Jeca во 12:19
на тема RE: Трудници, што јадевте денес?
Асоцијација на бременост? Во оваа недела мачнини, секако.
Мачнината е една од најчестите знаци, а настанува поради хормонот HCG (Human chorionic gonadotropin) кој се појавува во бременоста. Овој хормон ја поттикнува штитната жлезда да лачи поголема количина на тироксин, кој е задолжен за регулирање на метаболизмот. Оваа недела е период на интензивен развој на органите и ткивата на ембрионот.
Еден од најинтересните знаци на бременоста е постојаната поспаност на идната мајка. Веќе се прозевате? Па што тогаш правите пред компјутер? Право во кревет! За убав сон никогаш не е доста!
<
Повеќе
Неверојатно, но вистинито! Зачетокот од 5. недела па натаму се вика ембрион и во овој период почнува интензивен развој на органите и ткивата. Секој момент ќе почне да чука и срцето! Оваа недела може при ултразвучниот преглед да се види на кој крај е главата на ембрионот. Фолната киселина која сеуште редовно ја земате ќе се погрижи кичмениот канал, кој во оваа недела почнува да се затвора, правилно да се развие.
<
Повеќе
За време на радоста додека го очекувате новиот член на семејството очекувајте промеливо расположение од идната мајка. Повеќе пати ќе се случи да бидете криви за се. Не земајте го тоа при срце, што поладно ги поднесувате овие емотивни испади, толку побрзо ќе престанат.
<
Повеќе
Ако ве мачи лошо расположение или сте само бескрајно уморни, немојте да имате грижа на совест. Одвојте време само за себе. Одете рано во кревет, одмарајте, разгалете се, накратко уживајте. И не заборавајте да го исклучите мобилниот телефон. Светот може да почека.
забава Бремените
Автор: bobik