|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  19 20 [21] 22 23   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Прилагодување кон новата средина (градинк...
5.9.2014 14:13:27   
blue_blue
немам лично искуство со толку мало дете, но знам од нашата градинка и од познанички дека толку мали деца се чуваат по цел ден во бебешки креветчиња, така да прашај си убаво што како е и ако имаш можност барем до 2 години не го прачај во градинка. До таа возраст нема потреба да се социјализира, таму и онака ништо до 2 години не учат туку само ги згрижуваат децата, а може да почне сите болести да ти ги фаќа пошто е многу мал, а и најважно од се ако се учителките дебилни нема да знаеш пошто не може да ти каже

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 501
   RE: Прилагодување кон новата средина (градинк...
6.9.2014 15:10:37   
Bethany
Меланија, да се надоврзам на постот на блу-блу, ако можеш малку да го пролонгираш одењето во градинка, би било најубаво.
Прво, не знам како беше порано и дали во сите градинки е исто, ама еве конкретно за оваа нашата тука.
Јасли се од 8 месеци па до година и пол, две.
Потоа има група од две до три годинки.
И група од три години, па не знам до која возраст (во оваа е Јаков).

Пред некој ден отидов по Ј да го земам и бидејќи тие се уште ручале останав во ходникот да го почекам. А до мене во ходникот има маси и столчиња за таа прва група (јасли). Леле што да кажам, сите деца во глас плачат, едно започне, друго по него, а тие им бутат храна во уста и им викат да престанат да плачат.
А они малечки плачат и јадат. И тоа јадат иста храна како во сите други групи, добро видов дека имаат грав за ручек, исто како и другите. Мислам нели е тоа мало за тие деца? Не знам, јас бев убедена дека имаат другачија храна.
Тие негователките не се обазираат на мене, јас си стојам до нив, они бутаат храна, па поминува таа што носи храна на количка, па и она им се развикуваа: доста, престанете!. Абе безвезе. Ниту нешто се устручаваат пред мене, вероватно сметат дека тоа е нормално.
Јас разбирам не можат они да им погодуваат како дома што им погодуваат, ама мали се бре, многу, бебиња уште.

Добро нешто кај нас е што во секоја група има најмногу по 10 деца, дури и помалку ги гледав деновиве, па децата не се запоставени.
Градинката ни е голема, ама бидејќи сме во мешана средина, од секоја оваа група има и македонска и албанска, па се затоа така растеретени групите. Инаку, не можам да замислам групата од 30 и кусур деца на две воспитувачки. Ептен многу е тоа.

A моето Јаковче e најмал во својата група. Учителката се "жалеше" дека сите седат мирни и слушат што таа зборува, само тој станува кога му текне и си се шетка натаму-наваму. Ич не ја зема за озбилно. user posted image Ми падна смешно, па дете е од неполни три години, што него занима да седи и да биде концентриран на учење интонација за химната сега за празникот user posted image
Ама ако , ке научи. Тој е онака во свој филм. Инаку, други "проблеми" немаме. user posted image

< Поракaта ја уредил Bethany -- 6.9.2014 15:12:54 >


_____________________________

" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."

(Одговор на членот blue_blue)
Непосредна врска до пораките: 502
   RE: Прилагодување кон новата средина (градинк...
6.9.2014 17:31:48   
sandriana RR
Конкретно на прашањето на МеланијаРР за искуство со непроодено дете во јасли - Тина беше од 9 месеци во јасли, а проодне дури 15 месеци.
Дечињата што се сеуште непроодени главно седат во бебешки креветчиња, или одреден период ги седнуваат на под, со играчките околку нив. Во таа група во нашата градинка тетките се вољни, па дел од времето и ги "паткаат", и ги вежбаат за одење, па голем број дечиња таму и проодеа.
Бидејки Т беше плашлива, не се опушти да оди во таа средина,што дури и ги загрижи тетките - имам пишувано тогаш по други теми, но во принцип, немав проблем со моментот дека оди во јасли, а сеуште не е проодна.

