|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  40 41 42 [43] 44   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Температура кај децата
28.3.2014 19:11:06   
Defne90 RR
Еве ние денеска сме малку подобри што се однесува до температурата.Помалото од вчера нема качувано и се надевам дека веќе нема ни да ја качува а поголемото денес околу 12 качи 37,7 и му дадов сирупче ја намали и нема качувано веќе.Ае се надевам дека полека ќе поминува затоа што веќе почнав да паѓам во очај овие две недели од таа температура.Инаку јас секогаш кога ќе видам дека имаат температура секогаш им давам сирупче затоа што ако не им дадам и да не е многу висока за пола саат знаат да ја качат и до 39 па и повеќе.Мислам,секое дете си е различно па затоа и не исто сите ја поднесуваат високата температура.А инаку јас си им давам блок макс затоа што кај нас парацетамолот не секогаш делува.

< Поракaта ја уредил Defne90 -- 28.3.2014 19:12:06 >


_____________________________

Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!

(Одговор на членот mamita83)
Непосредна врска до пораките: 1051
   RE: Температура кај децата
1.4.2014 1:13:03   
Defne90 RR
Леле колку мразам само кога пишувам во оваа тема,ама што да се прави,изгледа јас сум најстална овде.Еве го пак сега помалото со температура.И му дадов и блок макс ама никако да ја симне,стварно не знам веќе што да им давам да пијат значи еве трета недела само со температури се расправаме по дома.Веќе пукнав,оваа температура секојдневие ми стана.

_____________________________

Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!

(Одговор на членот Defne90 RR)
Непосредна врска до пораките: 1052
   RE: Температура кај децата
1.4.2014 20:49:28   
Felly RR
Ох, Дефне , пак лиuser posted image Ајде веќе еднаш да ја затвориме темава, па доста и е да биде активна за оваа сезона.user posted image
Повторете ја крвната слика, може е некоја бактерија па потребен е и антибиотик.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Defne90 RR)
Непосредна врска до пораките: 1053
   RE: Температура кај децата
2.4.2014 1:27:14   
Defne90 RR
Па да на брис беа позитивни на стрептокока на грло.Сега баш пијат сирупче сумамед и двајцата па после 5 дена откако ќе го испијат повтроно одиме на контола за брис.А инаку денеска некаде ниедно нема температура,се надевам сега веќе крајно време е да оздрават и ние конечно да почнеме да уживаме во пролетта.Ае дај боже да се затвори темева за оваа сезона со овој пост.

_____________________________

Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 1054
   RE: Температура кај децата
18.9.2014 19:11:19   
Dilina
Дали е точно дека температура до 37.5 нетреба да се симнува? На таа температура организмот се борел со антителата и нетребало тогаш да се спушта. Само ако отиде над таа бројка... Сте слушнале вакво нешто? Јас да си знам да си бидам спремна. Како дете не сум имала мн температура и не се сеќавам мајка ми како правела....

(Одговор на членот Defne90 RR)
Непосредна врска до пораките: 1055
   RE: Температура кај децата
19.9.2014 9:29:20   
blue_blue
Diliana, педијатрите советуваат до 38.5 да не даваш ништо затоа што со давање лек за спушатње темепература му одмагаш на орагнизмот сам да се бори со болеста - читај правиш детето повеќе да се мачи. Јас лично ова го почитувам, но се случува да дадам парацетамол и кога нема темепература поради неподнослива болка во уво. Ти ќе си видиш со твојот педијатар и сама после ќе си процениш. Има различни ставови кај различни родители - секако сите се добронамерни за детето, само се различни. Ќе прочиташ и овде дека некои мајки даваат одма бруфен (Блок макс) за спишташе температура макар и на 37.2....така да секој со својот став најарно си знае за своето дете

(Одговор на членот Dilina)
Непосредна врска до пораките: 1056
   RE: Температура кај децата
19.9.2014 9:35:36   
Mihaela 2010
Se slozuvam so blue blue...i nasiot star pedijatar ne sovetuval nikako da ne davame ispod 38.5...da pustime organizmot sam da se izbori..i jas paracetamol imam davano za bolka na uvceto..inaku pedijatarot isto ne ima sovetuvano koga ima T da davame tri dena konstantno na 8 saata imalo- nemalo, neznam kolku e ova ispravno nekogas sme primenuvale nekogas ne.

