|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  18 19 [20] 21 22   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Прилагодување кон новата средина (градинк...
13.4.2014 15:28:06   
IvaDicho
Zdravo na site :)

Nskoro sakam/treba da go zapisham sin mi vo gradinka, i se mislam za frankofonskata gradinka vo sklop na ucilishteto Dimitar Miladinov. Bi sakala da prasham dali nekoi od vas go nosi svoeto detence vo taa gradinka i dali bi mozele da spodelite nekoe iskustvo?
Odnapred blagodaram.

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 476
   RE: Прилагодување кон новата средина (градинк...
7.5.2014 22:53:54   
Snowhite RR
Утρе почнуваме со Јана во гρадинκа, иаκо го поминав ова со пρвото сега κаκо пρв пат да ми е. Ќе почниме постепено по саат два па да видиме κаκо ќе се навиκнува. Не знам κаκо ќе биде зашто не е пρоблемот во оставањето, јас ја оставам од бебе од два месеци, ама ρаботата е во тоа што не саκа да оди κај непознати дуρи итогаш κога сум јас туκа, а κамоло па да ја оставам со непознати, само се тешам деκа и бρатчето ќе и биде таму па може со него ќе се подсмиρи. Не саκам да ја оставам по многу додеκа да ги запознае негователκите зашто сметам деκа на почетоκ се поболуваат баш од тие ρазделби, оставање во непозната сρедина, со непознати и иаκо може нема да плачи ама можи во нејзе ќе си тагува. А досега е пρилично здρава и отпоρна отκаκо е ρодена до сега само 2 пати пиела сиρуп, а има 16 месеци. Со господ напρед ќе видиме κаκо ќе биде белκим нема да ми се ρазболува често.

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот IvaDicho)
Непосредна врска до пораките: 477
   RE: Прилагодување кон новата средина (градинк...
8.5.2014 7:48:20   
mommy_angels RR
Ајде со среќа и лесна адаптација ви посакувам Сноувајт.А за настинките и градинката,што да кажам user posted image си знаеш веќе зашто едното детенце ти оди во градинка .Само со лесно и со малку да поминуваат,новата средина и колективот си го прават своето user posted image

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 478
   RE: Прилагодување кон новата средина (градинк...
8.5.2014 15:13:43   
Hunny
Ние планираме да ја запишеме од есен. Сакавме од октомври за да престанат плачките на другите деца, ама колешкиве ме премислуваат дека подобро е да ја запишеме од септември, да се адаптира заедно со другите деца. Какви се вашите искуства?

(Одговор на членот mommy_angels RR)
Непосредна врска до пораките: 479
   RE: Прилагодување кон новата средина (градинк...
9.5.2014 10:17:05   
sandriana RR
Т почна во градинка во Јуни, и мислам дека го направив вистиникот избор за време. Причина: намален број на дечиња во тек на летото, помала опасност од настинки, вируси и бактерии, топло време....Бидејки имаше едвај 9 месеци кога тргна, имаше доволно фора до Септември да се прилагоди и да потпорасне, да зајакне имунитетот. Не значи дека есента и зимата не се разболуваше, но сите болести ги мина релативно лесно.

_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

(Одговор на членот Hunny)
Непосредна врска до пораките: 480
   RE: Прилагодување кон новата средина (градинк...
9.5.2014 10:49:47   
Defne90 RR
И јас сум на план јуни месец помалото во игрална да го запишам прво само по три саати од 10 до 13 часот.Па ќе видиме што ќе направиме.Се надевам дека додколку го запишеме помалото и поголемиот ќе се разубеди дека градинката е корисно место за игра и забава но и место каде што се учат многу корисни работи.Јас додуше не ми е толку страв од реакцијата на помалото колку што ми е страв од поголемиот.Тој си е посебен тип и малку е покомплициран.До сега двапати го запишуваме и не успеавме да го праќаме повеќе од две недели.А дефинитивно месец јуни е најдобар месец за запишување во градинка,целосно се согласувам со сандриана.И мислам колку е помало детето толку полесно ќе се привикне на новата средина.Кај четиригодишно дете,малку потешко оди тоа,што е и случајот со поголемиот син.Мене додуше толку и не ми е страв од настинките колку што се секирам околу тоа како ќе успеат да се прилагодат со дружбата како и на новите и непознати лица.Ама за се треба време нели.На крај се си доаѓа на свое место.А овој пат треба и ние да бидеме поупорни околу тоа.