_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

(Одговор на членот Bethany)
Непосредна врска до пораките: 503
   RE: Прилагодување кон новата средина (градинк...
6.9.2014 21:22:07   
Melanija RR
За до 1 година ок е дел да минуват во кревет и играт,ама има темпераментни како моето кое од 8м незнае да седне.
Исправен и оди е веќе 3 месеци,а се пушти пред 1 месец НО нестабилен за тоа колку многу сака да се движи и лудува.Значи оди но со прст .Тоа проодување туку така ми е нејасно но во друга тема.Стани оди седни му е цел ден,а може вака ќе тера уште 2 месеци незнам што да сочекам.Сам ако гу пуштат ќе скрши глава.
Ќе одиме ако не со него зошто секако плаќаме па ќе ни кажат што и како се прави.

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 504
   RE: Прилагодување кон новата средина (градинк...
7.9.2014 11:55:23   
*devojce*
Prviot den pomina ok sedese pola saat i pocnal da place i go dale na majkami.Ama od vtornik do petok bese vristenje non stop.Mislam na toj 1 saat sto go sedese vo gradinka.Tesko ke odi priviknuvanjevo.Vcera pominavme pokraj gradinka samo sto ja vide ogradata pocna da place i mi vika mama ne mama ne lellelele pa jas ako treba da go nosam nikogas nema d go ostavam hahahha.Ja odminavme gradinkata i kako nisto da nebilo si se smee.I stom mu spomnes gradinka te stava na ignore ne saka da komentira hahaha

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 505
   RE: Прилагодување кон новата средина (градинк...
12.9.2014 13:21:07   
miana
Еве сме 8 ми ден во градинка.. Секој ден кога ке се врати ја прашуваме дали утре ке оди во школо ( тоа за неа е како школо, зошто сестраи оди во школо ) и таа вика - ДА!!!
Секој ден се осаваме со плачење ( мм ја остава зошто со мене ке драми повеке ) но се смирува..Оваа недела беше по два часа, во понеденик ке седи повеке , се надевам до пред спиење..Во понеделник сум на родителска user posted image Стравувам дека како што поминуваат деновите таа се повеке се расплачува наутро и вика - не сака оди коло!!! Мислам дека сите си мислите како мене - ако моево дете почне да оди без проблем , тогаш сите ке одат !!! Наместо полека да се адаптира, таа се повеке се засилува..Кога си оди праќа пољупчиња на учителките!

_____________________________

Животот е краток. Крши ги правилата, простувај брзо, бакнувај бавно, сакај вистински, смеј се неконтролирано и никогаш не жали за нешто што те насмеало.

(Одговор на членот *devojce*)
Непосредна врска до пораките: 506
   RE: Прилагодување кон новата средина (градинк...
12.9.2014 22:46:56   
elenak
Кај нас има напредок, вчера за прв пат станала да си игра, претходно цело време седела на столче и не мрдала од таму. Не кажуваше за какање таму,ама штом татко ми ја земеше од градинка дома прво барала нокшир. Е денес и тоа и кажала на учителката и какала таму. Изгледа почна да се опушта дете.user posted image Само многу лошо ни иде викендов, во понеделник е најбучна сабајле со противењето и таман до петок веќе се смирува и со најмалце негодување одиме викендот дома не сецка, и од понеделник пак јово наново.user posted image

< Поракaта ја уредил elenak RR -- 12.9.2014 22:47:50 >


_____________________________

You don''t have to be perfect to be a perfect parent.

(Одговор на членот miana)
Непосредна врска до пораките: 507
   RE: Прилагодување кон новата средина (градинк...
12.9.2014 23:02:53   
Felly RR
А пак кога ќе се погоди и продолжен викенд (како минатиот) уште полошо. user posted image Но штом има напредок, тоа е одлично, за брзо време веќе и одењето после викендот дома нема да ви биде проблем. user posted image

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот elenak)
Непосредна врска до пораките: 508
   RE: Прилагодување кон новата средина (градинк...
13.9.2014 0:43:59   
Defne90 RR
Браво за малата еленак супер што има напредок во прилагодувањето на градинка.И само трпение,тешко им е надецата да се уклопат во срединакаде што не им е баш се познато,ама се се решава на крај.Мала е таа за кратко време ќе се навикне и ќе се лути кога ќе одиш да ја земаш за дома.user posted image Секако така е лошо од една страна кога ќе се погоди продолжен викенд,децата тогаш едноставно ќе си се навикнат на дома и тешко иде после пак носењето во градинка.Ама ви посакувам успех во прилагодувањето и што побргу да си се адаптира детето.