_____________________________

Најголемата трагедија во животот не е смртта, туку она што дозволуваме да згасне во нас додека живееме.

(Одговор на членот blue_blue)
Непосредна врска до пораките: 1057
   RE: Температура кај децата
19.9.2014 10:58:31   
Felly RR
Дилина 37.5 воопшто и не се смета за покачена Т, тука мислам дека е границата. Како што пишаа другите рингерајки дури и до 38.5 се практикува да не се дава сируп за Т, туку се пробува да се симне Т на други начини. Дај Боже и да енмате проблеми со Т, ама и секој си го знае детето. Некои деца веднаш креваат висока Т, па подобро уште на почеток да се даде, додека пак некои може да имаат константна но не многу висока Т, па може прво да пробуваш со туширање, со лесна облека и сл.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Mihaela 2010)
Непосредна врска до пораките: 1058
   RE: Температура кај децата
19.9.2014 12:26:09   
miana
Поголемата керка кога качува Т, качува ептен и нема кај неа мутава температура ..
Малото дете знае да си качи некоја таква мутава до кај 38 со 4,5 и не давам сируп, се бориме..Ако видам дека качува брзо над 38,6 тогаш давам блокмакс. Инаку неколку пати се случило да качи до 38 со 4,5 да не и дадам сируп, да трае тоа цела нок на пример, да ја проверувам и до утрото ке си симне..Е сега има ситуации кога има таква никаква температура 38,4-5 ама а е ептен кенкава, омалаксана, да бара да спие, да е тотално за никаде па одма давам сируп , тогш знам дека ке качи повеке од 38 со 6..Јас знам дека под 38,6 не се дава сируп ..Еднаш еден доктор на детска клиника ми рече дека може да се направи и лош ефект ако се даде сируп под 38,6 детето да ја спушти температурата и под нормалата па да почне да се тресе и да направиме уште поголем проблем.
И приметив дека посилна е малата кога станува збор за температура..Значи она што нашите родители ни давале одма сируп кога ке не носат на вакцина, качиле или не , им била тотално лоша тактика...
Јас знам и за забоболка да им дадам парацетамол и сл, тоа ми го имаат одобрено



_____________________________

Животот е краток. Крши ги правилата, простувај брзо, бакнувај бавно, сакај вистински, смеј се неконтролирано и никогаш не жали за нешто што те насмеало.

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 1059
   RE: Температура кај децата
20.9.2014 11:12:09   
Defne90 RR
Да точно секое дете си е различно и не кај сите се манифестира температурата на ист начин.Кај нас поголемиот син кога ќе качи температура не може само така да му се симне без сирупче.Само уште повеќе ја качува.И мора да му се даде сируп.Помалото е друга приказна.Сум го чувала и со 38 температура без да му давам сируп и само со ладни облоги,лимон и туширање и му се намалува.Е сега се случува и тоа да не може да ја симне ама се тоа си зависи и од вирусот што го закачило детето.Мада мене матичната ме има советувано до 38 температура да не им се дава ништо на децата и да се проба сама да се симне.ама сепак секој си го знае детето и знае како тоа реагира во одредена ситуација и што му одговара.

_____________________________

Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!

(Одговор на членот miana)
Непосредна врска до пораките: 1060
   RE: Температура кај децата
16.10.2014 18:46:15   
Melanija RR
И ние почнавме со Т на 14м добро издржавме до сега.Ок ми е до 38,5 да не се даде сируп но зависи дали постепено или одеднаш ја качи.Така мислев но се разочарав од дигиталните топломери до 0,5 ралика во 3 последователни мерења,па на 38,3 и 38,5 дадов Далерон.
Велат првото е точно а засега 2рото било да речете тоа тоа.Што ако тоа 38,5 е 38,8 дур се свестиш може да дојде 39user posted image ако од нешто се плашам е тоа Т