_____________________________

Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 481
   RE: Прилагодување кон новата средина (градинк...
10.5.2014 11:52:19   
bucko mal
M tera petti mesec vo gradinka,zapcna vo Januari koga site decinja se vratija od odmor i imase dosta novi decinja.
Placki od site strani,edno dete zaplaci i site po nego.M mnogu placeshe cel mesec ne prekina.Posle se smiri arno ama mu se smenija ucitelkite i sega pak sme so placki.
Samo sto sega nema drustvo za placenje i go gledam brzo se smiruva.
Jas mislam najdobro vreme da se pocne vo gradinka e koga nema mnogu decinja,na primer leten period.Togash nema mnogu placki.a i pomalku deca se i ucitelkite ke mozat poveke da vnimavaat na novoto detence.

< Поракaта ја уредил bucko mal RR -- 10.5.2014 11:57:24 >


_____________________________

You have to dream if before you can do it.

(Одговор на членот Defne90 RR)
Непосредна врска до пораките: 482
   RE: Прилагодување кон новата средина (градинк...
10.5.2014 16:04:00   
Snowhite RR
Да си поднесам извештај за пρвите два дена во гρадинκа, пρвиот ден највеρојатно не знаеше што и се случува и не плачеше, ама не јадела, додуша јас и дадов млеκо во 7 а таму во 8 и 30 е појадоκот па може не била гладна, втоρиот ден плачела, не цело вρеме ама сепаκ повќе од пρвиот, ја пρатив гладна ама паκ не јадела, па и дала млеκо малκу се напила, двата дена мајκа ми ја зеде κај 10, сега бидејќи ќе напρави пауза 2 дена, понеделниκ паκ исто, па здρавје ќе видиме од втоρниκ дали ќе ја оставаме подолго

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот bucko mal)
Непосредна врска до пораките: 483
   RE: Прилагодување кон новата средина (градинк...
19.7.2014 1:36:32   
Gwendolin
Колку што можев да исчитам, кога се остава детето првпат во градинка седи малку, на пример пола саат, саат...па се наголемува секој ден, па за некоја недела и со спиење останува... Јас морав моево да го пуштам во градинка сега, почнавме од 1 јули после година и пол молење (зашто немаше места). Конечно успеавме да се запишиме зашто морам да работам и нашето прилагодување оди вака - прв и втор ден по 5 мин. зашто плаче многу, па трет ден 30 мин. зашто 15 мин. вриштеше без воздух да земе. После некој ден почна да си игра со играчки, сака музика и сл...Почнав да ја носам и за појадок (зашто ја носев од 9 и 30) и јадела само еднаш ама ај викам има време за јадење. Сакам да кажам дека некако пребавно ми изгледа адаптацијата. Трета недела веќе поминува, а ние одиме по 2 часа. Знам дека секој ден се менуваат и воспитувачки и негователки ама па нели е малку по 2 часа? И тоа последните 3 дена, инаку одевме час, до час и пол. Не плаче кога влегува веќе, сама си оди внатре и кога одам да ја земам ми викаат мирна е си игра и им викам а па ај ќе ја оставам барем уште пола саат на што веднаш добивам одговор аааа не многу ќе и биде доволно е толку. Два пати побарав да ја оставам уште малку ако е мирна и после секое барање, наредниот ден детето плаче, дури првиот пат беше цела сина на раката ми викаат ја штипна детенце (а прстите на раката поголеми од моите). Не знам што е работата не можат да ја чуваат уште пола саат?

_____________________________

Само Вселената и човечката глупост се бескрајни. Всушност, за Вселената и не сум толку сигурен. - Ајнштајн

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 484
   RE: Прилагодување кон новата средина (градинк...
19.7.2014 5:51:14   
bucko mal
Gwendolin milo mi sto ste nasle gradinka,inaku mnogu malku vreme pominuvate vo gradinka.Samo 2 casa,posle 20 dena vo gradinka?
Nekako mnogu mi e malku,aj da videme sto ke kazat drugite mamicki.
Sekoe dete place pocetokot,toj e tezok period ama mora da se projde.Sin mi I den denes znae da zaplace.
Nie tretiot den go ostavivme sam.Kaj nas pocetokot bese dobar posle pocnaa plackite.Kaj nas pa kolku I da place deteto ne se javuvaat I ne forsiraat da bide pomalku saati.
Nikogas nema da zaboravam vo kakva situacija mm go ima najdeno,detevo preplakalo-cetiri saati ne prekinalo da place I na kraj vo race na ucitelkata mu zaspal.A,im bese kazano vo sekoe vreme da se javat da go zememe ako ne se smiruva ama djabe.
Sega znae da zaplace koga go ostavam I posle pak place koga go zemamuser posted image
V posakuvam sreka,sto pobrzo da se prilagodite vo gradinka.