Инаку и ние минуваме низ сличен период.Значи секое сабалје кога ќе го разбудиме со маж ми срцето ми се кине кога го слушам како плаче и не моли да не го носиме.И толку жално значи неколку пати бев во искушение да го сопреме повторно и да не го носиме на градинка.Ама не му потклекнавме на тоа искушение.Знам дека така само ќе го збуниме детето и дека догодина пак ќе биде истата песна ако сега не се прилагоди на градинката.Лошо во сето тоа е што ослабе и неколку килограми од нервоза,претходното сабалје го облекувам и гледам панталоните кои што едвај му се закопчуваат сега му паѓаат буквално морав да ставм каиш оти не можеше така да ги носи.Ептен се нервирам ама мора едноставно мора да се навикне дека мора да оди на градинка.И денес го преместивме кај друга воспитувачка,таму има и неколку децат што ги знае и со кои може да си игра.Инаку кај претходната немаше ниту еден познајник па затоа може и толку негодуваше затоа што цело време си седел сам и не контактирал со никој.Денеска бил подобар,не плачел и си игарл некое време и со ддругарчињата.Знам дека одеднаш не може да се навикне на градинката ама постепено и конечно да се реши тој проблем.

_____________________________

Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 509
   RE: Прилагодување кон новата средина (градинк...
13.9.2014 9:26:28   
Felly RR
Defne, баш ве мислев -дека немаше пишано ништо.Се надевам дека во новата група ќе му биде поинтересно со познати дечиња, и полесно ќе му оди привикнувањето.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Defne90 RR)
Непосредна врска до пораките: 510
   RE: Прилагодување кон новата средина (градинк...
16.9.2014 8:43:44   
Палешка РР
Значи детево мое е најтежок случај од цела група user posted image Сите досега се навикнаа некако, а ние трета недела тераме со рикање како некој да ја коли. Денес дури и ми го скина коланот што го носев и ништо не слуша што и зборуваме со учителката од што рика. Секој ден е се полошо. Сега се јавив кај учителката - престанала да плачи за 10 минути. Значи какви драми прави детево не е можно. Паднав по пат за на работа од што не ми се гледаше пред очи user posted image user posted image user posted image

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 511
   RE: Прилагодување кон новата средина (градинк...
16.9.2014 15:09:55   
Felly RR
АХ, Палешке, знам дека е многу тешко детето да си го оставиш со плачење, ама нека те теши тоа што за брзо се смирува. М еве, што дека лани и беше трета гопдина во градинка, истото го правеше кога ја оставав некој период. И мене ми се плачеше, кога ја оставав, ама важно кога ја земав беше весела и расположена, а исто и воспитувачката ми кажуваше дека одма се смирува.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 512
   RE: Прилагодување кон новата средина (градинк...
16.9.2014 15:20:46   
Mihaela 2010
Off koga ke se setam moja M kakva bese, ma ne sakam ni da pomislam.duri ucitelkata vikase vakov slucaj do sega ne sme imale..ma dete placese rikase zajduvase nekolku meseci dur da se navikne na ucitelkata.duri i drugite roditeli i babi ja naucija i ja zalea..taka da Paleska toa e kje vi treba vreme ama ke se smiri ne mu se sekiraj

_____________________________

Најголемата трагедија во животот не е смртта, туку она што дозволуваме да згасне во нас додека живееме.

