|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Многу бебиња страдаат од пеленски осип. Со помош на овие совети црвенилото на газето брзо ќе го надминете.
Клучни зборови:

image
/11


Нежната кожа на доенчето е многу чувствителна и многу потенка од кожата на возрасните. Посебно чувствителна е кожата на газето и многу бебиња понекогаш имаат црвенило под пелените. Понекогаш од тоа црвенило се развива и пеленски дерматитис. Причина е контактот на бебешката кожа со урината и столицата или неадекватна нега.

 Менување на пелените почесто. Тоа значи веднаш по столица, а кај новороденчињата барем пет пати дневно. Пелената нека не биде претесно поставена, бидејќи на тој начин се зголемува влагата и топлината кои ја оштетуваат бебешката кожа.

Бебешкото газе мијте го со млака вода и нежна памучна крпа или памук. Пред да ја ставите пелената почекајте добро да се исуши.

Бебето оставете го понекогаш со голо газе. Посебно преку лето, можете да го оставите да си игра без пелена.

Не го бањајте детето предолго или во претопла вода.

За нега на детската кожа, важи правилото: малку е многу. Немојте да ставате заштитна крема во дебел слој, бидејќи на тој начин ја спречувате детската кожа да дише. На некои бебиња заштитна крема не им е потребна. Ако сепак употребувате крема, нека бидат тоа заштитни креми кои содржат во својот состав против воспалителни состојки, како што се алантоин, екстракти од камилица или невен, пантенол или витамин Е. Бидете внимателни при изборот на кремите, бидејќи некои бебиња не поднесуваат дел од составот, како што се парфеми или вметнати бои.

Ако сте излезени некаде или сте на пат, веројатно за нега на газето употребувате влажни марамчиња. Доколку употребувате марамчиња со додатно масло, крема не ви е потребна, а ако употребувате марамчиња без масло во нив, можете по бришењето на газето да го намачкате и со заштитна крема. Внимавајте марамиците да бидат без додаден алкохол, парфем и конзерванс.

 Кога газето е веќе воспалено најмногу помагаат кремите кои во својот состав имаат цинк оксид. Доколку доите неколку дена избегнувајте киселкасти производи како што е портокалот.

 Осипот би требало да се повлече од три до пет дена. Во случај на дијареа може да потрае нешто подолго. Ако осипот не можете да го излечите и приметите меурчиња и црвени флеки, посетете педијатар. Може на оштетената кожа се развиле бактерии, кои по користење на соодветна крема брзо се губат.

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Што треба да избегнувате по царскиот рез?
Иако овие работи може да ви изгледаат едноставни, тие всушност можат да предизвикаат напор кај вас и треба да се избегну...
5
Најслатко решение за смирување на кашлица
Уште една причина повеќе за почесто да јадете чоколадо е неодамнешното истражување на Британскиот национален здравствен...
4
Наградена приказна: Прво искуство со доење
Многу нешта би можеле да се научат од нечија приказна од доење.Тука можете да ги најдете сите потешкотии со доењето, сит...
4
Бебе од 12 месеци
Поминаа цели 12 месеци. Доаѓа возбудливо време за вашето бебе исполнето со многу љубопитност за откривање нови вештини, ...
3




Анкета

Филмови за возрасни.
пеперутка16

Дали сакате да гледате „филмови за возрасни“?