima dovolno i dokolku e dovolno hranlivo.Najdobro e da se konsultiras so pedijatar, sepak doktor si e doktor.

_____________________________



(Одговор на членот bebi)
Непосредна врска до пораките: 30
   RE: Доење на саат или по барање на бебето
3.2.2010 13:12:36   
bebi
Се согласувам Адријана со тебе околу адаптираното млеко, ако се мора нема што. Но, некогаш и на нас мајките ни е полесно дај му адаптирано млеко и си го решил проблемот. Мислев само уште малку да биде упорна со мајчиното и да не се откажува.
А, ако млекото е слабо, тогаш нема друг избор. Сепак тоа е природа и неможеш ништо да направиш.
Јас многу пијам млеко и боза и еве 8 месеци сме и уште имам доволно млеко.

(Одговор на членот Adrijana)
Непосредна врска до пораките: 31
   RE: Доење на саат или по барање на бебето
3.2.2010 13:16:02   
Adrijana
da bebi na toa i jas mislev, jas od zdravstveni pricini ne smeev da ja dojamuser posted image , tuku user posted image da ni se zdravicki, i ok se i adaptiranoto i majcinoto mlekouser posted image

_____________________________



(Одговор на членот bebi)
Непосредна врска до пораките: 32
   RE: Доење на саат или по барање на бебето
3.2.2010 13:16:22   
mis.
Се сложувам со претходните постови и би додала.После секој подој да ја испразниш целосно градата бидејќи со тоа се стимулира лактација и на следниот подој ќе имаш повеќе со што ќе се задоволи бебенцето и ќе може да биде сито наредните 2-3 саат.Со измолзувањето ќе имаш и ориентација колку ти останува и дали всушност ти останува млеко во градата.И совет од мене пиј течности и чај за доилки за да се зголеми лактацијата

(Одговор на членот Adrijana)
Непосредна врска до пораките: 33
   RE: Доење на саат или по барање на бебето
3.2.2010 13:19:29   
mis.
од дискусијата произлегува и прашањето дали слабото мајчино млеко е вистина или мит?Еве кликнте тука 

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 34
   RE: Доење на саат или по барање на бебето
3.2.2010 13:29:53   
topce
првите 40 дена ја доев кога она сака или поточно ако не сака тогаш ја будев на 3 саати, тоа обично навечер, преку ден си бараше сама.После ја оставив навечер сама кога сака да си бара, а преку ден си направи некој резим од 5 пати да цица, се на се цицаше од 7-8 пати во текот на 24 часа додека не почнавме со храна.

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 35
   RE: Доење на саат или по барање на бебето
3.2.2010 13:36:02   
bebi
Јас последните неколку вечери имам страшен проблем. Иако имавме воспоставено ред со цицањето, последниве вечери по цела нок пак сака да биде на цице. Незнам што му стана. И ако не му дадеш вришти и со ништо не можам да го смирам.Цуцлата ми ја фрла. А на цице ке повлече 2 пати и заспива и пак за кратко време ке се разбуди и пак исто.
А, еден период си спиевме од 23.00 до кај 04.00
Дефинитивно знам дека не е гладен, но незнам што да му правам. За 1 месец тргнувам на работа и ќе почнам да припаѓамuser posted image

(Одговор на членот topce)
Непосредна врска до пораките: 36
   RE: Доење на саат или по барање на бебето
3.2.2010 13:43:06   
mis.
беби обично на 3,6,9 мењсеци се јавува некој период кај бебињата кој е познат како скок во развој.Еве кликни тука има нешто за оваа тема.Јас мислам дека кај вас има таков период.

(Одговор на членот bebi)
Непосредна врска до пораките: 37
   RE: Доење на саат или по барање на бебето
3.2.2010 13:44:53   
Leonida
Фала на брзите одговори user posted image
Инаку пијам чај од Хип, на контроли си покажува дека добро напредува во килажа ( за 15 дена се поправи 600 гр.)  и докторката ми ги провери 2 пати градите и ми кажа дека се супер и дека имам доволно млеко за да ја дојам. Затоа и она многу се противеше кога и кажав дека и давам еднаш дневно дохрана.
Еве денес пробувам да ја занимавам со други работи кога е будна за да го продолжам времето помеѓу доењата, па потоа убаво си цица и се најадува. До сега еднаш само се случи 4 дена по ред сама да си бара на 2 ипол-3 саати да цица и тие денови ни беа супер, воопшто немавме потреба од дохрана. Но после тоа пак некако се поремети редот. Се надевам дека ке се среди побрзо зошто вака многу ме заморуваuser posted image