И да преку 1,5 ден има Т па не се знае од што,зголемени леукоцити, малку затнас нос, заб набабред и дел излезен и толку.Чекаме уште брис

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот Defne90 RR)
Непосредна врска до пораките: 1061
   RE: Температура кај децата
9.3.2015 10:18:47   
Dilina
Ние сношти прв пат качивме температура и тоа за многу краток период. Пред бањање имаше 38.5 а може и повеќе зошто мерев со лента. Ја избањав со помлака вода и одма и дадов сируп. За еден час се препоти жива вода и цела ноќ немаше ништо.... нели е чудно за толку кратко време да качи и да симне?

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 1062
   RE: Температура кај децата
9.3.2015 13:05:04   
lukajana RR
Dilina можно ли е да и е од забите да не и избива некое запче,мене Ј така еднаш ми крена т ја однесов одма на лекар немаше ништо вика ке видиме утре,она т имаше само ноќта другиот ден немаше т ама имаше запче,да не ти е на мисла однеси ја на лекар нека ја прегледа за секој случај

_____________________________

Сакам кога ми зборуваат зад грб зашто тогаш знам дека сум еден чекор пред нив

(Одговор на членот Dilina)
Непосредна врска до пораките: 1063
   RE: Температура кај децата
9.3.2015 13:39:11   
Melanija RR
Велат од заб се крева најмногу до 38,5 а други пак дека е до 38.Ако нема денес Т тогаш е моментално ,и поминало.Крвна слика се препорачува 24 часа од кога кренала,зошто може во момент да се зголемени леукоцити а да нема ништо.Тоа на М му се случи, затоа непотребно освен сируп за Т друго не се дава.

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот lukajana RR)
Непосредна врска до пораките: 1064
   RE: Температура кај децата
9.3.2015 16:09:22   
Defne90 RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: Dilina

Ние сношти прв пат качивме температура и тоа за многу краток период. Пред бањање имаше 38.5 а може и повеќе зошто мерев со лента. Ја избањав со помлака вода и одма и дадов сируп. За еден час се препоти жива вода и цела ноќ немаше ништо.... нели е чудно за толку кратко време да качи и да симне?

Дилина голема е веројатноста од забите да качила температура.Еве кај мене помелото буквално со секој заб што ќе го извади качува и температура.А други симптоми нема.Така да давај и сирупче и внимавај на температурата.Ама ако ти качи повторно и се појават и други симптоми како кашлање и затнато носе јас ти советувам да си ја однесеш на доктор па да се исклучи тоа дека се работи за вирус.Во секој случај не е страшно само како што реков внимавај да не ја качи пак и сирупче и туширање со млака вода.Иначе мене матичната ми има кажувано дека ако не е повисока температурата од 38 да се проба да се намали само со туширање и да не се дава сируп.Ама секако ти најдобро си го знаеш своето дете па според тоа знаеш дали ќе ја симне само така или има потреба и од некое сирупче или чепче.Поздрав и секое добро.Во секој случај ништо страшно.user posted image

_____________________________

Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!

(Одговор на членот Dilina)
Непосредна врска до пораките: 1065
   RE: Температура кај децата
25.3.2015 13:30:02   
Felly RR
И ние вчера цел ден и цела ноќ се боревме со висока Т, и тоа прво почнавме со парацетамол чепчиња, но и по 2 саати од парацетамолот креваше Т 39.1, прими и систем и дури течеше се симна до 37.8 после пак над 39. Дури одкако дадовме Неофен (Ибупрофен) живна малку детево, инаку ништо не беше ни јадена ни пиена два дена. user posted image Ноќта со Неофенот, со ладни облоги, со чорапчиња со вински оцет успевавме некако да ја одржиме до 38.8, па денес малку повеќе има енергија и подобро јадеше. Се надевам ќе има подобрување, синоќа око не склопив, местев аларми на пола саат, ама не успеав ни да заспијам, а не пак аларм да ме разбуди. Дури во 4 сабајлето кога и измерив 37.3 ми олесна малку и дремнав еден саат.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Defne90 RR)
Непосредна врска до пораките: 1066
   RE: Температура кај децата
25.3.2015 13:43:34   
Melanija RR
Felly RR тешка ноќ си имала , да остане на тоа. Тешко е сигурно ,и бремена да издржиш но жените сме силниuser posted image со лесно да помине

