Мамма во 18:19
на тема Песнички на македонски
Ако здраво се храните и избегнувате внесување на нездрави додатоци во исхраната, не оптеретувајте се со бројките кои ги покажува вагата. Кога сме веќе кај просекот: просечна трудница во првото тромесечје секој месец добива по 0,5 – 1 кг.
И за крај уште еден совет: никогаш не слушајте ги приказните со кои ќе ве убедуваат дека трудницата мора да јаде за двајца! Вистина е дека на идните мајки потребни им се нешто повеќе калории, но само 300 до 500 дневно! А тоа не е толку многу колку што изгледа. Енергетската вредност на одредени продукти можете и сами да ја пресметате. Матката е сега со големина на помал грејфрут. Поголемиот дел од идните мајки се чувствуваат подобро, мачнините се појавуваат се поретко и поретко, а и заморот полека се губи. За жал, тоа не важи за сите трудници, кај некои мачнината ќе ги следи до крајот на бременоста.
Меѓу 11. и 14. недела од бременоста можете да се одлучете за ултразвучен тест за откривање на неправилен хромозомски развој на плодот со мерење на нухалната бразда. Тој е основен, светски признат и докажан преглед за откривање на трисомија 21, 18 и 13 , како и многу развојни неправилности. Гинекологот кој го прави овој преглед, мора да има посебна лиценца и со помош на ултразвук да потврди дали постои зголемен ризик да се роди дете со хромозомски пореметувања. Треба прецизно да се измери нухалната бразда - собирање на течност во поткожното ткиво позади вратот и грбот на плодот. Посебно внимание се посветува на лицето и носната коска: ако таа во оваа недела од бременоста се гледа, тоа е многу добар знак дека хромозомскиот развој на плодот е нормален. Потоа се прегледува и телото на плодот, дел по дел, и се откриваат евентуални неправилности во развојот. Тогаш конечно се потврдува или повторно се одредува предвидениот термин за породување и должината на бременоста.
Нухалната транслуценција (бразда) е зголемена кај 80 % од плодовите со Даунов синдром, односно трисомија 21.
Резултатот од испитувањата претставен е во однос 1 : Х и доколку ризикот да се роди дете со хромозомско пореметување изнесува 1: 300 или повеќе, на идната мајка и се препорачува советување со одреден гинеколог за понатамошните дијагностички процедури.
Здравственото осигурување за овие испитувања не припаѓа во испитувањата кои се покриени од основно здравствено осигурување. Трудниците помлади од 35 години мораат сами да го платат. Ако мајката е постара од 35 год. тогаш Фондот за здравство целосно ги покрива трошоците за испитување на Даунов синдром. Но секако треба да се добие комисиско одобрување. Во некои случаеви поради фамилијарен случај на Даунов синдром можат да одобрат и на помлади од 35 год. Исто така од 35 години па натаму, поради зголемениот ризик од хромозомско пореметување трудницата може да се одлучи за друг вид на испитувања како: биопсија на хорионските ресички или за амниоцинтеза. Овие два теста имаа 100 % сигурност, па без грешка ги потврдуваат хромозомите односно неправилностите кај плодот, но го зголемуваат ризикот од абортус. Биопсија на дел од постелката, односно хорионските ресички се прави во 13 недела, а амниоцинтеза (земање на плодова вода со тенка игла низ стомакот на трудницата) во 16 недела. Конечните резултати се готови за 2.5 недели. За испитувањата можете да побарате и на форумот.
СОВЕТ: Идните мајки бараат информации за бременоста, читаат книги, списанија, пребаруваат по интернет. Може да се каже дека понекогаш се и премногу информирани и поради силната желба да ја запознаат бременоста, сакаат да знаат се и уште многу повеќе поради што се грижат за работи кои воопшто не се толку важни. Наш совет е да го задржите критичниот однос кон информациите кои ќе ги пронајдете и бидете свесни дека форумите на интернет на кој си разменуваат мислења и искуства идните мајки не можат да заменат стручен совет. Дружењето на форумите е многу пријатна работа, додека не сватите дека се дружите со мамички, а не гинеколози и други стручни лица. Можеби е баш сега добар момент да одите на форум.
Плод во 11. недела
Тато во 11. недела
Слични артикли:
Тродимензионално ехо
Претходна недела: 10. недела
Следна недела: 12. недела
Што ми треба за новороденче?
Исхрана за трудници
Во очекување на детето
Бременост и породување
Двојки, тројки, четворки
Породилиште
Спонтан абортус
Вежбање
Форуми за бременост
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Правилна грижа за забите во училишна возраст
Стоматолошката грижа за децата на училишна возраст може да биде многу ...
Што да јадат децата за да имаат здрави заби?
Сите сме слушнале дека млекото гради силни коски. Но, дали знаевте дек...
Вештачката интелигенција ги управува апаратите во домот
Паметен дом (Smart Home) е концепт во кој сите главни апарати за домаќ...
Твори - Читај - Биди хуман - Проект на Софија Петковска
ТВОРИ – ЧИТАЈ – БИДИ ХУМАН е проект кој под водство на Софија Петков...
Дренвин - Извонреден природен помошник против целулитот
За Дренвин, имаме неколку анонимни изјави од луѓе кои го користеле про...
Носот.
пеперутка16
Како го чистите носот на малите деца?