< Поракaта ја уредил bucko mal RR -- 19.7.2014 5:53:17 >


_____________________________

You have to dream if before you can do it.

(Одговор на членот Gwendolin)
Непосредна врска до пораките: 485
   RE: Прилагодување кон новата средина (градинк...
19.7.2014 14:48:31   
Gwendolin
Ти благодарам за одговорот, јас мислам дека нормално си се прилагодува детето, кога ја оставам сама си влегува во градинка веќе не плаче и кога ја земам гледам дека не плачела барем пола саат пред тоа, зашто кога плаче силно и се појавуваат црвени точки на лицето и се повлекуваат по пола саат. Е се разбира дека ќе си поплаче за играчка или ако и даваат да јаде нешто што не сака ама тоа го сметам за нормално, па и дома кенка и плаче за глупости. Ама не знам зошто да не може детево да остане барем 3 саати, не знам како ќе ја оставам кога ќе работам по цел ден а тоа е за некои 2 недели. Ај ќе видеме од понеделник.

_____________________________

Само Вселената и човечката глупост се бескрајни. Всушност, за Вселената и не сум толку сигурен. - Ајнштајн

(Одговор на членот bucko mal)
Непосредна врска до пораките: 486
   RE: Прилагодување кон новата средина (градинк...
19.7.2014 17:42:44   
Felly RR
Гвендолин, вака како што пишуваш, детето убаво се прилагодува, и не гледам зошто да не останува подолго време. Најверојанто се зависи од воспитувачките. Кај нас веќе после третиот ден самите ни рекоа да остане со спиење, зошто ако ремногу долго ја земаме порано, може да се навикне дека тоа е времето за дома, па после да не сака да спие таму.
Разговарај со воспитувачките и кажи им дека за 2 недели почнуваш на работа, и ќе нема кој да ја зема порано, па затоа од понеделник веќе да почнете со подолго останување, па дури и со спиење.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Gwendolin)
Непосредна врска до пораките: 487
   RE: Прилагодување кон новата средина (градинк...
20.7.2014 14:50:17   
deluxe
Гвендолин,доколку си сигурна дека детето веќе се прилагодило на новата средина,остави го,не оди да го земаш кога треба(пр.по 2 часа)Закасни се...намерно,барем пола час или час.Доколку детето си е ок.кога ќе го земеш,започни си да си го носиш како и другите деца.Па доколку ти речат нешто воспитувачките ,можеш фино лепо да им кажеш дека детето си е легално запишано како и сите други деца,плаќаш како и другите родители и готово.А тие земаат плата за да ги чуваат тие деца.user posted image
Најважно е детето да се прилагоди,на воспитувачките тоа им е работа ,да ги чуваат,не ги штеди нив.

_____________________________

„ Можеш да го извадиш човек од кал,но калта од човекот не!! “

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 488
   RE: Прилагодување кон новата средина (градинк...
22.7.2014 14:06:28   
Gwendolin
Ви благодарам девојки за одговорите, баш мислев да почнам да ја оставам подолго и таман се решив по 2 и пол- 3 саати да наголемам ете денес цел ден плачела дури сакале да ми се јават да ја земам user posted image . Си појадувала нормално и после се расплакала и не прекинала се дур не ја земав. Не знам, јас мислев дека поминал периодот на плачење, ама ете пак почнавме со плачки. Не очекував закаснета реакција како што ми викаат зашто поминавме период од недела и нешто со плачки ... не знам што да речам, ама колку и да плаче ќе го наголемувам времето макар да е 1о мин. на ден. Оф, ајде па некој ден кога ќе остане цел ден и нема да ми речат плачеше цело време сите ќе ве частам user posted image

_____________________________

Само Вселената и човечката глупост се бескрајни. Всушност, за Вселената и не сум толку сигурен. - Ајнштајн

