Jeca во 12:19
на тема RE: Трудници, што јадевте денес?
Се чувствувате поинаку? Време е да направите тест за потврдување на бременоста.
Бремени сте веќе цел месец. Нивото на труднички хормони расте. Освен мачнина, бременоста ја следат и други симптоми: набрекнати гради, темни брадавици, лош метаболизам, гасови, често мокрење...
Ембрионот оваа недела, од темето на главата до тртката, е долг од 4 до 6 мм. Тоа значи дека за една недела пораснал скоро 4 мм!
Дали сте свесни дека сте бремени цел месец? Нивото на труднички хормони расте, затоа утринските мачнини секој ден се полоши. Иако се викаат утрински, можат да се појават во текот на целиот ден, па дури и навечер или во текот на ноќта. Со нив обидете се да се борите со правилно распоредени оброци во текот на целиот ден. Оброците нека бидат помали и урамнотежени. И уште еден мал совет: во текот на ноќта имајте покрај вас неколку бисквити. Пред да станете наутро, полека изедете ги. Желудникот така ќе има работа и можеби ќе успеете да го излажете да заборави« на мачнината.
<
Повеќе
Ова е уште една многу напорна недела во развојот на ембрионот. На крајот на оваа недела, од темето на главата до тртката, ембрионот ќе биде цели 4 до 6 мм. Тоа значи дека за една недела можел да порасне приближно 4 мм!
<
Повеќе
Ако идната мајка припаѓа на оние трудници кои во почетокот на бременоста почесто се во тоалет и повраќаат, можеме да кажеме дека со неа патите и вие. Не е лесно да гледате од страна, а да знаете дека не можете да помогнете. Но, сепак можете. Помогнете и околу секојдневните обврски, донесете и чаша вода или што ќе посака. Малите знаци на внимание, чуда прават.
<
Повеќе
Никако немојте да се откажете од »нетрудничките« маици кои на единствен начин го нагласуваат растењето на стомакот. Без разлика на неговата големина.
забава Бремените
Автор: bobik
Зошто е важна хидратацијата за здравјето?
Водата е еден од најважните предуслови за правилно функционирање на ор...
Совети за полесен живот и подобро ментално здравје
Секојдневието често носи многу обврски, очекувања и предизвици, поради...
Како правилно да се туширате за здрава и негувана кожа?
Туширањето е важен дел од секојдневната хигиена, но начинот на кој го ...
Што е AMH хормон и што ни кажува?
Кога жената планира бременост или сака да дознае повеќе за своето репр...
Како функционира апликацијата за следење на овулацијата
Апликациите за следење на овулацијата им помагаат на жените подобро да...