(Одговор на членот topce)
Непосредна врска до пораките: 38
   RE: Доење на саат или по барање на бебето
3.2.2010 13:45:44   
mami
се сложувам со Мис. Еве и Лука е сега во некоја таква фаза. два дена по ред ми станува во 2 наутро и е буден едно саат време и после си заспива. Не ми е јасен, не е гладен, не сака вода а пак ке стане и ке види не го рецкаме ке си заспиеuser posted image

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 39
   RE: Доење на саат или по барање на бебето
3.2.2010 13:46:15   
bebi
Фала многи мис.
Најверојатно се работи за такво нешто затоа што деновиве е невозможен, а и навистина откриваме нови работи кај него.
Ќе го следам и да се надевам дека брзо ќе помине оваа фаза...user posted image user posted image

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 40
   RE: Доење на саат или по барање на бебето
3.2.2010 13:47:38   
mami
Леонида, па одлично напредува, во тој случај се сложувам со докторката- да не и даваш адаптирано. Можеби е само мрзлива, па полесно и е да пие од шишенце или да повлече два три пати па да одмори па после пак..А ако продолжиш со вештачкото само на себе ке си направиш проблем од вишок млеко во градите

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 41
   RE: Доење на саат или по барање на бебето
3.2.2010 13:47:57   
mis.
Леонида ако напредува супер тогаш само измолзувај го млекото кое не го исцицало и чекај си 2-3 саати за доење.

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 42
   RE: Доење на саат или по барање на бебето
3.2.2010 13:48:37   
bebi
Mojov ako ne go reckas ke ja digne zgradava vo visuser posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот bebi)
Непосредна врска до пораките: 43
   RE: Доење на саат или по барање на бебето
3.2.2010 13:50:30   
mis.
е бебињата секогаш не плачат од глад некои бараат и внимание,едноставно такво е плачливо детето,имав јас еден таковuser posted image

(Одговор на членот bebi)
Непосредна врска до пораките: 44
   RE: Доење на саат или по барање на бебето
3.2.2010 13:52:05   
bebi
Znam barem deka ne sum edinstvena, mojov ne da ima vnimanie 24 casa postojano sum so nego. Samo se mazime, galime, si igrame, i koga ima nekoj drug toj pak me bara samo mene.

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 45
   RE: Доење на саат или по барање на бебето
3.2.2010 14:33:51   
Палешка РР
Миа цица кога ќе посака, никогаш не сум гледала на саат. Проблем е што се смирува само на тој начин, не сака нишање, цуцла, ништо. Па се случува и да поврати од што ќе се преполни user posted image

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот bebi)
Непосредна врска до пораките: 46
   RE: Доење на саат или по барање на бебето
3.2.2010 14:44:55   
nadica
леле палешка немој да ја навикнуваш така и надица беше иста и сега неможам да мрднам а да не ти кажувам колку таа се гали навечер user posted image user posted image пробај поинаку да ја смируваш бидејќи тебе ќе ти биде потешко

_____________________________

Завидливите луѓе се хранат со твојата несреќа...
Биди Среќен!...
Нека умрат од глад!!!

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 47
   RE: Доење на саат или по барање на бебето
3.2.2010 14:46:37   
mis.
Е тоа е најголемата мана на цицањето кога бебето ќе посака,кога му се дава на секое плачење без разлика дали плачењето е за спиење,јадење или галењеuser posted image

(Одговор на членот nadica)
Непосредна врска до пораките: 48
   RE: Доење на саат или по барање на бебето
3.2.2010 15:09:31   
Палешка РР
Знам, ама како да ја оставам да плаче, а гледам дека понекогаш си игра со мене и и` служам како цуцла лажовка user posted image  
Еххх, така е кога ќе родиш по толку години, како прво ќе ти биде user posted image

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 49
   RE: Доење на саат или по барање на бебето
24.2.2010 16:53:51   
Leonida
Леле мојава направи веќе два месеци и уште често ми бара да цицаuser posted image Ова нема крај, ме нервира што очигледно не си се дојадува па за еден саат или саат ипол пак бара. Не знам како да и го направам режимот зашто вака се осеќам претепана. Нон стоп само со неа се занимавам. Само навечер е подобро, спие по 6 саати, али затоа преку ден.......user posted image И како што вика Палешка така е често и кај мене, плаче за било што и само бара да цица, а пред 2 минути повратила што значи дека не е гладна.
Што мислите уште ли да оставам на неа да си цица кога ке посака или да почнам малку да ја ставам во ред?

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 50
Страница:   <<   < Претходна страница  1 [2] 3 4 5   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  1 [2] 3 4 5   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Вода за деца.
пеперутка16

Мамички, колку месеци варевте вода за вашите бебиња?