Jeca во 12:19
на тема RE: Трудници, што јадевте денес?
Додека вие ја чекате менструацијата, вашето тело веќе знае дека се случува нешто важно! Ако на крај од оваа недела направите тест за потврдување на бременоста, сигурно ќе покаже и втора црта, црта на животот. Честитаме на сите кои овој резултат го очекувале, односно силно го посакувале, а посебно честитки за оние кои цртата ги погоди како гром од ведро небо! Почнува прекрасен, но и посебен период во вашиот живот! Во аптека можете да купите повеќе различни брзи тестови за потврдување на бременоста на основа на хормонски гонадотропин, хормон кој трудниците го лачат во урината. Така настанува таа тајновита втора црта која можете да ја видите на малиот прозорец од тестот кој сте го ставиле во урина. Некои тестови се почувствителни од други, затоа не е добро тестот да го направите првиот ден откако ви доцни менструацијата или на попладневна урина. Ако брзиот тест е негативен, докторите препорачуваат да се повтори по една недела.
Со среќата или изненадувањето поради двете црти, веќе почнуваат да се јавуваат и првите знаци на бременост. Чувство на замор, промена на расположението, често одење во тоалет, осетливи и напнати гради укажуваат на постоење на нов живот.
Овде треба посебно да се нагласи дека првите три месеци се најважни и истовремено најкритични за развој на ембрионот, затоа понудете му здрав почеток.
Поголемите оштетувања на плодот настануваат на самиот почеток од бременоста, затоа ви препорачуваме да се ставите себе и своето тело на прво место!
Најдобро за вас е да ги исфрлете цигарите, алкохолот и останатите дроги, ограничете го конзумирањето на кафето и разните стресови, пред се психичките, но и физичките.
Ако нешто ве загрижува, никако не го одложувајте одењето на доктор!
Плод во 4. недела
Тато во 4. недела
Слични артикли:
Претходна недела: 3. недела
Следна недела: 5. недела
Што ми треба за новороденче?
Исхрана за трудници
Во очекување на детето
Бременост и породување
Двојки, тројки, четворки
Породилиште
Спонтан абортус
Вежбање
Форуми за бременост
забава Бремените
Автор: bobik
Цвеклото е коренест зеленчук кој лесно може да стане дел од балансиран...
Што да направите кога детето е мета на исмејување?
Кога детето ќе стане мета на исмејување, навредување или потсмевање, р...
Како да знаете дека пелената е вистинската големина?
Изборот на вистинската големина на пелена е важен за удобноста на бебе...
Чести причини за будење навечер кај децата
Ноќното будење е многу често кај бебињата и малите деца. Некои деца се...
Како да го пронајдете вашиот реален ден на овулација?
Овулацијата не се случува секогаш на истиот ден од циклусот. ...