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 513
   RE: Прилагодување кон новата средина (градинк...
16.9.2014 16:19:07   
pepuska
Денес ни беше втро ден во градинка оди без плачење ама денес излезе со плачење ја натерале да јаде user posted image , ( доручек) бевме само пола саат ама потоа излезе се смири и мафна на учителката со насмевка инаку сме во прва мала група во ЈУДГ буба мара да не има некој исто што оди таму меи нтересира во таа група во која возраст спаѓаат децата зашто некако моево како да е меѓу помалечките кои се во групата инаку до сега ја запознав само едната учителка и ми се виде ок

(Одговор на членот Mihaela 2010)
Непосредна врска до пораките: 514
   RE: Прилагодување кон новата средина (градинк...
16.9.2014 16:49:48   
Felly RR
Пепушка, може во темата Во која градинка да видиш дали некое рингерајче оди во истата, инаку во нашата градинка, М кога тргна беше во прва мала група (од кога беше тоа, ехеееееuser posted image пред три години) и во таа група беа деца кои се родиле во 2009. Мојата М е родена во декември, а имаше и деца родени во април на пр. што значи 8 месеци поголеми од неа, а колку се децата помали, толку повеќе се забележува разликата, нели, па и мене ми се чинеше дека сите се поголеми од неа. Сепак одлично поминавме, ви посакувам и вас, убаво и со лесно да се прилагодите на градинката.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот pepuska)
Непосредна врска до пораките: 515
   RE: Прилагодување кон новата средина (градинк...
17.9.2014 9:42:23   
Палешка РР

ИЗВОРНА ПОРАКА: Палешка РР

Значи детево мое е најтежок случај од цела група user posted image Сите досега се навикнаа некако, а ние трета недела тераме со рикање како некој да ја коли. Денес дури и ми го скина коланот што го носев и ништо не слуша што и зборуваме со учителката од што рика. Секој ден е се полошо. Сега се јавив кај учителката - престанала да плачи за 10 минути. Значи какви драми прави детево не е можно. Паднав по пат за на работа од што не ми се гледаше пред очи user posted image user posted image user posted image


Незнам што се случи преку ноќ, ама Миа денеска не направи голем проблем в градинка. Појде кај учителката само со кемкање и потоа наеднаш истрча - Мато да те гушнам да те бакнам...срце мое user posted image
Се надевам дека ќе се среди user posted image

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 516
   RE: Прилагодување кон новата средина (градинк...
17.9.2014 11:16:15   
Defne90 RR
И јас да се пофалам,конечно прво сабалје денеска синко како не плачеше и не правеше проблеми за во градинка.Додуше негодуваше малку ама бргу си се помири со тоа дека мора да оди и толку.И си излезе со татко му ги испратив и немаше проблеми,како до вчера кога обавезно правеше сцени дома со плачење и врескање.Ама дефинитивно го приметувам дека почнува полека да се помирува со фактот дека МОРА да оди во градинка.И плус секој ден го земавме околу 13.30 најкасно до 14.00,а вчера за чудо издржал до три часот и дури се согласил да си лежи таму колку време имаат одредено во креветче и да си одмара.Полека почнал и со другарчињата да си игра и да комуницира.И се надевам дека полека но сигурно поминуваме од една етапа до друга на привикнувањето во градинка.user posted image

_____________________________

Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 517
   RE: Прилагодување кон новата средина (градинк...
17.9.2014 17:37:46   
Felly RR
user posted image за нашите рингерајчиња!!! Знаат тие дека е убаво во градинка. user posted image