(Одговор на членот deluxe)
Непосредна врска до пораките: 489
   RE: Прилагодување кон новата средина (градинк...
22.7.2014 14:33:41   
Felly RR
Ќе биде и тој ден побрзо отколку што мислиш. user posted image Не забораваме на честењето. А тоа што денес била малку повознемирена може е од што два дена си била дома, па после викенд пак и доаѓа како на ново прилагодување.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Gwendolin)
Непосредна врска до пораките: 490
   RE: Прилагодување кон новата средина (градинк...
22.7.2014 15:37:29   
Melanija RR
На брошурата што ни ја дадоа од градинка пишува дека првите неколку дена се остава по 30мин до најмногу 1 час,втората недела би ,ожело повеќе а понатаму нели зависи од детето.Без плачки не е можно ,но убаво вика Felly RR , што и кај поголеми влијае кога се оди после викенд.Два дена дома се прилично време плус постојано со блиски.
Gwendolin поддршка за тебе и се ќе биде ок ,па од септември ти мене ќе ме тешиш дека ќе помине се во ред user posted image

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 491
   RE: Прилагодување кон новата средина (градинк...
22.7.2014 18:05:42   
mommy_angels RR
Gwendolin pravi si taka kako shto mislish deka odgovara za tvoeto detence.A jas ke ti kazam samo eden fakt od mojata prijatelka.Decata zaeno ni pocnaa vo gradinka i toa vo istata grupa.E sega zasto jas idev na rabota ,A za nepoln mesec pochna so spienje,a za nejze znaea deka ceka za rabota i ne i dozvolija da prespie deteto 3 meseci(taka bilo dobro za nego).Ne vikam deka deteto treba da se isforsira,ama zarem mu trebaat tri meseci za da se sprijateli so istite deca i ucitelki user posted image .Dobro znaeme deka decata posle nepoln cas na igralishte,cela nedela zboruvaat za novoto drugarche.Trpenie samo so detenceto i se ke si se sredi

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 492
   RE: Прилагодување кон новата средина (градинк...
23.7.2014 9:59:04   
Gwendolin
Фала на сите за одговорите, еве сабајле си ја оставив, вратата беше отворена и со трчање си влезе ама кога виде една од вработените таму кога писна да плаче... Се надевам внатре се смирила зашто заминав одма, имав работа и доцнев веќе, ќе видам после како ќе биде. Е па немам избор. Плачела, не плачела, ако не работам ќе си плачеме двете дома за лебuser posted image . А си игра со сите деца кај и да сме на улица, на игралиште, во парк. Не е повлечена, кај и да види дете трча по него и го тегне да си играат да се бркаат. Мислам дека само од возрасните (и тоа постарите) има страв зашто немаме во близина ни баби ни дедовци ни тетки ни стрини... Ако моево дете се навикне во градинка, сите дечиња ќе се навикнат, па јас ќе давам совети после user posted image . Фала женски уште еднаш

_____________________________

Само Вселената и човечката глупост се бескрајни. Всушност, за Вселената и не сум толку сигурен. - Ајнштајн

(Одговор на членот mommy_angels RR)
Непосредна врска до пораките: 493
   RE: Прилагодување кон новата средина (градинк...
31.8.2014 12:34:23   
*devojce*
Здраво мамички.
Дамјан има скоро 14 месеци и од утре почнуваме со градинка.Ке го носи мајка ми зема одмор зашто ако отидам јас нема да се знае кој повеќе ќе плаче user posted image .До сега седи со кој и да е само да го занимаваш и да не не види мене и татко му.Сака деца сака музика па се надевам дека ќе се навикне.УУУУУУФФФФ ама мене ми е многу тешко уствари може и џабе мислам ама ќе видиме утре па ќе ви пишам.Поздрав

(Одговор на членот Gwendolin)
Непосредна врска до пораките: 494
   RE: Прилагодување кон новата средина (градинк...
31.8.2014 23:07:27   
Defne90 RR
Од утре дефинитивно и ние тргнуваме во градинка,односно поголемиот син кој има 4 ипол години.И за разлика од претходниот пат кога пробавме да оди,сега е расположен,возбуден,весел и вели дека едвај чека да осамне па да оди во градинката и да се дружи и да си игра со децата.Поголем ентузијаст никогаш не бил.И се надевам и дека нема да си го промени мислењето за неколку дена.Битно цел ден си спрема се што му треба за градинка и постојано повторува дека не му се чека.А и време му е веќе, голем дечко е тој.user posted image

_____________________________

Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!