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 1067
   RE: Температура кај децата
26.3.2015 10:25:18   
Defne90 RR
Времево е такво,полно е со вирози и настинки.И ние постојано преку две недели сме со температура и антибиотици.Бел ден не видовме.Нека се оправи времето па да престанат тие настинки и вируси.Фели вам ви посакувам да оздравите поскоро,тебе не можам ни да замислам колку ти е тешко да го издржиш ова неспиење и грижа околу температурата на малата,ама има право меланија,ние жените сме силни и можеме да издржиме се.user posted image

_____________________________

Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 1068
   RE: Температура кај децата
20.10.2015 8:35:32   
mommy_angels RR
Еве ја и ќерка ми со 38.2 од вчера и воспалено грло user posted image .Добро е што ја симнува со сирупче,пие чајчиња и туширање.

< Поракaта ја уредил mommy_angels RR -- 20.10.2015 8:40:26 >

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 1069
   RE: Температура кај децата
20.10.2015 14:43:48   
jasmina81
КЛИК
pogledbete doktorot mnogu ubavo objasnuva za tt na pocetok od emisija

< Поракaта ја уредил Felly RR -- 21.10.2015 17:00:43 >

(Одговор на членот Defne90 RR)
Непосредна врска до пораките: 1070
   RE: Температура кај децата
20.10.2015 17:05:27   
lukajana RR
Mommy јас се расправам со температура две недели исто од грло .
Гради чисти ама грлото полно со секрет ,давам антибиотик и сируп за температура и капки со ампула Гарамицин .
До четврток ке испие второ шише Цефалексин и ако уште е тука секретот ке менуваме антибиотик.
Иначе мене ми е школо уште со Л дека фати ли грло одма крева температура

_____________________________

Сакам кога ми зборуваат зад грб зашто тогаш знам дека сум еден чекор пред нив

(Одговор на членот jasmina81)
Непосредна врска до пораките: 1071
   RE: Температура кај децата
21.10.2015 17:01:42   
Felly RR
Мами, како сте, помина ли температурата?

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот mommy_angels RR)
Непосредна врска до пораките: 1072
   RE: Температура кај децата
22.12.2015 17:05:15   
MamaKiki
sega citam na internet za eferalgan deka odredeni serii bile povleceni od prodazba vo sosedna srbija i se skameniv serija 1767 so vaznost do januar 2018 jas sum ja iskoristila do kapka prethodniov period se maloto a taa e na lista kako kontaminirana serija so "poliuretanske čestice" ova ne znam ni sto e user posted image
nie sme vo faza na vadenje trojki i navecer koga ne mozi da spie mu davam po pola doza efferalgan za da mu ja smiri malku bolkata a prethoden mesec mi e kupeno koga beshe malovo so TT
ama sum nervozna bljak!
kakvo drugo sirupce ima na baza na paracetamol?
ubavo mi prati zolvami panamax za bebinja i jas i velam ne prajkaj pak ima i tuka user posted image

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 1073
   RE: Температура кај децата
22.12.2015 18:26:44   
marchi
nie daleron koristime od mali za takvi raboti.

(Одговор на членот MamaKiki)
Непосредна врска до пораките: 1074
   RE: Температура кај децата
22.12.2015 19:44:17   
Melanija RR
Страшно скоро сите кои го купиле сирупот е токму таа серија. Далерон е исто парацетамол.MamaKiki консултирај се дали и при вадење заби да даваш парацетамол.Инцидентно веројатно ок, но 3ки и 4ки растат и се оформуват 2-3 месеци па парацетамол, давање и не е решение

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот marchi)
Непосредна врска до пораките: 1075
Страница:   <<   < Претходна страница  40 41 42 [43] 44   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  40 41 42 [43] 44   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Фудбал. За кого навивате на ЕП 2024?
пеперутка16

За кого навивате на ЕП 2024?