Jeca во 12:19
на тема RE: Трудници, што јадевте денес?
Вашето дете е големо колку зрно ориз. Голем човек!
Веќе во првата недела можете да добиете или дури и да изгубите неколку килограми. И едното и другото е сосема нормално, секако под услов редовно и здраво да се храните. Сега не е време за диети, бидејќи на плодот му е потребна разновидна исхрана и редовни оброци, за правилен раст и развој!
Плодот од темето на главата до тртката е долг од 7 до 9 мм. Приближно како зрно ориз!
Некои трудници, кога наутро ќе се погледнат во огледало, се чувствуваат како тинејџерки. Подивените хормони предизвикуваат нечиста кожа и појава на акни. Само без грижа, доколку не се изгубат по првото тромесечје, ќе се изгубат после породувањето. Добра утеха, нели?
<
Повеќе
Плодот од темето на главата до тртката е долг од 7 до 9 мм. Приближно колку зрно ориз! Вашето дете наскоро ќе може да ви мафне, бидејќи веќе има развиени дланки, само уште прстите го чекаат својот момент. Надворешните полови органи се веќе развиени, но само во форма на генитален гребен, затоа толку рано не можете да знаете дали ќе имате ќерка или син. Во овој период се создава носната празнина, почнува да се развива мозокот, очите и цревата. Бронхиите се развиваат во белодробни крила, а срцето веќе има две комори.
<
Повеќе
Дали сеуште знаете што е тоа сексуален живот?
<
Повеќе
Со физичка активност погрижете се да не качите премногу килограми на вашето тело. Ако знаете уште некоја трудница, заедно одберете термин за вежбање. Распрашајте се за организирано вежбање кај гинекологот, бидејќи во школата за родители често се организираат физички активности под стручен надзор. А полесно да почнете нека се погрижи идниот татко кој ќе ви купи нови тренерки.
забава Бремените
Автор: bobik
Како да се подготвите за спермограм?
Спермограмот е едноставен тест, но подготовката за него прави огромна ...
Кукањето, плачењето и викањето се нормален дел од детскиот развој, осо...
Позиции на лежење на бебето по месеци
Во првите месеци од животот, положбата во која лежи бебето е многу важ...
Поддршката за доењето треба да започне во бременоста
Многу идни мајки веруваат дека доењето е нешто што започнува дури по р...
Бременоста е период кога многу жени стануваат повнимателни за сe што в...