Jeca во 12:19
на тема RE: Трудници, што јадевте денес?
Единствено вашето тело знае дека сте бремени.
Ако на крај од оваа недела направите тест за потврдување на бременоста , сигурно ќе покаже и втора црта, црта на животот. Честитаме на сите кои овој резултат го очекувале, односно силно го посакувале, а посебно честитки за оние кои цртата ги погоди како гром од ведро небо!
А да не дојде до забуни, две црти значи: БРАВО ТАТО! БРАВО МАМА!
Додека вие ја чекате менструацијата, вашето тело веќе знае дека се случува нешто важно! Ако на крај од оваа недела направите тест за потврдување на бременоста, сигурно ќе покаже и втора црта, црта на животот. Честитаме на сите кои овој резултат го очекувале, односно силно го посакувале, а посебно честитки за оние кои цртата ги погоди како гром од ведро небо! Почнува прекрасен, но и посебен период во вашиот живот! Во аптека можете да купите повеќе различни брзи тестови за потврдување на бременоста на основа на хормонски гонадотропин, хормон кој трудниците го лачат во урината. Така настанува таа тајновита втора црта која можете да ја видите на малиот прозорец од тестот кој сте го ставиле во урина. Некои тестови се почувствителни од други, затоа не е добро тестот да го направите првиот ден откако ви доцни менструацијата или на попладневна урина. Ако брзиот тест е негативен, докторите препорачуваат да се повтори по една недела.
<
Повеќе
Во оваа недела оплодената јајце клетка достигнува должина 0,1 милиметар, го завршува својот пат низ јајцеводот и стигнува до матката. Таму бара најсоодветно место и се вгнездува во меката слузокожа која еден месец се подготвувала за нејзиното доаѓање. Дури пред вгнездувањето ембрионот поради клетките кои се делат и стануваат многубројни, се преобликува во меур кој се нарекува бластоциста чиј радиус изнесува 0,2 мм.
<
Повеќе
Подгответе се за голем настан - направете го и прочитајте го тестот за потврдување на бременоста! Всушност идната мајка ќе го направи, а вашата задача е да го прочитате резултатот и правилно да изреагирате на него. На првиот, вториот и третиот тест! Сите ќе покажат исто: создадовте нов живот!
Повеќе
По одењето на гинеколог, вие и идниот татко дозволете си ден по ваш вкус. Правете го она што најмногу ви одговара, со природен сок наздравете за членот кој треба да пристигне, одете во театар или на концерт. И кино е добра идеја, а можеби добро ќе ви дојде и разгледување на излози со детска облека и опрема.
забава Бремените
Автор: bobik
Што значи кога ќе пукне водењакот?
„Пукна водењакот“. Реченица која многу идни мајки ја замислуваат како ...
Кога детето треба правилно да ги изговара сите букви?
„Дали е нормално моето дете сe уште да не го изговара правилно Р?“ или...
Невидливиот товар на чекањето бременост
За некои парови, желбата за бебе започнува со возбуда, планови и убави...
Што може да влијае на терминот на породување?
Кога ќе го дознаете очекуваниот термин, природно е да почнете да ги бр...
Закана од предвремено породување
Предвременото породување е породување што започнува пред навршени 37 н...