(Одговор на членот *devojce*)
Непосредна врска до пораките: 495
   RE: Прилагодување кон новата средина (градинк...
5.9.2014 9:05:46   
Палешка РР
Нас тешко ни оди привикнувањето user posted image плачи таа, плачам јас и незнам кое срце ќе издржи.
А инаку им е многу убаво, си играат, си јадат, имаат час по физичко, ќе имаат часови по англиски...Молам Бога да се навикне што побрзо user posted image

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот Defne90 RR)
Непосредна врска до пораките: 496
   RE: Прилагодување кон новата средина (градинк...
5.9.2014 11:48:52   
miana
Ние денес за прв пат, полни со ентузијазам, со среќа, насмеана од уво до уво - се до пред вратата... Мм ја носеше за да биде по безболно ( ако ја носам јас повеќе ке плаче ) кога стигнале, се засрамила, учителката ја земала во раце, почнада да вришти и ја однела внатре.. Пола саат седела, ја изнеле да му ја вратат, рекле дека многу плачела, на моменти се смирувала и кога ке види друго дете да плаче, пак почнувала да плаче.. Учителката му рекла на мм дека мисли дека брзо ке се адаптира, за разлика од првата керка ( беше кај истата учителка и она ) ..Првата керка беше полоша на првиот ден, ама брзо се навикна.. Мислам дека тука е проблемот што керками не ги познава учителките, инаку ако ги познава нема да имам никаков проблем.. Имаме едно комшиско дете што многу се дружи со неа, ама чека да се ослободи место ( поголемко е детето ) во истата градинка и јас мислам дека кога она ке појде во градинка и мојава ке оди со неа со песна... Мораме да бидеме упорни!

_____________________________

Животот е краток. Крши ги правилата, простувај брзо, бакнувај бавно, сакај вистински, смеј се неконтролирано и никогаш не жали за нешто што те насмеало.

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 497
   RE: Прилагодување кон новата средина (градинк...
5.9.2014 12:03:28   
elenak
Поминавме една недела во градинка и учителката ми дава надеж дека биде добро, со оглед на тоа дека комуницира со неа и не плаче, само од дома малку и веќе на влегување си ја фаќа за рака и оди без плачки. Ама сепак мислам дека тоа е резултат на тоа што не седи многу, само по 3 саати и татко ми ја зема, седи ама знае дека деде ќе дојде да ја земе. Инаку 16 деца се во група (во 1-ва мала е) и уште им се тешко да комуницираат меѓусебно па секој си тера по свое. Мојава цело време си седела на маса сама. Ама ми викаат дека било нормално, дека треба период да помине да се навикнат и да почнат да се дружат, па можеби тогаш ќе и биде поинтересно па дури и ќе сака да оди. Дома кажува дека им пуштале музика, играле, кажува некои песнички, се надевам ќе се привикне. Проблемот е само што не јаде ништо таму освен сув леб и не кажува на учителката за какање туку чека да дојде дома или кака пред да тргнеме. Не знам дали е срам или револт ама ваљда и тоа ќе го надмине.user posted image

_____________________________

You don''t have to be perfect to be a perfect parent.

(Одговор на членот miana)
Непосредна врска до пораките: 498
   RE: Прилагодување кон новата средина (градинк...
5.9.2014 12:37:48   
Melanija RR
Читам читам и кој знае како ќе биде со М .За недела две ќе го однесеме за проба се надевам дека нема баш лошо да биде бидејќи е мал.Има некој искуство со одење во јасли а детето уште да неоди самостојно?

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот elenak)
Непосредна врска до пораките: 499
   RE: Прилагодување кон новата средина (градинк...
5.9.2014 13:08:00   
LoveableMe RR
ИЗВОРНА ПОРАКА: Melanija RR

Читам читам и кој знае како ќе биде со М .За недела две ќе го однесеме за проба се надевам дека нема баш лошо да биде бидејќи е мал.Има некој искуство со одење во јасли а детето уште да неоди самостојно?


Јас би те советувала да прооди асално па да го пратиш, лелее многу е малечок, не знам баш дали добро ќе се грижат за него. Јас кога ме носеа во јасли (за жал немаше кој да ме чува), нон-стоп бев болна. Бар да има година и пол, ако имаш можност за чување. Среќно!

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 500
Страница:   <<   < Претходна страница  18 19 [20] 21 22   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  18 19 [20] 21 22   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Bebce so mnogu iminja :))
Ljubovce

Naset_o malecko za 3 meseci treba da dojde na ovoj svet a nie sme vo mnoguuu golema dilema kako da bide negovoto ime...pa jas i mojot soprug resivme da pobarame pomos od vas :)

Andrej (31%)

Aleksej (17%)

Andrija (8%)

Valentin (6%)

Ivan (18%)

Bojan (19%)


Број на сите гласови: 191

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!