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Defne90 RR)
Непосредна врска до пораките: 518
   RE: Прилагодување кон новата средина (градинк...
18.9.2014 13:21:03   
Daculka
Eve i jas da se priklucam na temava. Na moeto since koe ima 3 godini denes mu e 4ti den vo gradinka pocnavme od ponedelnikot i navistina ne znam kako da go smiram i da mu sozdadam ubava slika za gradinkata. Ponedelnikot pominavme preubavo ne se ni rasplaka vleze vnatre na zaminuvanje pred da go ostavam me bakna raspolozen i vesel. Drugiot den ne sakase ni da cue za vo gradinkata da vleze nekako ucitelkata go zema so placenje i jas se rasplakav, premnogu mi bese zal, koga otidov da go zemam ucitelkata kaza deka cel den nisto ne jadel, ne placel ama zabelezitelno vo sebe si tazel, nie i onaka si imame maka so jadenjeto pa ova ni bese kapak vo gradinkata toj ne saka nisto da jade. Vcera kako treti den utroto koga go ostaviv povtrono placese i sedel gladen deneska go ostaviv so mirno mislam deka veke pocna da se pomiruva, no sto so jadenjeto i deneska li e gladen. sto ako utre mi rece deka pak ne saka da odi sto ako povtorno place po mene ne znam kako da postapam so nego ne znam kako da go naucam i kako da mu sozdadam slika deka za nego spored mene i negoviot tatko gradinkata e neizbeznit del, ne deka nema koj da go cuva, no bidejki 3 godini bese doma a vo blizina nemame mnogu deca jas mislam deka i toa e glavnata picina sto toj sega e div i ne moze da se vklopi vo grupata, toj e naucen sam, a toa e najgolemata nasa greska (ne sakana). Se plasam da ne prodolzi taka i ponatamu. Postarite mi vikaat otpisi go odma demek ke se razboli vo gradinka od zal. Navistina ne znam sto da pravam. Spored Vas da mu dadam li nekoja nedela vreme da vidam dali ke se privikne ili odma da go otkazuvam?

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 519
   RE: Прилагодување кон новата средина (градинк...
18.9.2014 17:15:30   
Felly RR
Дацулка, зборувај му цело време за градинката колку е убаво таму, дека таму запознава нови другарчиња, па дека има многу играчки, дека ќе научи многу работи, и се така само позитивно. 4 дена па и не се многу голем период. Биди упорна, ќе се навикне.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Daculka)
Непосредна врска до пораките: 520
   RE: Прилагодување кон новата средина (градинк...
22.9.2014 13:45:26   
Melanija RR
Денес беше првиот ден на М во јасли. Малку заплакав ама чуствував и сеуште дека може и ќе се навикне.
Беше 1 час се подрасплака кога го зема негувателката и тоа.Кога влегов да го земам го видов како седи на под со цуцето во уста и си цимоли.Не гушна и се смири.Ни рекоа не плачел постојано и за чудо сакал во раце кај негувателката. Од она што видов не ми изгледаше како којзнае колку да плачел и му беше сменета пелената.
Еве баш си е ок ,надвор и по дома,си заспа регулар ништо што би дало знаци на некоја вознемиреност.Но сепак утре втор ден па ќе видимеuser posted image

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 521
   RE: Прилагодување кон новата средина (градинк...
22.9.2014 14:14:50   
Felly RR
Со среќа Меланија и со лесно да ви оди прилагодувањето. ДОбро е што веднаш ја засакал воспитувачката.user posted image

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 522
   RE: Прилагодување кон новата средина (градинк...
22.9.2014 14:20:31   
LoveableMe RR
Со среќа Меланија, ви посакувам побрзо да се навикнете и што помалку да плаче, да ја засака градинката, воспитувачките и децата. Така за сите ќе биде полесно. user posted image

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 523
   RE: Прилагодување кон новата средина (градинк...
22.9.2014 17:37:35   
Snowhite RR
Со среќа Меланија рр, супер како за прв ден, само очекувај дека можеби покасно ќе има промени, бидејќи прв ден не знае каде оди и зошто, ама кога ќе сфати наредните денови каде го носиш може друга реакција да покажи. Сепак помал е тој, помалите побрзо и подобро се прилагодуваат од поголемите

Со среќаuser posted image

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 524
   RE: Прилагодување кон новата средина (градинк...
23.9.2014 12:53:43   
Melanija RR
Фала ви user posted image
Денеска очекував да е полошо user posted image и на разделба беше одма го земаа тој плаче и дава раче.И мајкино срце ,спакував кондурите и ставив ранец во шкафче и си излегов.И вчера и денес не плачев иако М викаше ,а кога го зимам некако ми е потешко.Но учителка вика денс бил каде каде подобар па и си поиграл.Утре зголемуваме 1 час и 15 минuser posted image

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 525
Страница:   <<   < Претходна страница  19 20 [21] 22 23   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  19 20 [21] 22 23   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Женско име
Sofijaa

Кое име е поубаво?

Лаура (20%)

Луција (12%)

Леона (56%)

Лусија (12%)


Број на сите гласови: 171

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!